Македонија
Деветмина починати, 193 нови случаи на Ковид-19 во земјава
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.391 тестирање, а регистрирани се 193 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 140, Куманово-2, Дебар – 1, Штип – 6, Тетово – 19, Струга – 5, Велес – 2, Охрид – 11, Гостивар – 4, Свети Николе – 1, Ресен – 2.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 46 оздравени пациенти од: Скопје- 35, Куманово-1, Штип-6, Тетово-1, Струга-1, Гостивар-1, Валандово-1.
Починати се 9 лица, пет од Скопје, двајца пациенти од Куманово, еден пациенти од Тетово и еден пациент од Охрид.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа три лица од Скопје на возраст од 78 и 47 години хоспитализирани на 4, односно 7 јуни и пациентка на 85 години, хоспитализирана на 9 јуни.
Во ГОБ „8 септември“ починаа четири лица, двајца пациенти од Скопје на возраст од 69 и 67 години, хоспитализирани на 9 односно 15 јуни, пациентка од Куманово на 67 години, примена на 2 јуни и пациент од Тетово на 61 година, примен на 2 јуни.
Во ОБ Куманово почина пациент на 81 година, хоспитализиран на 3 јуни, во ОБ Охрид пациент на 83 години, примен во болницата на 8 јуни.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.482 бројката на оздравени пациенти е 1.803, на починати е 210, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2469. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 2.137, активни 1.425
• Куманово 653, активни 206
• Дебар 62, активни 11
• Штип 250, активни 202
• Прилеп 229, активни 17
• Тетово 459, активни 278
• Струга 142, активни 63
• Велес 156, активни 31
• Битола 35, активни 8
• Охрид 84, активни 65
• Кавадарци 8, активни 3
• Гостивар 73, активни 47
• Гевгелија 8, активни 4 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 9, активни 6
• Крива Паланка 10, активни 4
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 5, активни 2
• Кочани 55, активни 24
• Пробиштип 11, активни 9
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 3, активни 1
• Пехчево 5, активни 2
• Берово 2, активни 1
• Валандово 5, активни 3
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 4, активни 2
• Свети Николе 11, активни 10
• Кичево 5, активни 3
• Ресен 34, активни 33
• Неготино 18, активни 9 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1391 тест се преку: ИЈЗ –580, ЦЈЗ Скопје-24, Авицена –107, Биотек –142, Систина со PCR-метода –91, МАНУ -149, Жан Митрев (Филип Втори) -262 и Судска медицина-36. Досега во земјата се направени вкупно 46.445 тестирање на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 15, 7 се префрлени од ГОБ „8 Септември“. Вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 20 нови, а вкупно хоспитализирани 109 пациенти. На респираторна машина се 7, a со потешка клиничка слика се уште 30 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 29 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 21 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 74 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 306
• Аеродром – 119
• Бутел – 106
• Гази Баба – 114
• Центар – 114
• Карпош – 100
• Сарај – 95
• Кисела Вода – 71
• Ѓорче Петров – 57
• Студеничани – 62
• Шуто Оризари – 46
• Арачиново – 33
• Илинден – 28
• Петровец – 12
• Чучер Сандево – 7
• Сопиште – 11
• Зелениково-1
• Странец – 2
• Нераспределен-1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Кисела Вода го модернизира осветлувањето: LED светилки со паметен систем за контрола
Општина Кисела Вода продолжува со проектот за замена на уличните светилки, со цел подобрување на осветленоста и енергетската ефикасност на јавните површини.
Се работи во населбата Пинтија, во рамките на втората фаза од проектот кој ги опфаќа и населбите Кисела Вода и Припор. Досега, се заменети над 2.400 светилки во населбите Пржино и Црниче. Со новите LED сијалици, осветлувањето ќе биде поекономично, со намалена потрошувачка на енергија во споредба со старите светилки, а нивниот век на траење е 4,2 пати подолг. Дополнително, светилките ќе се управуваат преку паметен систем, кој овозможува подобра контрола и ефективност.
Реализацијата на овој проектот кој се изведува во пет фази, обезбедува безбедни, современи и функционални улици, со пониска потрошувачка на енергија и долготрајни решенија за јавното осветлување во општина Кисела Вода.
Македонија
Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството, туку заштита на здравото работно место, велат од Министерството за здравство
Предлог-законот за заштита од пушењето, подготвен од Министерството за здравство, предвидува забрана за пушење во затворени јавни и работни простории, во согласност со европските стандарди и препораките на Светската здравствена организација. Со ова се воспоставува јасно и универзално правило кое ги штити сите граѓани, без исклучоци и без сиви зони, велат од Министерството за здравство.
Според јавноздравствените стандарди, пушењето е личен избор, но заедничкиот затворен простор не смее да биде место каде тој избор се претвора во ризик за здравјето на другите.
„Законот не уредува дали некој ќе пуши, туку јасно определува каде тоа не смее да се практикува, со цел заштита на здравјето на сите присутни. Квалитетот на воздухот во затворени простории е директно поврзан со здравствените исходи. Чистиот воздух значи помалку иритации на дишните патишта, помалку астматични напади и намален ризик од развој на хронични заболувања.
Предлог-законот ја третира изложеноста на тутунски чад како прашање на безбедност и здравје при работа, а не како прашање на животен стил. Во угостителските објекти, токму персоналот е најдолго и најинтензивно изложен на чад од цигари и други тутунски и никотински производи, поради што државата има јасна обврска да го заштити правото на вработените на здрава и безбедна работна средина.
„Искуствата од европските земји кои веќе воведоа вакви законски решенија, како Ирска и Велика Британија и многу други, покажуваат дека овие мерки не претставуваат удар по угостителството и неговите приходи, туку транзиција кон поуреден, поквалитетен и попредвидлив амбиент во угостителските објекти“, појаснува министерот за здравство, Азир Алиу.
Тој додава дека ваквите мерки овозможуваат поголема посетеност од семејства, туристи и граѓани кои преферираат чист воздух, што на долг рок претставува директен бенефит и за самите угостителски објекти.
Македонија
Променливо облачно време со слаби локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините врнежи од слаб снег. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со појава на магла. Во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.

