Македонија
(Видео) Серафимовска: Доцнат ли стипендиите за студентите со намера да се злоупотребат во изборни цели?

„Одговорност, итност и висока професионалност се клучни за правилно функционирање на институциите. Ова особено е потребно во случаи на криза кога брзината и квалитетот на услугите се неопходни и неминовни. За жал мораме да констатираме дека оваа Влада потфрли по повеќе основи токму во делот на професионалноста и одговорното работење“, изјави Христина Серафимовска, член на ИК на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ.
Според неа, како последица на тоа денес имаме доцнење на исплатата на стипендиите на студентите во моменти кога им се најпотребни. Од непознати причини доцни исплатата за последните месеци на оние студенти кои со ова право се стекнале во претходните години, но доцни и исплатата на стотици нови стипендисти.
„Дали во прашање е селективен однос при исплата на средствата и водење на политика во моменти на криза, или пак доцнењето е заради грешки во работењето на администрацијата?
Изгубени, па најдени договори? Слична е состојбата и со ветените ваучери кои беа строго наменети за покривање на трошоците за партиципација за студирање, сместување во студентските и ученичките домови и купување на домашни производи и услуги.
До овој момент нема информација кога може да се очекува исплата. Интересно е што со оваа мерка Владата заборави да ги опфати студентите од приватните универзитети, како тие да се дел од некое друго општество во кое нема криза.Потсетуваме дека на универзитетите во тек е заверката на семестар кога студентите треба да ги подмират трошоците за студирање за оваа студиска година и овие средства им се повеќе од неопходни!Бидејќи оваа Влада инсистира на одржување избори на 5 јули останува отворено прашањето дали во ваквите проекции студентите свесно планираат да ги остават без ветените средства или истите намерно доцнат за да се злоупотребат во изборни цели?“, вели таа.
Според Серафимовска, Македонија повеќе не може да трпи компромиси со криминал и корупција, како што прават СДСМ и Зоран Заев.
„ВМРО-ДПМНЕ е различно, се води од етички норми и не прави компромиси со криминалот.
Со СДСМ и Зоран Заев Македонија тоне во сиромаштија, хибриден режим, корупција и криминал. И на тоа му се гледа крајот!“, додава таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Богородица се чека околу 30 минути на македонска страна

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Аеродром и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците во околината на објектот ЕКВИЛИБРИУМ на улица Руди Чајевац, општина Аеродром;
· од 09:00 до 16:00 часот, корисниците од дел од улица Ванчо Мицков, општина Карпош;
· од 10:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улица Кнез Трпимир и населбата Трнодол, општина Карпош.
Македонија
Сончево и топло, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и малку посвежо и ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Од понеделник ќе продолжи период на стабилно, претежно сончево и топло време со пораст на температурите.