Вести
Американски муслиман доби 385.000 долари отштета поради затворање по 09/11

Американски муслиман кој бил уапсен и две седмици држен во притвор без никаква вина по терористичките напади од 11-ти септември 2001 година, ќе добие од американската влада и еден агент на Федералното биро за истраги (FBI), отштета од 385.000 долари, соопшти здружение за заштита на човековите права.
Абдула ал-Кид бил во 2003 година затворен како „клучен сведок“, што бил израз кој во САД се користел по терористичките напади од 11-ти септември, за да може да се имаат на диспозиција осомничените кои би можеле да бидат поврзани со терористичките акти.
Владата на САД, која се согласи да ја исплати отштетата, исто така, изрази во петокот „жалење“ за случајот до Абдула ал-Кид, Американец кој се преобратил во ислам, соопшти организацијата за одбрана на граѓанските слободи од Њујорк.
Ал-Кид бил 16 дена држен во целосна изолација. Бил подложен на секојдневни испрашувања и држен во тешки услови, со осветление во ќелијата кое било вклучено 24 часа за да го спречува да заспие. Исто така, потоа бил ставен под судски надзор во следните 15 месеци.
Во текот на целиот дој период ал-Кид не бил обвинет за ниедно злосторство. Никогаш, исто така, не бил повикан да биде сведок во процесот поради кој бил затворен.
„Мило ми е што владата конечни призна дека ме натера да патам и дела тоа ќе ми ко надомести. Се надевам дека никој нема да го доживее она што го преживеав јас“, изјави ал-Кид.
Организацијата за одбрана на граѓанските слободи од Њујорк соопшти оти се надева дека ова искуство ќе послужи како пример. „Процедурата ’клучен сведок’ систематски се користела по 11-ти септември“, изјави Ли Гелернт, претставник на споменатото невладино здружение./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.