Македонија
(Видео) Николовски: СДСМ ги откажа сите митинзи и големи собири

По шест месеци закоченост изборите, на 15 јули значат нов парламент и легитимна влада без незрели и неодговорни пратеници за наесен да сме со полна сила за Ковид-19 , за новата учебна година и за новата грејна сезона, рече генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.
Тој ги повика граѓаните со гласање да изберат кој да ги води институциите и да изберат дали ќе одиме напред или ќе се вратиме во несигурност и страв.
„Јас како шеф на изборниот штаб на СДСМ ве уверувам дека СДСМ ќе води 100 проценти безбедна кампања. Изборната кампања почнува на 24 јуни ќе трае до 12 јули на полноќ. Ги откажавме митинзите, големите собири и сите потенцијално ризични настани за здравјето на граѓаните, но ќе бидеме со вас преку медиумите, дигиталните алатки и сите можни алатки за комуникација“, рече секретарот Николовски.
Тој нагласи дека очекуваат чист мандат од граѓаните за општество без корупција и повика да му се каже збогум на „неодговорниот и незрел“ Христијан Мицкоски, кој ширел лажни вести за короновирусот, одел во вежбалници и кафеани кога тоа е забрането и опасно за граѓаните.
Николовски смета дека 15 јули е голем ден и за сите во партијата за лажни вести, како што ја нарече ВМРО-ДПМНЕ, која, како што кажа, ќе доживее пораз, но за нивно добро.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На граничните премини кон Грција и Србија и денеска има гужва

На граничните премини кон Грција и Србија и денеска има гужва. На Табановце кон Србија за влез и излез од државата се чека од 20 до 30 минути, а на граничните премини Дојран и Богородица кон Грција времето на чекање е до 15 минути, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.
Според утринските информации на АМСМ, сообраќајот на државните патишта надвор од градските средини е умерен.
Македонија
Извршен е увид на местото на сообраќајната несреќа во која загинаа три лица

Извршен е увид на местото на сообраќајната несреќа што синоќа се случи на патот Кичево – Гостивар во која загинаа три лица, а осум беа повредени.
Државното јавно обвинителство утринава соопшти дека од местото на несреќата подигнати се траги кои ќе бидат предмет на вештачење, а телата на починатите се дадени на обдукција и дадена е наредба за испитување на евентуално присуство на алхокол или други супстанции кај повредените.
– По насоки на јавниот обвинител продолжуваат да се преземаат и други дејствија, информираат од Јавното обвинителство.
Македонија
Со протестен марш на семејствата, ќе се бара правда за настраданите во пожарот во Кочани

Во Кочани за денеска во 12:05 часот е најавен нов протестен марш на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“. Ова е трет протестен марш што го одржуваат семејствата на настраданите по последниот одржан на 12 април.
Протестниот марш ќе започне од Градскиот парк во Кочани и ќе продолжи кон Општината и Министерството за внатрешни работи.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16 март загинаа 62 лица од кои тројца за време на лекувањето во странство, а 193 беа повредени. Дел од загинатите и повредените беа и членовите на бендот „ДНК“ кој настапуваше таа вечер. Со истрагата се опфатени над 60 физички и три правни лица.