Свет
Макрон прогласи прва победа над коронавирусот
„Кризата предизвикана од коронавирусот покажа колку Франција и остатокот од Европа се зависни од снабдувачките синџири од Кина и други делови на светот“, рече францускиот претседател, Емануел Макрон, во своето обраќање пред нацијата. Тој смета дека Европа треба помалку да биде зависна од Кина и САД, прогласувајќи ја „првата победа” на државата над коронавирусот.
„Ова искушение покажа недостатоци и слабости: нашата зависност од другите континенти во обезбедувањето на некои добра. Единствениот одговор е да се изгради нов, посилен економски модел и зголемување на работата и производството, така што не би биле зависни од другите“, рече Макрон во телевизиското обраќање.
Макрон најави дека ќе ги забрза плановите за отворање на државата и ќе ги ублажи воведените мерки за спречување на ширењето на вирусот.
„Војната со епидемијата не е готова, но среќен сум поради оваа прва освоена битка со вирусот“, објави Макрон, според кој рестораните и кафулињата од понеделник можат повторно да бидат отворени.
Француските власти оваа година очекуваат економијата да падне за 11 проценти, а Макрон најави дека Франција за помош на економијата ќе издвои околу 500 милијарди евра. Тој, сепак, вети дека трошоците за одржување на работењето на компаниите и вработувањето на населението нема да бидат на грбот на даночните обврзници.
Во однос на антирасистичките протести што по САД се раширија ширум светот, вклучително и Франција, која беше критикувана за лошото постапување кон своите малцинства, Макрон рече дека бојата на кожата често ги намалува можностите во Франција и вети дека ќе биде непоколеблив по прашање на каква било дискриминација.
Тој истакна дека Франција „нема да избрише никаква трага или име од своето минато“ или да „урива споменици“, осврнувајќи се на уништувањето на статуите на историски личности за кои демонстрантите тврдат дека имаат расистичко минато во земјите како САД, Велика Британија или Белгија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви
Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз што доаѓаше од спротивната насока. Полицијата се сомнева во убиство и започна истрага, а според првичните информации, сторителот и жртвата не се познавале, пишува Шпигел.
Според досегашните сознанија на полицијата, жртвата е 18-годишна девојка која чекала на перонот воз во правец на центарот на градот.
Сторителот, 25-годишен маж по потекло од Јужен Судан, стоел одвоено од неа. Во еден момент, тој одеднаш ѝ се приближил, ја зграпчил и, од сè уште непознати причини, ја влечел на шините, точно пред возот што влегувал во станицата. Двајцата починале на местото на несреќата.
Свет
46 жртви во железничката несреќа во Шпанија
Смртта на 43-годишна жена која била на одделот за интензивна нега во болницата Реина Софија во Кордоба го зголеми бројот на жртви во железничката несреќа кај Адамуз, која се случи на 18 јануари, на 46, соопштија владини извори.
Дваесет и осум од вкупниот број жртви биле од провинцијата Уелва, пренесе „Паис“.
Жртвата, жителка на Ла Палма дел Кондадо, била меѓу патниците на возот Алвија од Мадрид. Во моментот на несреќата се враќала по полагање испит за затворски чувар. По несреќата била на интензивна нега поради сериозни проблеми со белите дробови.
Од вчера, 16 од 126-те повредени патници и понатаму се во болниците во Андалузија, од кои двајца се на интензивна нега. Андалузиската здравствена служба извести за уште едно отпуштање од болница и за еден пациент кој го напуштил одделот за интензивна нега.
Поради смртта на најновата жртва, шпанската влада одлучи да ја одложи државната комеморација закажана за денеска. Шпанскиот премиер Педро Санчез вети дека државата ќе продолжи со истрагата и ќе им дава поддршка на семејствата погодени од трагедијата.
Свет
Пак загинати во израелски напади во Газа
Најмалку 12 Палестинци утрово загинаа во израелски напади на јужниот и северниот дел на Појасот Газа, соопштија болниците во Газа.
Ова е еден од израелските напади со најголем број жртви откако стапи во сила примирјето во Појасот Газа на 10 октомври.
Во нападите се погодени локации на северот и југот на Појасот Газа, вклучувајќи станбена зграда во градот Газа и шатор во Кан Јунис, рекле официјални претставници на болниците. Тие навеле дека меѓу жртвите има две жени и шест деца.
Министерството за здравство на Газа, кое е под контрола на Хамас, соопшти дека повеќе од 500 Палестинци се убиени во израелски напади од почетокот на примирјето на 10 октомври.

