Вести
САД ги засилија санкциите против Северна Кореја

САД ги засилија во петокот санкциите против Северна Кореја, кои се протолкувани како одговор на кибернетичкиот напад врз компанијата „Sony Pictures“ поради комедијата „Интервју“ за убиството на младиот комунистички севернокорејски челник Ким Јонг-Ун, но еден неименуван функционер во Вашингтон изјавил дека тие не се поврзани со овој случај, откако минатата седмица јапонските медиуми објавија дека американските истражни органи имаат сигнали дека нападите дошле преку јапонски сервери.
САД ги засилија во петокот санкциите против Северна Кореја, кои се протолкувани како одговор на кибернетичкиот напад врз компанијата „Sony Pictures“ поради комедијата „Интервју“ за убиството на младиот комунистички севернокорејски челник Ким Јонг-Ун, но еден неименуван функционер во Вашингтон изјавил дека тие не се поврзани со овој случај, откако минатата седмица јапонските медиуми објавија дека американските истражни органи имаат сигнали дека нападите дошле преку јапонски сервери.
Новите санкции се одговор на многубројните провокации од страна на Пјонгјанг и особено неодамнешниот информатички напад врз „Sony Pictures“ и заканите за кино салите и гледачите, пренесува AFP повикувајќи се на соопштението на министерството за финансии на САД.
Белата куќа, пак, во одделно соопштени предупредува дека станува збор само за прв дел од американскиот одговор, без да наведе кои би биле следните чекори.
Меѓутоа, Reuters го пренесува мислењето на високи функционери во американската администрација дека најновите санкции не се директно поврзани со кибернетичкиот напад врз „Sony Pictures“.
Компанијата „Sony Pictures Entertainment“, којашто е филијала на јапонската корпорација „Sony“, според Вашингтон беше цел на севернокорејски напад, а федералната американска полиција FBI официјално ја обвини Северна Кореја во врска со организирањето на хакерскиот напад врз „Sony Pictures Entertainment“ и заканите во врска со најавената премиера на сатиричната комедија „Интервју коешто убива“ во коешто се случува атентат врз младиот севернокорејски челник Ким Јонг-Ун и се исмејува комунистичкиот режим во Пјонгјанг.
Откако дистрибутерите и компанијата првично поради заканите од хакерите дека ќе организираат „слични напади како оние од 11-ти септември 2001 година“ врз кината во САД се откажаа од прикажување на филмот, тој сепак беше прикажан во 300 независни кино сали во Америка, како и на интернет, вклучително и на ресурсот YouTube.
Меѓутоа, на 26-ти декември јапонската телевизија TBS објави дека американското Федерално биро за истраги (FBI) на надлежните јапонски органи им ја предало информацијата за IP адреси, аналогот од виртуелниот простор на поштенските адреси во реалниот живот, коишто биле користени за кибернетичкиот напад врз „Sony“, бидејќи постојат сомневања дека хакерите ги користеле јапонските интернет сервери. Според телевизијата, FBI побарало соработка од соодветните органи во Јапонија, бидејќи се појавила можноста дека во кибернетички напади се користат јапонските мрежи и побарало ангажирање на истражните органи на Земјата на изгрејсонцето. Јапонските органи веќе контактирале со централата на „Sony“ и работат на утврдување на сопствениците на адресите, се додава во информацијата.
САД, коишто и натаму за споменатиот хакерски напад го обвинуваат Пјонгјанг, на листата за санкции ги додадоа имињата на десет државни функционери, севернокорејската разузнавачка служба и две компании поврзани со воениот сектор, објави американското министерство за финансии.
Овие санкции се донесени на основа на декретот на американскиот претседател Барак Обама и одразуваат ставот на САД дека Северна Кореја ја сметаат одговорна за деструктивни и дестабилизирачки активности, изјави американскиот министер за финанси Џејкоб Луи во соопштение и додаде дека тие ќе употребат „широка лепеза“ од акции за одбрана на американските компании и граѓани, како и за одбрана од напади врз американските вредности./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.