Црна хроника
Се бркале со возила и мотори, па се тепале низ Куманово

Повеќе лица синоќа се тепале на улиците во Куманово.
„На 17.6.2020, во 01.30 часот, во СВР Куманово, Д. Ј. (33) и С. М. (18) пријавиле дека околу 23 часот додека се возеле со патничко моторно возило по улицата Моша Пијаде пред нив застанал мотоцикл управуван од С. П., а зад него била и А. М. А. М. физички ја нападнала С. М. по што го напуштиле местото на настанот.
Подоцна, околу 23.10 часот, на улицата Трета македонска ударна бригада, застанало возило, од кое излегла поголема група, меѓу кои и А. М., С. П., А. П., М. М., и физички го нападнале Д. Ј. Според пријавеното, кога С. М. се обидела да ги раздели, била нападната од А. П.“, велат од МВР.
Се работи на целосно расчистување и документирање на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Лишени од слобода четири лица на подрачјето на СВР Тетово, возеле побргу од дозволеното

Вчера во периодот од 14.00 до 20.00 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово и Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар извршиле акциска контрола за пречекорување на максимално дозволената брзина во и надвор од населено место. Притоа, поради безобѕирно управување со моторно возило по наредба од јавен обвинител од слобода биле лишени четири лица, извести МВР.
Во 15.00 часот на автопатот Тетово-Скопје, кај наплатна станица Желино, Ф.С.(29) од с.Палатица, тетовско, управувал патничко возило „мерцедес“ со германски национални ознаки со брзина од 177 километри на час на место каде максималната дозволена брзина е 100 километри на час надвор од населено место.
Во 15.00 часот на магистрален пат Тетово-Гостивар, кај Дебрешки надвозник во Гостивар, Џ.А.(36) од Скопје управувал патничко возило „ауди“ со скопски регистарски таблички со брзина од 156 километри на час на место каде максималната дозволена брзина е 80 километри на час надвор од населено место.
Во 16.00 часот на булевар „Видое Смилевски Бато“ во Тетово, Ф.Љ.(25) од Тетово управувал патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски таблички со брзина од 106 километри на час каде максималната дозволена брзина е 50 километри на час во населено место.
Во 16.00 часот на магистрален пат Тетово-Гостивар, кај Дебрешки надвозник во Гостивар, С.С. (45) од Тетово управувал патничко возило „ауди“ со албански национални ознаки со брзина од 160 километри на час на место каде максималната дозволена брзина е 80 километри на час надвор од населено место.
Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик.
Црна хроника
Уапсен 24-годишник од Охрид, со стаклен предмет нападнал скопјанец

Денеска во 02.15 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Ф.П.(24) од Охрид, кој претходно во селото Песочани, општина Дебрца, со стаклен предмет го нападнал Ж.К.(45) од Скопје.
По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Семејно насилство во Охрид: татко ја истепал ќерка си, по што се вклучиле и други членови на семејството

Денеска во 00.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека Р.Б. од Охрид физички ја нападнал неговата ќерка, по што се вклучиле и други членови на семејството.
По целосно документирање на настанот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.