Македонија
(Видео) Јовановски останува во затвор, а Јанева во домашен притвор
Осудениот Бојан Јовановски останува во притвор, а Катица Јанева во куќен притвор, сè до правосилноста на пресудата, на која сега осудените имаат право на жалба. Вака одлучи судечкиот совет и судијката Васка Николовска-Масевска, по предлогот од адвокатите на осудените.
„Спрема Бојан Јованоски, се продолжува мерката притвор поради истите причини поради кои е одредена. Судот во Стразбур ја одбил привремената мерка што ја имал поднесено адвокатот на Бојан Јовановски во однос на мерката притвор, што укажува на тоа дека судот е во правилна насока. Во однос на предлогот за замена на мерката куќен притвор во мерка притвор за Катица Јанева, судот го одбива тој предлог и ја продолжува мерката куќен притвор поради истите причини“, рече судијката Николовска-Масевска.
Претходно, судот донесе пресуда со која го осуди Јованоски на девет години затвор, а Јанева на седум години затвор.
Јовановски побара да му биде одредена поблага мерка со која ќе биде заменет неговиот притвор. Тој ѝ објасни на судијката дека нема да се даде во бегство. Обвинителката Вилма Русковска, пак, побара на Јанева да ѝ биде одреден притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.

