Македонија
Во Куманово медицински сестри и пазарни инспектори заболени од коронавирус

Три медицински сестри, еден вработен во техничката служба на Инфективното оделение во Куманово се заболени од коронавирусот.
Позитивен е и еден лекар од Куманово, но тој работи на клиниката во Скопје, информира директорот на Центарот за јавно здравје, Ариф Љатифи, за „Макфакс“. На инфективното одделение вработениот медицински персонал се тестирал на коронавирусот во изминатите 5 дена и резултатите ја покажале оваа бројка.
Меѓу заболените од коронавирусот има четворица пазарни инспектори и еден санитарен инспектор исто така од Куманово.
Заразените медицински лица и инспектори се во домашна самоизолација, додаваат од Центарот за јавно здравје.
Во првиот бран на кумановското инфективното одделение позитивни на коронавирусот беа неколку лекари, кои успешно се изборија со болеста и се вратија на работа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Како во Кочани!“ – О2 алармира за складирање отпад во штала во населена улица во Трубарево

О2 иницијатива реагираше по повод пожарот што денеска избувна во скопското село Трубарево, нагласувајќи дека местоположбата и условите каде што се складира отпадот се недозволиви и опасни.
Од иницијативата алармираат дека чадот од пожарот се шири над Скопје и дека станува збор за складиште со електронски и електричен отпад, сместено во штала во населена улица:
„Како во Кочани со дискотеката! И тоа во населена улица! Добро бе, има ли некој нормален во државава?! Има ли некој што спроведува стандарди и почитува правилници?!“, стои во реакцијата.
Тие додаваат дека жителите на Трубарево со години се жалат дека улицата им е претворена во депонија, откако носачи на отпад од различни делови на земјата го оставаат таму, загадувајќи ја средината.
Во јавноста првично беше објавено дека пожарот избувнал во капацитетите на фирмата „Нула Отпад“, но подоцна стана јасно горат објектите на Ф – ГРУПАЦИЈАТА која се занимава со електронски отпад.
Македонија
(Видео) Драматични снимки од пожарот во Трубарево кадешто горат објекти за складирање на електронски отпад

Сериозен е пожарот што избувна во Трубарево и ги зафати објектите на Ф – ГРУПАЦИЈАТА која се занимава со електронски отпад.
Претходно официјалните лица објавија дека се работи за пожар во „Нула отпад“, но информацијата ја коригираа, потенцирајќи дека нејзините објекти не се зафатени со пожар.
Засега нема информации дали има повредени и колкава штета е причинета, а според видеата може да се забележи дека се работи за интензивен пожар кој е видлив од сите делови од Скопје.
Пожарот се гасне од земја и од воздух.
Македонија
(Видео) Ангелов: Се затрупува изворот на чад во Дрисла, термални камери и патроли во Вардариште, нов пожар избувна во Трубарево

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, денеска информираше за повеќе паралелни интервенции поврзани со пожари на скопските депонии.
Во депонијата „Дрисла“, каде што изминатите денови беше присутно интензивно чадење, Ангелов посочи дека се преземени сериозни мерки:
„Направивме два пристапни земјени патишта до местото кадешто се случува чадењето. Денес, со засилен број механизација – багери, камиони, булдожери – се чисти теренот и се работи на затрупување. Очекувам добар дел од местото во текот на денот да биде целосно затрупано.“
Дополнително, побарана е нова механизација, а се отвора и нов фронт за работа за повеќе градежни машини.
Во депонијата „Вардариште“, каде што исто така имаше чадење претходните денови, ситуацијата е оценета како стабилна, но и таму продолжуваат активностите:
„Се работи на затрупување на локацијата каде што чадеше. Поставени се термални камери со цел навремено да се идентификуваат и пресретнат лица кои евентуално би се обиделе повторно да предизвикаат чадење,“ додаде Ангелов, истакнувајќи дека на терен се и засилени полициски патроли.
„Се работи за сериозен пожар. Хермелините се веќе упатени натаму, едниот од нив е веќе на пат кон Трубарево“, соопшти Ангелов. Ќе се интервенира и од воздух.