Македонија
(Видео) Николов: Македонија е на врвот во светот со најбрзо растечко ширење на Ковид-19
Македонија е на врвот во светот заедно Ирак, Либија и Суринам, како држава со најбрзо растечко ширење на Ковид 19, објави синоќа угледниот американски весник Њујорк Тајмс.
Според Њујорк Тајмс Македонија е помеѓу 7те држави каде Ковид 19 бележи најбрзо растечка прогресија во последните две недели, изјави Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Желбата за да му се задоволи и удоволи на Зоран Заев, не лекарскиот и непрофесионалниот пристап на Комисијата за заразни болести која има желба да му удоволи на Филипче не ставаат во друштво со Либија, Ирак и Суринам. Задоцнетите мерки, прераното олабавување на истите, лошиот пристап со справувањето со епидемијата од страна на удоволувачите на СДСМ не донесоа во ситуација како држава да го живееме вториот пик и тоа во јули.
Неодговорноста на двоецот Заев и Филипче, несоодветните мерки, допринесе од 1 јуни до 12 јуни да имаме зголемување на бројот на заразени за скоро 1480 наши сограѓани, бројот на активни случаи да се триплира, а бројот на починати да порасте за 38 повеќе. Имено од почетокот на дијагностицирањето на Ковид 19 во Македонија до 30 мај се регистрирани 2164, а од 1 јуни до 12 јуни дополнителни 1480 случаи.
Ова е пораз на здравствените политики и пораз за Комисијата за заразни болести, која му удоволува на Заев и Филипче и нивниот политикански, политички, а не лекарски пристап.За само 12 дена бројот на заразени се зголемил за повеќе од половина. Власта е целосно неспособна и не знае и не може да се справи со ситуацијата. Потребен е професионален и експертски пристап. Македонија тоне со СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ добивме само хибриден режим, криминал, корупција и сиромаштија“, додаде Николов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

