Спорт
Азар се вратил „како авион“ во тимот на Реал Мадрид
Еден Азар се вратил во составот на Реал Мадрид „како авион“ и е подготвен да покаже дека вредеше неговиот скап трансфер од Челси, вели поранешниот фудбалер на „кралевите“, Алваро Арбелоа.
Азар беше донесен како човек кој требаше да го замени Кристијано Роналдо на „Бернабеу“, но успеа да постигне само еден гол во 15 настапи, по што имаше незгодна повреда и мораше да паузира.
29-годишниот Белгиец сега е подготвен да започне да се наметнува во составот на Зинедин Зидан, почнувајќи од неделниот меч против Еибар, и Арбелоа, кој сега е тренер во академијата на Реал е импресиониран од тоа што го видел на тренинзите.
„Можам да замислам дека со Марко Асенсио Зидан ќе мора да биде внимателен и полека да го враќа во игра поради повредите, но за Еден Азар нема такви грижи. Тој се врати како авион и ќе ни донесе многу победи“, вели Арбелоа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
УЕФА потврди – 26 наместо 23 играчи на ЕУРО 2024
Репрезентациите кои ќе учествуваат на претстојното Европско првенство во Германија ќе имаат на располагање 26 играчи, потврди УЕФА.
Извршниот комитет на Европската фудбалска унија потврди дека е смнето правилото според кое селекторите на можеа да пријават 23 фудбалери.
Овој предлог беше поддржан претходно оваа година на состанокот на Националниот комитет за натпреварување на УЕФА.
Идејата за прв пат беше претставена на селекторскиот собир во Дизелдорф.
Оваа измена беше предложена поради згуснатиот распоред оваа сезона и ризикот од повреди.
Претставниците на Националниот натпреварувачки комитет во петокот и официјално го заверија сето она што беше претходно предложено, договорено и прифатено од мнозинството.
Европското првенство ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули во Германија.
Спорт
Клоп се жали на распоредот: Криминал е ова што ни го прават
Пренатрупаниот распоред на натпревари го натера менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, уште еднаш да проговори на оваа тема. Германецот кој си заминува од Ливерпул на крајот на сезоната застана во одбрана на своите играчи и рече дека само чека агенцијата за заштита на човековите права да интервенира во креирањето на распоредот.
„Распоредот е апсолутно луд. Не е нормално Ливерпул да игра натпревар во сабота во 12:30. Никогаш повеќе нема да ја гледам телевизијата ТНТ (го емитува овој натпревар). Мора да играме четврток, недела, среда и сабота во 12:30 часот ова што ни го прават е криминал“, изјави Клоп.
Ливерпул е тим со голем број навивачи ширум светот и затоа игра во посебни времиња, што е прилагодено на носителите на телевизиските права. Избраниците на Клоп доживеаја серија неуспеси, поради што речиси отпаднаа од трката за шампионската титула.
Спорт
Модриќ мора да се прифати два услови доколку сака да остане во Реал
Лука Модриќ има договор со Реал до крајот на сезоната и се уште не е познато каде ќе игра 38-годишниот играч за врска следната сезона. Желбата на Модриќ е да остане во Реал, но има голем број понуди од други клубови.
Капитенот на хрватската репрезентација го бараат Динамо, саудиски клубови, екипи од МЛС лигата, а се почесто се зборува и за интересот на Јувентус.
Карлос Карпио, новинар на „Марка“, откри дека Модриќ мора да прифати два услови доколку сака да остане во Реал. Мора да прифати да биде резерва и да прифати значително намалување на платата. Модриќ наводно заработува околу 20 милиони евра по сезона.
„Се сомневам дека ќе остане во Реал, но ако остане, тоа ќе биде со помала плата. Модриќ не прифати добро ниту една одлука на Анчелоти да биде резерва. Легендите никогаш не се послушни замени“, вели Карпио.
Модриќ сезонава забележа 40 настапи, два гола и шест асистенции. Хрватото во Реал пристигна во 2012 година од Тотенхем за 35 милиони евра.