Вести
Во битката кај Кобане над 400 загинати за три седмици

Повеќе од 400 луѓе загинале во борбите меѓу курдските милиции и џихадистите од Исламската држава (IS) откако вторите од 16-ти септември ја започнаа офанзивата за заземање на градот Кобане (Ајин ал-Араб, на арапски), третиот по големина курдски град во Сирија и стратешки важен во непосредна близина на границата со Турција, соопшти во вторникот опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лондон, повикувајќи се на информации од своите активисти на теренот.
Повеќе од 400 луѓе загинале во борбите меѓу курдските милиции и џихадистите од Исламската држава (IS) откако вторите од 16-ти септември ја започнаа офанзивата за заземање на градот Кобане (Ајин ал-Араб, на арапски), третиот по големина курдски град во Сирија и стратешки важен во непосредна близина на границата со Турција, соопшти во вторникот опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лондон, повикувајќи се на информации од своите активисти на теренот.
„Во борбите за Кобане загинале 20 цивили, 219 џихадисти на Исламската држава и 173 курдски борци и нивни сојузници“, се наведува во соопштението на SOHR во кое се истакнува дека податоците се добиени од воени и од болнички извори, како и од широката мрежа информатори на Сириската опсерваторија за човекови права, пренесе AFP. Од оваа невладина организација појаснуваат дека ги имаат документирано загинувањата на 412 лица, но дека бројот на мртвите во борбите во стварноста е многу поголем.
Исламската држава во вторникот го стесни обрачот околу Кобане и покрај воздушните удари од коалицијата предводена од САД, а градот го напуштиле повеќе од 180 илјади луѓе кои спасот од свирепата одмазда на џихадистите го побара во соседна Турција.
САД им доставуваат оружје на курдските борци кои во северен Ирак се борат со силите на Исламската држава, но нема разработена официјална политика во врска со поддршката на Курдите во соседната Сирија.
Агенцијата Reuters потсетува дека и по повеќе месеци откако САД и Европската унија ги предупредуваат своите државјани да не заминуваат во Сирија за да се борат на страната на Исламската држава којашто на овие територии кон крајот на јуни прогласи калифат., сега се појавуваат информации дека државјани на западните земји им се придружуваат на Курдите и на другите групации кои се борат против џихадистите.
Еден од нив е американецот Брајан Вилсон од сојузната држава Охајо кој им се придружил на силите на милицијата Единици за одбрана на курдскиот народ (YPG) во Камишла, курдски град во Сирија. Истото го сторил и 28-годишниот Џордан Метсон, Американец од Висконсин.
Според податоците на разузнавачките служби на западните земји, вкупно неколку илјади нивни државјани се борат на страната на Исламската држава во Ирак, и особено последните две години во Сирија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.