Спорт
Модриќ: За да биде најдобар Мбапе треба да замине од ПСЖ

Фудбалерот на Реал Мадрид Лука Модриќ има совет за Килијан Мбапе како да стане најдобар играч во светот. Младиот напаѓач е играч на ПСЖ од 2018 година кога Монако од неговиот трансфер заработија 145 милиони евра. Инаку, Мбапе 2017 година ја мина во ПСЖ како позајмен играч.
Мбапе во 2018 година беше еден од клучните играчи во француската репрезентација на патот кон светската титула.
21 годишникот е еден од најдобрите во светот, а Модриќ верува дека ќе стане најдобар во светот доколку замине од Париз.
„Мбапе има се што е пторебо за да доминира. Сепак мислам дека највиското ниво ќе го достигне само доколку се пресели во некој друг клуб, во првенство во кое неговиот тим нема да победува со леснотија како што тоа го прави ПСЖ во Франција“, рекол освојувачот на Златната топка за 2018 година.
Мбапе има договор со ПСЖ до 2022 година, долг период тој се поврзува со Реал Мадрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Биберовиќ го однесе Фенер на завршниот турнир, Реал ја запиша првата победа над Олимпијакос

Кошаркарите на Фенербахче први изборија пласман на завршниот турни во Евролигата. Во Париз, го добија третиот меч против истоимениот тим, по едно продолжение со 98:88. Во регуларниот тек дуелот заврши 80:80. Реал остана во игра, откако ја намали предноста на Олимпиајкос на 1:2. Третиот меч Реал го доби со 80:72.
Во неизвесен натпревар, ниту еден тим не создаде предност поголема од седум поени, а кога Биберовиќ погоди тројка за 80:73 на 2:15 до крајот, се чинеше дека нема да има поголема драма во „Адидас Арена“. Сепак, серија лоши одлуки и грешки од страна на Фенер, особено на Болдвин, како и неверојатниот Шортс на другата страна, доведоа до продолженија.
Шортс постигна кош од дистанца на 15 секунди до крајот, а на другата страна, Болдвин ја солираше во последниот напад, не му ја даде на никого дури ни кога беше дуплиран, туку фрли цигла од осум метри.
Брилијантниот Биберовиќ го започна продолжението со седум последователни поени и практично го реши победникот.
Најдобар играч беше гореспоменатиот Биберовиќ со 21 поен (8-14 од поле), Хејс-Дејвис постигна 18 поени, а Марко Гудуриќ 14 (5-10 од поле, 4-та позиција, 3-та позиција).
За Париз, Ти Џеј Шортс имаше 29 поени, а Наир Хифи 24.
Реал во неизвесен натпревар успеа да слави над Олимпијакос. Беше тесно до самиот крај на натпреварот, но Реал успеа со добра игра во одбраната во вториот дел да ја надополни негативата од шест поени што ја имаше на полувреме.
Тивкиот херој на Реал вечерва е секако Алберто Абалде, кој најде поени во клучните моменти.
Најефикасен играч во тимот на Реал беше Еди Таварес со 15 поени, Марио Хезоња и Џанан Муса имаа по 14, но ниту еден од нив не постигна ниту еден поен во последниот периос. Од друга страна, Саша Везенков имаше 21 поен, а Најџел Вилијамс-Гос 17 (15 постигна во првото полувреме).
Спорт
(Видео) ПСЖ среде Лондон го победи Арсенал

Фудбалерите на Пари Сен Жермен стекнаа предност по првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите. „Светците“, успеаја да го победат Арсенал во Лондон со голот на Усман Дембеле во четвртата минута. Реваншот е наредната среда во Париз.
Со малку среќа, гостите можеа да имаат поголема предност пред реваншот на „Паркот на принцовите“. Фудбалерите на ПСЖ покажаа дека знаат како да играат против англиски тимови, бидејќи во претходните рунди ги елиминираа Ливерпул и Астон Вила, а во првата фаза го победија и Манчестер Сити.
Гостите се наметнаа на теренот од првата секунда, подобро влегоа во натпреварот. Секако, голот на Усман Дембеле во четвртата минута го одреди понатамошниот тек. Фудбалерите на францускиот шампион, по голот на Дембеле, имаа уште две добри шанси, но Раја ги одбрани ударите на Дуе и Каварацхелија.
Арсенал, во првиот дел, прв пат се закани во 45.минута, кога во ситуација еден на еден, Донарума му го одбрани ударот на Мартинели.
Во вториот дел поради офсајд беше поништен голот на Мерино во 47.минута, а девет минути подоцна, Тросар имаше шанса, Донарума повторно излезе како победник.
Во финишот ПСЖ пропушти уште две шанси, во 84.минута Баркола биеше крај голот, а две минути подцна Рамош ја погоди гредата.
Спорт
Шест натпревари суспензија за Ридигер

Антонио Ридигер е суспендиран шест натпревари поради инцидентот што го предизвика во саботата, во финалето на Купот на кралот помеѓу Реал и Барселона.
Во фантастичен натпревар, Барселона го победи Реал со 3:2 по продолженијата, а Ридигер, во напад на неверојатен бес, најпрвин фрли пластично шише кон судијата, а потоа и сакаше физички да се пресмета со него.
Ридигер веќе беше заменет, но сепак доби црвен картон.
Со оглед на тоа што останаа уште пет кола пред крајот на сезоната, а Ридигер го оперираше коленото, тој ќе го отслужи преостанатиот натпревар од суспензијата на почетокот на следната сезона.
Џуд Белингам исто така доби црвен картон на крајот од натпреварот, но не беше казнет. Беше оценето дека судијата направил грешка во својата проценка.
Лукас Васкез доби казна за црвениот картон, тој е суспендиран на два натпревари бидејќи беше меѓу оние кои протестираа на крајот од второто продолжение. Тој го предводеше тој протест фрлајќи мраз кон судијата, додека Винисиус мина без казна.