Свет
Повторната појава на коронавирусот во Пекинг доказ дека вирусот може да се врати кога било

До минатата недела Пекинг речиси заборави на коронавирусот. Кинеската престолнина веќе 55 дена не пријави локална зараза и животот се врати во нормала.
Компаниите и училиштата повторно се отворија, луѓето се вратија на работа, а градскиот јавен превоз и парковите повторно беа полни со луѓе.
Но, сè се промени минатата недела, кога се појавија нови случаи, а до денеска се заразени над 180 луѓе.
Пекин за неколку дена е во делумна блокада. Властите повторно воведоа рестриктивни мерки – затворање населби и училишта и забрана за напуштање на градот. Во само пет дена тестирани се 365 илјади луѓе.
Избивањето на заразата во Пекинг, кој властите го нарекоа еден од најбезбедните градови во земјата, е потсетник на тоа дека вирусот лесно може да се врати во места каде што се мисли дека е искоренет.
Слична приказна се случи и во Јужна Кореја, која многумина ја фалеа поради справувањето со коронавирусот. Корејските власти, навидум, ги ставија под контрола почетните бројки, но ублажувањето на мерките за физичка дистанца и повторното отворање на училиштата го отвори патот за нов бран.
Сингапур исто така за многумина беше пример во борбата против коронавирусот сè додека во април не изби нов бран на зараза меѓу работници мигранти кои живеат во преполни соби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп слета во Израел

„Ер Форс Уан“ штотуку слета на аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе помине неколку часа во Израел, каде што ќе се сретне со семејствата на заложниците и ќе се обрати пред Кнесетот, израелскиот парламент.
Потоа ќе отпатува за Египет на мировен самит со светските лидери и на официјалната церемонија на потпишување на првата фаза од мировниот договор за Газа.
Свет
Аналитичар: Хамас е далеку од поразен, тие не се како ИСИС

Хамас се адаптирал за да преживее и претходно и ќе го стори тоа повторно како што се развива договор за прекин на огнот со Израел, рече аналитичарот за надворешна политика Харли Липман.
Липман изјави за „Скај њуз“ дека Хамас постигнал три главни цели во војната во Газа: ослободување на политички затвореници, враќање на палестинското прашање на насловните страници во светот и оштетување на односите меѓу Израел и Саудиска Арабија.
На прашањето дали прекинот на огнот ќе трае и дали втората фаза од договорот ќе оди според планот, Липман рече дека верува оти ќе трае.
„Можете да видите дека има огромен моментум. Седум заложници веќе се ослободени. Речиси сите го сметаат тоа за чудо. Сите се усогласени, сите работат зад сцената за да го направат ова да функционира“, рече тој.
Сепак, тој истакна дека следните фази ќе бидат многу тешки бидејќи сè ќе зависи од толкувањето на договорот.
„Треба да се запомни дека Хамас сè уште ја отфрла самата идеја за разоружување, па затоа веројатно ќе го сокријат оружјето. Можеби ќе предадат дел, но не сѐ“, рече тој.
Липман додаде дека Хамас не е како ИСИС и ќе продолжи да се адаптира. „Хамас не е како ИСИС – Хамас ќе се адаптира и ќе се менува. Тие веќе го кажаа тоа. Тие ќе учествуваат во политичкиот процес. Тие се многу необични на тој начин“, рече тој.
Тој заклучи дека Хамас разбира што мора да направи за да се прилагоди на новата реалност. „Тие го правеле тоа и претходно. Значи, иако се ослабени во моментов, тие се далеку од поразени“, рече Липман.
Фото: ЕПА
Свет
Израел: Алон е талентиран пијанист, беше киднапиран на фестивал и заробен во Газа две години

Министерството за надворешни работи на Израел објави дека меѓу седумте заложници ослободени во последните денови е и 24-годишниот Алон Охел, млад Израелец кој беше киднапиран на 7 октомври минатата година од музичкиот фестивал Нова.
Министерството објави порака на платформата X „Добредојде дома, Алон Охел“, опишувајќи ги сериозните повреди и бруталните услови во кои бил држен.
Welcome Home, Alon Ohel
Alon, 24, was kidnapped by Hamas on October 7, 2023 from a bomb shelter at the Nova music festival.
Alon suffered serious injuries, including the loss of vision in one eye. His second eye is also at risk.
Released hostages confirmed Alon was held under… pic.twitter.com/hfGFfdMXPi
— Israel Foreign Ministry (@IsraelMFA) October 13, 2025
„Алон (24) беше киднапиран на 7 октомври 2023 година од засолниште на музичкиот фестивал Нова. Тој претрпе сериозни повреди, вклучително и губење на видот на едното око, а видот на другото око е исто така во опасност. Ослободените заложници потврдија дека Алон бил држен во тунелите, врзан и без соодветен медицински третман“, соопшти израелското министерство.
Во соопштението се вели дека Охел е талентиран пијанист кој планирал да студира џез во Тел Авив пред неговото киднапирање.
„Среќни сме што сте дома и едвај чекаме повторно да ве слушнеме како свирите“, се вели во пораката на министерството.
Ослободен по повеќе од две години заробеништво
Алон Охел беше еден од стотиците цивили киднапирани од Хамас за време на нападот врз Израел на 7 октомври 2023 година, во кој беа убиени околу 1.200 луѓе, а повеќе од 250 беа однесени во Појасот Газа. Хамас денес ги ослободи првите седум заложници според мировниот договор со Израел, а се очекува утрово да ги ослободи сите 20 кои се уште се живи, како и да ги предаде телата на починатите.