Македонија
Владата одлучи – од утре се отвораат сите гранични премини во земјата

Владата донесе одлука, од утре, 17 јуни, да се отворат сите гранични премини во земјата со примена на заштитните мерки. При влез во земјата задолжително е да се приложи валиден негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа. Останува и мерката за потпишување изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена, врз основа на која Државниот санитарен и здравствен инспекторат изготвува решение за здравствен надзор и домашна самоизолација, која ја контролира МВР.
Исто така, останува во сила и мерката за државен карантин во траење од 14 дена за сите граѓани или странци со регулиран престој во земјата, кои при влез на територија на земјава нема да приложат валиден ПЦР-тест или ќе приложат невалиден ПЦР-тест.
Останува и можноста граѓаните што се во државен карантин и што сакаат да им се направи ПЦР-тест на нивно барање, тоа да им се овозможи од страна на овластена институција во најкус рок. Оние граѓани на кои направениот ПЦР-тест им е негативен потпишуваат изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена, каде што се пресметани и деновите поминати во државен карантин, и го напуштат државниот карантин и заминуваат во задолжителна самоизолација на адресата определена во дадената изјава. Доколку граѓаните не сакаат да им се направи ПЦР-тест, остануваат во карантин 14 дена, а по тој рок, од страна на овластени претставници од ДСЗИ им се изготвува решение за здравствен надзор и домашна самоизолација.
Владата на денешната седница го дополни протоколот за непречен транзит на странски државјани низ територијата на земјава и од утре протоколот овозможува влез на сите гранични премини на државјани на други држави за транзитирање низ земјава. Останува одредбата во протоколот, која пропишува дека транзитот на овие лица подразбира влез на еден граничен премин и излез на друг, со обврска при транзитот да не се излегува од соодветниот автопат или локален пат и тој да се реализира во рамките на најмногу 5 часа, што се потврдува со изјава што странските државјани треба да ја пополнат на влез, а на излез треба корисникот да ја предаде на граничната полиција, со цел да се контролира времетраењето на транзитот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Костадиновска-Стојчевска до Љутков: Се знае ли кој е државен секретар во Министерството за култура?

Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. Прашањето се однесуваше на прекинувањето на значајни проекти во културата и на фактот дека незаконски се претставува кој е државен секретар во Министерството за култура.
„Драго ми е што ги продолжувате проектите коишто беа наследени, како што е еден од нив – реконструкцијата на кино „Партизан“. За волја на вистината, не ги продолжувате сите, меѓутоа сепак гледаме некое поместување.
Најголем дел од проектите ги прекинавте, како „Љубојно“ и ред други значајни проекти, меѓутоа никој не дозна зошто.
Не дознавме ни зошто нема резултати од конкурсот за креативни индустрии, како што не ги видовме ниту програмите на националните установи јавно објавени, за да знае јавноста што е тоа што е одобрено“, рече Костадиновска-Стојчевска.
„Не знаеме зошто не распишувате конкурс за капиталните дотации до ЕЛС, а имате 200 милиони денари на таа сметка – конкурс којшто се објавува најдоцна до април.
Знаеме колку потрошивте за Јапонија, и дека отсега имате купено авио карта за во септември повторно за Јапонија. Изгледа убаво е таму.
Но, не знаеме кој е државен секретар во Министерството за култура. Затоа моите три прашања до вас се следниве: Кој е државен секретар во Министерството за култура на 22 мај 2025 година? Кој е државен секретар во Министерството на култура на 24 мај 2025 година? Кој е државен секретар во Министерството за култура на 26 мај 2025 година“, праша пратеничката Костадиновска-Стојчевска.
Македонија
Арсовска: Висар Ганиу фатен со криминално легализирање дивоградби со фалсификат, документи се доставени до обвинителство

„Висар Ганиу фатен со криминално легализирање дивоградби со фалсификат, за што документи се доставени до обвинителство и има изјави кои сведочат за начинот на кој ги спроведувал овие незаконски постапки, институциите уште се мислат кога да ПОЧНАТ да постапуваат“, вели градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
„Во меѓувреме Висар си брише имотни листови од Катастар, замислете овие луѓе кои до вчера имале имот, денес немаат, поради неговите фалсификати.
Фалсификатот го запишувал во Катастар на 20.03.2025 година сред денови на жалост за трагедијата во Кочани, користејќи период кога мислел дека нема никој да примети што прави.
1. Барање за упис во катастар
2. Решение за упис во катастар со фалсификат документи
3. Барање за бришење имотен лист од катастар
4. Решение за бришење да може да го уништи досието со фалсификатите
5. Катастар за 24 часа го брише досието со што директно овозможува да можат да се уништат докази за делото
Зошто само 2% доверба имаат граѓаните во правосудството? Во моментов во затвор лежат луѓе за влез во Собранието на 27 април и за 100 ќебапи. Таму се постапило веднаш! Во Чаир кај Висар Ганиу ќе влезат да обезбедат докази за некоја година, нека троши кеш и нека ужива до тогаш!“, додаде Арсовска.
Македонија
Бројот 192 моментално не е во функција, граѓаните кои имаат потреба, да го користат 112, велат од МВР

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека бројот 192 поради технички причини моментално не е во функција и се преземаат мерки за нивно отстранување.
„Ве информираме дека во функција е бројот 112 и граѓаните кои имаат потреба можат да го користат овој број“, додаваат од МВР.