Свет
Захарова: Западната коалиција мора да сноси одговорност за кампањата во Ирак

Молчењето за злосторства извршени од Западната коалиција во Ирак е недозволиво и одговорните мора да бидат изведени пред лицето на правдата, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на брифингот за новинарите во четвртокот, пренесува ТАСС.
Таа посочи на неодамнешната изјава на британскиот директор на Управата за истраги во службата, кој рече дека сите истраги и гонење на британскиот воен персонал за злосторства што можеле да ги извршат во текот на годините на воената кампања во Ирак ќе бидат завршени за неколку недели.
Захарова рече дека е крајно нејасно зошто треба да се прекине истрагата за специфични инциденти и факти.
„Важно е да се спречат злосторствата извршени од Западната коалиција во Ирак, да не се туркаат под тепих и да се изведат одговорните пред лицето на правдата“, рече Захарова.
„Периодов посебен момент добива кампањата за истрага на причините за пандемијата на коронавирусот и некои земји се обвинети и спомнати со имиња. Секако, сето тоа се прави на солидна политичка основа.
Зошто да не се направи истото тоа во однос на настаните во Ирак што се случуваа со години? Има толку многу докази. Толку многу луѓе, вклучително и цивили од суверена држава, ги загубија животите. Зарем не е вистински момент да се изведат пред лицето на правдата некои претставници на Западната коалиција? “, зараша таа.
Захарова посочи дека изјавата на толку висок британски функционер е јасен доказ оти Лондон е решен да скрие многу примери на срамно однесување од страна на британските трупи во Ирак. Според неа, има регистрирано 3.500 вакви инциденти.
„Овие се најсрамните страници што се запишани засекогаш во историјата на вооружените сили на Нејзиното Височество“, рече Захарова додавајќи дека политиката на Лондон треба да биде осудена од светската заедница за човекови права.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Жестоки судири на авганистанско-пакистанска граница

Жестоки судири синоќа избувнале на границата меѓу Пакистан и Авганистан, откако талибанците извршиле напад врз пакистански воени пунктови, јавуваат светските медиуми.
Екслацијата, како што пишува „Гардијан“ повикувајќи се безбедносни претстаници од двете земји, доаѓа по воздушниот напад што пакистанските сили го извршија оваа надела. Силите на талибанскиот режим во Авганистан, како одмазда вчера почнале со напади врз пакистанските трупи долж границата, тврдејќи дека зазеле два гранични пункта во јужната провинција Хелманд, информација што ја потврдиле локалните власти.
Пакистанските безбедносни претставници ги потврдиле судирите со талибанците на неколку гранични локации, наведувајќи дека нивните сили возвратиле енергично.
„Вечерва, талибанските сили почнаа да пукаат кон неколку гранични точки. Ние возвративме со артилерија на четири локации по должината на границата. Нема да толерираме никаква агресија од авганистанските талибанци на нашата територија. Пакистанските сили одговорија со силен оган, ефикасно таргетирајќи неколку авганистански гранични пунктови“, изјавил претставник на пакистанската влада за „Гардијан“.
Пакистанската армија, како што се наведува, употребила артилерија, тенкови, како и лесно и тешко оружје во своите контранапади.
Ескалацијата доаѓа откако во четвртокот беа пријавени две експлозии во авганистанскиот главен град Кабул и уште една во југоисточен Авганистан. Министерството за одбрана, управувано од талибанците, го обвини Пакистан за кршење суверенитетот на земјата во врска со овие два напади.
Свет
Трамп утре ќе се сретне со семејствата на заложниците кои ги држи палестинската милитантна група Хамас

Американскиот претседател Доналд Трамп утре изутрина ќе се сретне со роднини на заложниците кои ги држи палестинската милитантна група Хамас, по што ќе одржи говор во Кнесетот.
Белата куќа соопшти дека Трамп ќе отпатува во египетското одморалиште Шарм ел-Шеик подоцна утре на „мировна церемонија за Блискиот Исток“ по повод договорот што го посредуваше меѓу Израел и Хамас.
Според распоредот на Белата куќа, „Ер форс уан“ треба да тргне од Вашингтон денеска попладне и да слета во израелскиот крајбрежен град Тел Авив утре во 9:20 часот по локално време.
Потоа се очекува Трамп да одржи говор во Кнесетот, израелскиот парламент, во 11 часот, по средбата со семејствата на заложниците во рамките на Кнесетот.
Во 13 часот американскиот претседател ќе отпатува за Египет, со пристигнување во Шарм ел-Шеик во 13:45 часот. Мировната церемонија е планирана да почне во 14:30 часот, според распоредот.
Се очекува Трамп да замине подоцна истиот ден и да се врати во Вашингтон.
Свет
Израел ќе го насочи фокусот кон уништување на тунелите во Газа

Министерот за одбрана на Израел, Исраел Кац, изјави дека и наредил на израелската армија (ИДФ) да се подготви за уништување на сите тунели на Хамас во Појасот Газа.
– Главниот предизвик за Израел по фазата на враќање на заложниците ќе биде уништувањето на сите терористички тунели на Хамас во Газа – директно од страна на ИДФ и преку меѓународен механизам што ќе се воспостави под водство и надзор на САД, напиша тој на Х.
– Ова е основното значење на спроведувањето на договорениот принцип за демилитаризација на Газа и разоружување на Хамас, изјави Кац, додавајќи дека „и наредил на ИДФ да се подготви за извршување на задачата.“
Не е јасно како ИДФ ќе ги уништи тунелите на Хамас во деловите на Газа што не се под контрола на армијата според договорот за прекин на огнот.