Македонија
Заев на Економски форум во Делфи: Интеграцијата во ЕУ е основа за развој, сигурност и иднина на регионот
Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска преку видео-конференциска врска учествуваше на панел дискусија на престижниот Економски форум во Делфи, Грција на тема „Пристапување кон ЕУ – Кредибилитет, предвидливост и политичко водство“, заедно со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, премиерот на Албанија Еди Рама, премиерката на Србија Ана Брнабиќ и претседателот на Србија Александар Вучиќ.
На дискусијата беше потенцирана важноста на кредибилен процес за пристапување кон ЕУ како мотивација за реформи и регионална соработка.
Заев ги повтори приоритетите на Северна Македонија да се заштити здравјето, да заживее економијата и да се зајакне демократијата. Овие приоритети најдобро ќе се остварат преку брзи избори кои ќе доведат до легитимни и стабилни институции и отворен простор за решавање на сите предизвици, рече Заев.
На дискусијата беше изразена согласноста дека интеграција во ЕУ на сите држави од Западен Балкан, како и интензивната регионална соработка поставуваат основа за развој, сигурност и иднината на регионот. Продлабочувањето на економската интеграција и соработка помеѓу државите од Западен Балкан преку сите постоечки иницијативи е приоритет на сите народи од нашиот регион. КОВИД-19 кризата покажа дека само заедно ЕУ и Западниот Балкан можат да ги решаваат заедничките проблеми и да обезбедат место за нас во европското семејство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

