Економија
Која е маркетинг-професијата на новото време?

Пишува Габи од LeanSEM
Во последниот период слушаме многу за „падот“ на Маркетингот во Македонија. Дефинитивно сите индустрии се менуваат, па така и нашата. Во LeanSEM работиме со некои од најконкурентните компании од Силиконската Долина, односно со над 50 од нив. Со тоа имаме можност од прва рака да видиме во која насока се развива светот на дигиталниот маркетинг.
Денес, повеќе од кога било, се бараат резултати. Компаниите ги зголемуваат буџетите за дигитален маркетинг на сметка на сите други маркетинг гранки. Тоа е поради три клучни причини: 1. Маркетингот на Гугл и Фејсбук (па и сите други дигитални маркетинг канали) се мерливи. Знаете колку добивате за парите и секој вложен долар го насочувате кон резултати; 2. Сега сите се онлајн. Базата на корисници на онлајн платформите постојано расте. Ако до вчера овие медиуми беа нарекувани „нови медиуми“, денеска тие се водечки. Во новото време една компанија може совршено да работи без канцеларија, но потешко ќе преживе без онлајн присуство; 3. Кризата со Covid-19 и социјалното дистанцирање не „натера“ сите да бидеме многу повеќе онлајн. Една од „последиците“ од кризата, иако според нас ова е позитивна последица — е дигитализацијата. Онлајн купувањето, пребарувањето и информирањето станаа дел од нашето секојдневие, речиси преку ноќ.

Основачот на LeanSEM – Ненад Молеровиќ на all web конференција
Сите овие причини одат во полза на растот на LeanSEM и на нашите клиенти, па дури и во овие (не)времиња. Ние работиме маркетинг, претежно на Google и Facebook и управуваме со буџетите на нашите клиенти наменети за овој тип на рекламирање. Станува збор за големи проекти на какви ретко кои дигитални маркетинг агенции во Македонија можат да работат. Пазарите исто така се дијаметрално различни. Поради континуираниот раст, константно сме во потрага по нови членови на тимот. Ни требаат луѓе фокусирани на резулатати, кои со жар ќе ги креираат, анализираат и подобруваат кампањите на клиентите, секој ден.
Повеќе не постои работа од 8 до 4, барем во светот на дигиталниот маркетинг. Ние се натпреваруваме со конкуренција на светско ниво, со најдобрите компании во областа и тоа значи дека (PPC) маркетингот ни е стил на живот. Профилите на луѓе кои ги бараме сакаат да работат со најдобрите компании, но и самите сакаат да постигнат најдобри резултати. Затоа, како што расте компанијата, така растат и вработените во LeanSEM. Ретки се компаниите (агенциите) каде доколку донесете резултати може и 5пати да ви порасне платата, во само 1 година. Сè зависи од самиот вработен и разултатите кои ќе ги донесе. Токму затоа Тимот на LeanSEM е причината за успех на нашата маркетинг агенција.

Тимот на LeanSEM на „петочко“ Zoom дружење
Во тимот на LeanSEM имаме свои LeanSEM вредности кои ги имаат сите вработени, и доколку се пронајдете во нив, аплицирајте за отворените позиции. Едвај чекаме да ги запознаеме нашите нови колеги, но и да му покажеме на светот дека и една македонска компанија може да „игра“ во прва лига кога е дигиталниот маркетинг во прашање.
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Концесијата за „Пискупштина“ во Струга еднострано раскината

На последната седница, Владата, на предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, еднострано ја раскина концесијата за рудникот за експлоатација на јаглен на локалитетот „Пискупштина“ во Струга. Истовремено, констатиран е престанок на важењето на уште четири концесии кои се истечени.
Од Министерството информираат дека одлуките следат по сериозни пропусти на концесионерите во исполнувањето на законските обврски.
Во случајот „Пискупштина“, инспекцискиот надзор утврди дека концесионерот вршел експлоатација надвор од дозволеното поле, што претставува директно прекршување на договорот и законот. Жалбите од жителите на селото Пискупштина доведоа до детален инспекциски надзор од страна на Државниот инспекторат за енергетика и рударство, кој ја потврди неправилноста.
Ова е втора еднострана раскината концесија за само неколку недели. Претходно беше донесена одлука и за раскин на концесијата за експлоатација на варовникот „Лавинчеви“ во Општина Гази Баба.
Компанијата не обезбедила минимална експлоатација од 20% – односно 25.000 тони годишно – и за три години практично нема активност, а не е исплатен ниту концесиски надоместок. Долгогодишниот прекин на активностите и непочитувањето на законските обврски беа потврдени со вонреден инспекциски надзор.
„Министерството и Владата испраќаат јасна порака: секое несовесно користење на природните ресурси ќе се санкционира, а заштитата на јавниот интерес и безбедноста на граѓаните е приоритет. Сите надлежни институции се известени за понатамошни мерки, а одговорното и одржливо управување со природните ресурси останува стратешка цел на државата. Владата и Министерството нема да толерираат несоодветно користење на природните ресурси, а здравјето и безбедноста на граѓаните остануваат на прво место“, нагласи министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.
Економија
Топ-5 начини за паметно штедење преку осигурување

Колку пати сте си рекле „од утре ќе почнам да штедам“ – но утрешниот ден никогаш не дошол? Кога зборуваме за паметно штедење, повеќето луѓе мислат на штедна книшка или депозити во банка. Но, паметното штедење не се сведува само на одвојување средства, туку на создавање сигурност.
Осигурувањето е тивкиот херој на финансиското планирање, тоа е начин да заштедите, додека истовремено се заштитувате од ризици. Склучувањето осигурување е повеќе од трошок, тоа е стратегија.
Се работи за создавање сигурност, стабилност и заштита. Ви ги претставуваме најдобрите 5 начини за паметно штедење преку осигурување.
Минт Инс – Паметно штедење преку осигурување
Штедењето не е само одвојување средства на страна, тоа е и создавање сигурност, стабилност и долгорочна финансиска заштита. Во Минт Инс, како осигурително брокерско друштво посветено да им помогне на клиентите преку соработка со осигурителните компании, ние гледаме на осигурувањето како на најдобрата долгорочна инвестиција во финансиска сигурност и штедење.
1. Комбинирајте животно осигурување со штедење – двојна заштита
Првиот и најмоќен чекор кон паметно штедење е животното осигурување. Тоа не е само финансиска заштита, тоа е начин да се грижите за вашите најблиски, и истовремено да создавате акумулирана вредност со тек на време.
Со Минт Инс животно осигурување, дел од секоја уплата оди во штедна компонента, која расте со годините. На тој начин, не само што го заштитувате семејството во непредвидени ситуации, туку градите личен капитал што може да ви послужи подоцна во животот.
2. Здравствено осигурување – штедење преку превенција
Како што спомнавме, паметното штедење не е само одвојување средства, туку и олеснување на непредвидливите трошоци. Здравственото осигурување го овозможува токму тоа.
Наместо да плаќате големи суми при непредвидена болест или несреќа, со полиса за здравствено осигурување плаќате месечна премија и добивате пристап до квалитетна грижа кога најмногу ви треба.
Со здравствено осигурување од Минт Инс, избегнувате непотребен ризик. Наместо да плаќате вртоглави суми во момент на потреба, осигурувањето ви ги олеснува тие трошоци. Тоа е вистинско паметно штедење: вложувате денес за да заштедите утре.
3. Осигурување на имотот – заштитете го она што сте го создавале со години
Штедењето не значи само собирање пари, туку и заштита на она што веќе го имате. Со осигурување на домот, автомобилот или деловниот простор, го намалувате ризикот од неочекувани финансиски удари.
Ова е еден од најпрактичните начини за паметно штедење, бидејќи дури и мал настан (поплава, пожар или кражба) може да предизвика големи трошоци.
Минт Инс нуди пристап до флексибилни пакети со кои можете да ја осигурате својата имотна вредност и да бидете сигурни дека вашите заштеди нема да се трошат на непредвидени поправки и штети.
4. Осигурување од Авто одговорност – безбедност што се исплаќа
Автомобилот е секојдневна потреба, но и одговорност што бара сигурност. Со Минт Инс осигурување од автоодговорност, не само што го заштитувате вашето возило, туку и вашите финансии.
Во случај на несреќа, дефект или штета, осигурувањето ги олеснува непланираните трошоци и ви овозможува заштитна мрежа. Тоа е суштината на паметно штедење, да не дозволите неочекуваните ситуации да ви ја нарушат финансиската стабилност.
5. Комбинирани пакети – максимална вредност, минимален ризик
Најдоброто паметно штедење се постигнува со комбинација на различни типови осигурување. Со комбинирани пакети, можете да поврзете повеќе видови на осигурувања, при што добивате поповолни услови и поширока заштита.
На овој начин, ја зголемувате ефикасноста на секоја уплата, ги минимизирате ризиците и добивате поголема сигурност.
Зошто паметното штедење преку осигурување е вистинскиот избор?
Бидејќи осигурувањето не е само заштита – тоа е финансиски план кој ве учи на дисциплина, планирање и стабилност. Со Минт Инс, секое финансиско средство што го вложувате работи за вас, создавајќи иднина без стрес и неизвесност.
Со Минт Инс вие:
· Вложувате во сигурност.
· Добивате финансиска стабилност.
· Градите мирна иднина за вас и вашето семејство.
Подгответе се за иднината – започнете со паметно штедење денес
Октомври е вистинскиот момент да направите промена што ќе се исплати долгорочно. Со Минт Инс осигурување, ќе го претворите секој ден во инвестиција во мир, сигурност и стабилност.
Започнете ја вашата финансиска иднина со паметно штедење преку осигурување од Минт Инс. Контактирајте нè денес на 15 107, на емаил [email protected], или во нашите филијали, и нашиот тим ќе ви помогне да ја откриете понудата што најмногу одговара на вашите потреби.
(ПР)
Економија
Димитриеска-Кочоска учествува на годишните средби на ММФ и на Светската банка во Вашингтон

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска од денеска ќе престојува во работна посета на САД, каде што ќе учествува на редовните Годишни средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, коишто се одржуваат оваа недела во Вашингтон.
Посетата ќе биде можност министерката за финансии на средби со високи претставници од овие меѓународни финансиски институции да ги претстави економските и пред сѐ фискалните политики што ги спроведува Владата, напорите за фискална консолидација, за одржување макроекономска стабилност и за обезбедување одржлив економски раст. Согласно агендата, министерката ќе оствари средби со заменикот на генералниот директор на ММФ Бо Ли, извршниот директор Јерон Клик, замениците на извршните директори Марникс ван Рај и Владислав Рашкован, директорот на Европскиот оддел во ММФ Алфред Камер и шефот на Мисијата на ММФ за нашата земја Ник Гигинеишвили. Исто така, средби се предвидени и со потпретседателката на Светската банка Антонела Басани, извршниот директор на Светската банка Јуџин Ругенат, регионалната директорка за Западен Балкан, Европа и Централна Азија Шиаочин Ју и со директорката за земјава во СБ Карол Межеван.
Димитриеска-Кочоска во Вашингтон ќе има можност да оствари средби и со претставници на Трезорот на САД, со којшто е воспоставена соработка во насока на зајакнување на ефикасноста на институциите, како и со повеќе инвеститори коишто се вклучени во процесот на издавање еврообврзници.
Годишните средби на ММФ и СБ оваа година се одржуваат под мотото „Можност во време на промени“, а на нив учесниците, односно министрите за финансии, гувернери, претставници на бизнис-заедницата и на граѓанскиот сектор, академици и сл. ќе можат да се осврнат на актуелните состојби и на предизвиците во глобални рамки, како и на изнаоѓање можни решенија. На годишните средби во Вашингтон министерката за финансии учествува заедно со гувернерот на Народната банка Трајко Славески.