Забава
Деп откри дека неговата поранешна сопруга имала афера со Кара Делавињ и Илон Маск
Англиската манекенка, актерка и пејачка Кара Делавињ (27) е едно од последните познати имиња поврзани со скандалозниот развод на американската актерка Амбер Херд (34) и холивудскиот актер Џони Деп (57).
Амбер и Деп беа во брак од 2015 до 2017 година, а спорниот инцидент наводно се случил во 2016 година кога Кара имаше афера за една ноќ со поранешната сопруга на Џони во неговиот стан во Лос Анџелес, пишува „Дејли мејл“.
Претприемачот Илон Маск (48), сопственик на SpaceX, наводно им се придружил. Познатото трио имаше афера веднаш по разводот на Амбер од Деп, а скандалозната двојка потоа влезе во судски спор од многу причини, вклучително и семејно насилство.
Деп не ја исклучи можноста да ја повика Кара на суд со цел информациите што ги има да ги искористи против поранешната сопруга. Џони веќе побара од Илон Маск и актерот Џејмс Франко (42) да му ги предадат на судот пораките, имејловите и разговорите што ги имале со Херд во мај 2016 година.
„Во тој случај, сешто може да се случи“, заклучија експертите што го следат случајот на нивниот развод.
Деп ја тужеше својата поранешна сопруга поради написот објавен во декември 2018 година што таа го даде за „Вашингтон пост“ во кој пишуваше за наводната семејна злоупотреба. Тој во новите документи тврди дека обвинувањата на неговата сопруга се комплицирана измама и бара 50 милиони долари отштета за клевета.
„Деп никогаш не ја злоупотребувал Херд. Нејзините обвинувања против него од 2016 година се лажни“, наводно се наведува во тужбата.
Исто така, беше истакнато дека актерот претрпе големи последици по контроверзниот напис, како и финансиски загуби поради филмот и протерување од продолжението „Пиратите од Карибите“.
Актерот исто така изјави во тужбата дека Амбер за време на нивниот брак почнала врска со Илон Маск со кого наводно се гледала ноќе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нела Манческа ѝ донесе седмо место на Македонија на „Јуниор Евросонг“
Нела Манческа со песната „Miracle“, со која ја претставуваше Македонија на „Јуниор Евросонг“, го заврши натпреварот на високото седмо место, освојувајќи вкупно 141 поен.
Конечниот пласман беше одреден од комбинираните гласови на стручните жири-комисии и публиката, при што Македонија оствари одличен резултат кај жирито, пласирајќи се меѓу првите пет земји според нивното гласање.

Во жири-гласањето, Македонија доби 12 поени од Црна Гора и Италија, што дополнително го потврди силниот впечаток што настапот на Нела Манческа го остави кај професионалните оценувачи.
Победник на годинашното издание на Јуниор Евросонг е Франција со освоени 248 поени, второто место ѝ припадна на Украина, а третото на Грузија.
Забава
(Видео) „Miracle“ одекна во Тбилиси: Нела Манческа ја претстави Македонија на Јуниор Евросонг
Вечерва во Тбилиси, Грузија, се одржува 23-то издание на Јуниор Евросонг, а Македонија ја претставуваше Нела Манческа со песната Miracle.
Aвтори на песната се продуцентoт Лазар Цветкоски и Магдалена Ена-Цветкоска која го напиша текстот.
View this post on Instagram
На овогодишниот избор за песна на Детска Евровизија учествуваат 18 земји.
Гласањето можете да го следите во живо на линкот.
Забава
Љубов под елката: Три знаци ќе доживеат филмска љубов до крајот на месецот
Иако декември е хаотичен месец, за некои хороскопски знаци љубовта оваа година доаѓа посилно од очекуваното. Според астрологот Адама Сисеј од „Lilith Astrology“, клучни се транзитите на Венера и Марс – планетите на љубовта, привлечноста и страста. Кога тие се поволно поставени, се случуваат токму оние „филмски“ моменти: вистинско време, вистинско место, вистинска личност.
Овие три знаци имаат најголеми шанси Новата година да не ја дочекаат сами:
Близнаци – Венера и Марс се во силен аспект со вашиот знак, носејќи нови средби, лесна комуникација и природна хемија. Ќе бидете похрабри и поотворени – токму она што ви оди најдобро.
Стрелец – Венера и Марс се во вашиот знак речиси цел месец, па вашата привлечност е на врвот. Спонтани излегувања, флерт и романса доаѓаат без многу напор.
Јарец – Кон крајот на декември, двете планети влегуваат во вашиот знак и ги активираат романтичните и страстните импулси. Можно е новогодишниот бакнеж да биде со некој навистина посебен.
Ако не сте меѓу овие знаци – вреди да го проверите и вашиот подзнак.
Фото: Pexels

