Спорт
Само од двајца соиграчи Карагер бил навистина импресиониран

Џејми Карагер целата своја кариера ја минал во Ливерпул. Започнал во младинската школа во 1988 година, за сениорскиот тим дебитирал во 1996 година, а во пензија заминал во 2013 година. Црвениот дрес го носел на 508 натпревари.
За 17 години, колку што Карагер минал на „Енфилд“, играл со многу врвни играчи, но како што самиот вели, само двајца го импресионирале.
„Додека играв за Ливерпул импресиониран бев само од двајца фудбалери. Тоа се Луис Суарез и Стивен Џерард. Кога ќе погледнете што сè направи Суарез за Барселона, но и за Уругвај, тогаш ви станува јасно за каков фудбалер се работи. За Џерард не треба да се трошат зборови, тој е легенда на нашиот клуб“, рекол Карагер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Фалкао ќе игра фудбал во третата шпанска лига

Радамел Фалкао, некогаш еден од најдобрите напаѓачи во светот, нема намера да се пензионира.
Брилијантниот централен напаѓач е слободен агент откако се раздели со Милионарис, клубот од неговата татковина. Колумбискиот напаѓач добил интерсна понуда од третата дивизија на Шпанија. Интерес за него покажа Мурсија.
На Фалкао му беше претставен амбициозен проект, а планот е клубот веднаш да стигне до втората лига, а главната улога би ја играл поранешен член на Атлетико Мадрид.
Искусниот централен напаѓач сериозно ја разгледува оваа опција, а претседателот на Мурсија, Фелипе Морено, верува дека двете страни ќе се согласат на соработка.
Спорт
Вест Хем најде голман во Лестер

Мадс Хермансен се пресели од Лестер во Вест Хем.
Данскиот голман потпиша петгодишен договор со „Чеканите“, кои платија 23 милиони евра за него, со опција за продолжување на соработката за уште една сезона.
„Навивачите можат да очекуваат од мене да донесам добра енергија за да му помогнам на тимот на најдобар можен начин. Среќен сум што се приклучив на Вест Хем, одлуката да дојдам тука беше многу лесна. Слушнав многу добри работи за клубот, играв против Вест Хем во Лондон минатата сезона и тоа беше одлично искуство. Олимпискиот стадион е неверојатен со гласни, страствени навивачи, тоа е она за што сонувате“, рече Хермансен, кој ќе го носи дресот со број еден во својот нов клуб.
Хермансен одигра 28 натпревари за Лестер во сите натпреварувања минатата сезона. Во текот на својата кариера, тој настапуваше и за Брондби.
Вест Хем ќе биде домаќин на Сандерленд во првото коло од Премиер лигата на 16 август.
Спорт
Њукасл нема да го пушти Исак ова лето

„Ливерпул Ехо“, медиум кој е апсолутно наклонет кон клубовите од нивниот град и за тоа е награден со ексклузивни информации и од црвениот и од синиот табор, објави оваа сабота дека трансферот на Александар Исак ова лето нема да се случи.
„Њукасл јунајтед е решен да го држи Александар Исак колку што е потребно пред да се согласи на трансфер во Ливерпул ова лето“, објави Ехо.
Незадоволниот Швеѓанец се труди да изнуди преселба од „Сент Џејмс Парк“, пред почетокот на сезоната 2025/26.
„Црвените“ нудат 127 милиони евра за напаѓачот, но Њукасл ја одби понудата, главно затоа што не е во можност да ангажира соодветна замена во нападот.
Последниот во низата фудбалери кои избраа други клубови и им се заблагодарија на црно-белите е Бенјамин Шешко.