Спорт
Англичаните се откажуваат од рагби-химната поради поврзаноста со ропството? (видео)
Англиската рагби-унија (РФУ) ја разгледува можноста да се забрани пеењето на традицоналната навивачка химна Swing Low, Sweet Chariot поради поврзаноста на песната со робовладетелството во САД.
Песната почна да се пее на „Твикенхам“ на крајот на 80-тите кога некои од црните крила на англиската репрезентација, Мартин Офаја и Крис Оти, постигнуваа поени. На стадионот „Твикенхам“ исто така се поставени зборови од песната, која во минатото беше објавувана како официјална песна пред Светскиот куп.
Се верува дека песната е напишана од црниот роб Вилијам Волис во Оклахома во 1865 година, а таа се прошири во САД кога еден свештеник ја слушнал песната. Во 60-тите во САД, кога се раздвижија барањата за човекови права, песната дури беше изведувана од Џоан Баез на Вудсток во 1969 година. Песната е официјална госпел-песна на американската држава Оклахома.
„РФУ постојано е посветена на различноста и свесноста за тоа. Песната долго време е дел од рагби-културата, но многумина не ја познаваат историјата на песната. Ќе ги разгледаме историскиот контекст и нашата улога во образованието на фановите“, се вели во соопштението на РФУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Дуран во 95-та минута спречи пораз на Фенербахче од Галатасарај
Во азискиот дел на Истанбул се одигра 281-то интерконтинентално дерби. На стадионот „Шукру Сараџоглу“, Фенербахче и Галтасарај одиграа 1:1 (0:1).
Голот за гостите од европскиот дел беше заслуга на Лерој Сане во 27-та минута. Германскиот репрезентативец го совлада Едерсон, поранешен соиграч од Манчестер Сити.
Џокерите од клупата на Џовани Тедеско, Левент Мерјан и Колумбиецот Џон Дуран се заслужни за нерешениот резултат. Во 95-та минута тие креираа акција по која Колумбиецот го постави конечниот резултат.
На табелата по 14 рунди води актуелниот првак Галатасарај со 33 поени, еден повеќе од Фенербахче и два од Трабзон.
Foto/ EPA
Спорт
Лубослав Пенев се бори за живот
Лубослав Љубо Пенев (59) е тешко болен и се бори за живот на онколошка клиника во Германија.
Легендарниот бугарски фудбалер беше хоспитализиран минатата недела, по што беа извршени детални прегледи и резултатите воопшто не се добри. Му беше дијагностициран рак на бубрезите.
Пенев е во животно-загрозувачка состојба. Бугарските медиуми објавуваат дека ослабел, дека неговото тело е многу исцрпено и дека хемотерапијата затоа не е опција. Семејството Пенев апелираше до јавноста за помош:
„Денес, една од најголемите бугарски легенди се бори за живот. Лубослав Пенев ни даде победи, гордост и сила – сега мора да му дадеме надеж. Ве молиме, да застанеме рамо до рамо и да му подадеме рака на човекот кој никогаш не престана да дава за Бугарија“, се наведува во пораката што брзо се прошири низ Бугарија и регионот.
Ова е втор пат Пенев да се бори со подмолната болест. Во пролетта 1994 година, му беше дијагностициран рак на тестисите, поради што го пропушти Светското првенство во САД.
Лубослав Пенев ја започна својата кариера во ЦСКА од Софија, каде што доби статус на клупска легенда. Потоа играше за гиганти како Валенсија и Атлетико Мадрид.
Одигра 62 натпревари за репрезентацијата и постигна 14 гола. По завршувањето на кариерата, остана во фудбалот. Се посвети на тренерската работа и во периодот од 2009 до 2024 година раководеше со голем број бугарски клубови, три години беше селектор на репрезентацијата (2011-14), а кратко работеше и како тренер на „Б“ тимот на Валенсија.
Последниот ангажман му беше со Локомотива од Пловдив минатата година.
Фото/ ЕПА
Спорт
Анчелоти: Естевао ќе игра за Бразил на Светското првенство
Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, изјави дека играчот на Челзи, Естевао, ќе игра за Бразил на Светското првенство, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико во 2026 година.
Естевао (18) пристигна во Челзи од Палмеирас во јуни оваа година за 29 милиони фунти. Младиот бразилски фудбалер одигра 18 натпревари за Челзи оваа сезона и постигна пет гола.
„Мислам дека Естевао ќе игра за Бразил на Светското првенство 2026. Врз основа на тоа како Естевао играше во последните шест месеци, мислам дека ќе игра на Мундијалот“, изјави Анчелоти.
Естевао дебитираше за Бразил во 2024 година, а за репрезентацијата одигра 11 натпревари и постигна пет гола.
„Тој е многу, многу посебен играч. Тој е сосема поинаков, бидејќи е природно талентиран. Што се однесува до неговиот талент, не може да го подобри, но она што може да го направи е да обезбеди континуитет“, додаде селекторот на Бразил.
Анчелоти истакна дека е задоволен од настапите на младиот фудбалер во Челзи.
„Естевао напредува многу добро во Челзи. Не сум разговарал со претставниците на Челзи, но сум сигурен дека работат на посебна програма со него. Мислам дека националниот тим мора да го искористи овој голем талент“, заклучи Анчелоти.
Foto/ EPA

