Регион
Министрите за надворешни работи на Србија и Русија си разменија подароци

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, престојува во официјална посета на Белград, на аеродромот беше пречекан од неговиот српски колега Ивица Дачиќ, по што следуваат средби со државниот врв на Србија.
Непосредно пред излегувањето на рускиот министер Сергеј Лавров од авионот, рускиот амбасадор во Србија, Александар Боцан-Карченко, му врачи микрофон на министерот Ивица Дачиќ како подарок од високиот руски дипломат. На микрофонот има плочка со посвета на која е изгравирано „Ивица Дачиќ“.
По пристигнувањето, Лавров се состана со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а потоа и со Дачиќ, по што шефовите на дипломатијата на Србија и Русија дадоа изјави за медиумите. По давањето изјави, Дачиќ му врачи подарок на својот руски колега.
„Бидејќи мојот колега, брат и пријател Сергеј Лавров е музикален како и јас, подготвив подарок за него“, рече Дачиќ и му ја предаде гитарата на Лавров.
Гитарата беше наменета за 70. роденден на министерот за надворешни работи на Русија, но поради епидемијата на коронавирус, испораката беше одложена сè до денес во Белград.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Силен земјотрес во близина на Крит: ги вознемири жителите на островот

Силен земјотрес денес го погоди подрачјето во близина на брегот на Крит.
Епицентарот на земјотресот се наоѓа 31 километар источно-североисточно од Закрос на овој остров, објавува грчкиот „Прототема“.
Земјотресот се случил во 20:46 часот по грчко време, а сеизмичкиот потрес имал јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, според Геодинамичкиот институт.
Длабочината на која се наоѓал епицентарот на земјотресот била 7,8 километри, објавуваат медиумите.
Регион
(Видео) Невреме во Србија: превртен камион, откорнати дрвја, поплавени улици

Силно невреме, проследено со јак ветер и дожд, денес зафати делови од Србија.
Само во Белград, ветерот собори дрвја и гранки на повеќе од 50 локации.
На социјалните мрежи беа објавени бројни видеа од паднати дрвја и скршени гранки.
Силниот ветер што дуваше во Нови Сад собори дрво.
Силен ветер дуваше и во Белград, а повремено имаше врнежи проследени со грмотевици.
Силна бура го погоди и Зрењанин.
Ветрот кршеше гранки од дрвјата, а поради дождот, водата остана на патиштата.
Налети на ветер превртеа камион кај Зрењанин, според написите во медиумите од регионот.
Регион
(Видео) Големо невреме во Загреб, ветерот крши ролетни, урива дрвја

Голема промена на времето пристигна во Хрватска. Бура го погоди Загреб околу 10 часот наутро. Како што известуваат хрватските медиуми, ветерот дува силно и ги кине ролетните на куќите. Грми, врне и дува силно во целиот град.
Портокалова тревога е во сила за регионите Славонија, Истра, Кварнер и во Далмација, а жолта тревога е во сила за остатокот од Хрватска.
Температурите во делови од земјата ќе паднат за повеќе од 10 степени во споредба со вчера.