Спорт
Михајловиќ во Болоња барем до 2023 година
Синиша Михајловиќ го продолжи договорот со Болоња до 2023 година, иако имаше уште две сезони до крајот на претходниот договор, како награда од клубот по неговата терапија за леукемија.
Србинот се врати во клубот во јануари 2019, успевајќи да избори опстанок во првата сезона со 30 освоени поени во само 17 меча. Пред стартот на сезоната 2019/20 му беше дијагностицирана леукемијата, но тој сега се опоравува по операцијата за трансплантацијата на коскена срж.
Иако поголемиот дел од оваа сезона неговите помошници беа задолжени за клубот, тој се врати на тренинзи со тимот пред рестартот на Серија А. Болоња е на 10. место во Серија А и стартуваат во понеделник со дуел со Јувентус.
✍️ | PROLUNGAMENTO
Il Bologna Fc 1909 comunica di aver raggiunto l’accordo con Sinisa Mihajlovic per il prolungamento del contratto fino al 30 giugno 2️⃣0️⃣2️⃣3️⃣#WeAreOne pic.twitter.com/5VxnXAwyjH
— Bologna Fc 1909 (@BfcOfficialPage) June 17, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Алкараз урна два рекорди стари речиси еден век
Речиси еден век, тенисот чекаше и дочека да бидат урнати два гигантски рекорди. И двата беа постигнати денес во Мелбурн од Карлос Алкараз. И двата се нешто што навистина одекнува во историјата.
Првиот стар 88 години, на 22-гпдошна возраст Алкараз стана најмладиот играч во историјата со кариерен Гренд слем, односно ги освоил сите четири најголеми трофеи во белиот спорт. Претходниот носител на рекордот беше Дон Баџ, кој го постигна во 1938 година.
Само седум други тенисери го постигнале ова: Фред Пери, Род Лејвер, Рој Емерсон, Андре Агаси, Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.
Кај тенисерките, оваа листа е малку подолга: Морен Коноли, Дорис Харт, Ширли Фрај Ирвин, Маргарет Корт, Били Џин Кинг, Крис Еверт, Мартина Навратилова, Штефи Граф, Серена Вилијамс и Марија Шарапова.
Вториот подвиг на Алкараз е уште потежок за постигнување. Никој не го направил тоа од 1935 година и Фред Пери. Поминаа дури 91 година откако тенисер ги освои своите први финалиња на сите четири Гренд слем турнири.
Алкараз е помлад од Пери, кој имаше 26 години кога го постигна овој подвиг. Во 2022 година, Алкараз го победи Каспер Рудо во Њујорк, 2023 година во Лондон, Ѓоковиќ, 2024 година во Париз, Александар Зверев, а сега повторно Ѓоковиќ во Мелбурн. Во осумте одиграни финалиња на Гренд слем турнири, тој има само еден пораз – минатото лето на Вимблдон против Јаник Синер.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA

