Македонија
Милевски: Регионалниот туристичко-научен музеј за реткиминерали во Пробиштип ќе предизвика локален и светски интерес
Изградбата на регионален туристичко-научен музеј за ретки минерали во Пробиштип е во завршна фаза, велат министерот за локална самоуправа Горан Милевски и градоначалникот на Пробиштип, Драган Анастасов. Вкупниот буџет на проектот изнесува 9,2 милиони денари, Министерството преку Бирото издвоило 5,6 милиони денари, додека од Општина Пробиштип кофинасирале со 3,5 милиони денари.
„Нашата земја е богата со руди и минерали, така што токму овој музеј ќе биде спој на природно богатство и традиција. Музејот во Пробиштип во вистинско време се отвора бидејќи на ниво на општини Пробиштип и Кратово е покрената иницијатива за номинирање на Геопарк во УНЕСКО. Министерството преку Програмата за регионален развој има овозможено средства во висина од 5,6 милиони денари. Проектите кои се реализираат преку Министерство за локална самоуправа за сите нас се од особено значење затоа што имаат трајна вредност и се дел од мозаикот за развојот на нашето општество“ вели Горан Милевски, министер за локална самоуправа.
Во музејот ќе бидат изложени минерали од подрачјето на Осоговските планини, но и од останатите делови на Македонија. Осоговските планини се богати со разни видови на метални руди и немeтални минерали, како резултат на што овде егзистираат поголем број на рудници за олово и цинк како “Злетово” од Пробиштип, “Саса”од Македонска Каменица, “Тораница” од Крива Паланка каде има зеолит и каолин. Ова е единствен ваков музеј во Македонија, со површина од околу 110 м2, а обликот е во форма на кристал од минерал.
„Се надевам дека до почетокот на идниот месец комплетно ќе се заврши, во сите фази овој преубав објект кој е белег на нашата општина по која што е познат Пробиштип. Музејот на ретки минерали, единствен во нашата држава, ќе содржи над 250 експонати, не само од рудниците Злетово, но и од останатите рудници во државава. За нас тоа ќе значи развој на туризмот на општината, бидејќи ќе бидеме единствени во државата, исто така ќе претставува мотив за идните генерации да се продолжи една традиција по што е познат Пробиштип, тоа е рударството, со оглед на струките кои што ги имаме и во нашето средно училиште и на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, така што овој проект е од големо значење за наш развој и афирмација на градот“ додаде градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов.
Музејот се очекува да го посетуваат странски експерти и туристи, како и студенти од факултетот за рударство и геологија во Штип, Факултет за природни и технички науки, учениците од средните училишта во Пробиштип, Македонска Каменица и Битола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Јанев се обрати пред Генералното собрание на ИНТЕРПОЛ, Лукас Филип избран за нов претседател
По четири дена интензивни, продуктивни и содржајни дискусии за клучните прашања од меѓународната полициска соработка, денес во Маракеш, Мароко, заврши 93. сесија на Генералното собрание на ИНТЕРПОЛ. На овој највисок форум на Организацијата беа избрани нови членови на Извршниот комитет, меѓу кои и францускиот претставник Лукас Филип, кој ја презема функцијата претседател на ИНТЕРПОЛ, соопшти МВР.
„Директорот на БЈБ, Александар Јанев, се обрати пред Генералното собрание, со што уште еднаш се потврди силната позиција на македонската полиција во рамките на глобалната безбедносна соработка – како стабилен, доверлив и активен партнер на сите 196 земји членки во справувањето со транснационалниот криминал и современите безбедносни предизвици“, се наведува во соопштението.
Во рамки на сесијата беа усвоени повеќе значајни резолуции, меѓу кои и оние поврзани со промовирањето на ратификацијата на Конвенцијата на ООН за борба против сајбер-криминалот, зајакнувањето на регионалното присуство и оперативниот капацитет на ИНТЕРПОЛ, заедничкиот одговор за сузбивање на центрите за онлајн измами, финансискиот извештај за 2026 година, како и стратешката рамка и програмата за активности за периодот 2026–2030.
Македонија
(Фото) Свлечиште во Шипковица, во опасност четири куќи
Поради обилните врнежи на дожд кои го зафатија западниот регион, преку единствениот број за итни повици 112 е добиена пријава за настанато свлечиште во селото Шипковица.
Од Центарот за управување со кризи информираат дека свлечиштето е во населено место кое претставува опасност за жителите, каде што директно се загрозени четири куќи.
Активиран е Кризниот штаб на Општина Тетово, а на терен се излезени лица од ЦУК, СВР Тетово и Градежен инспекторат од Општина Тетово.
„Во моментот се превземаат мерки и се дадени насоки на месното население да го напуштат живеалиштето поради опасност од појавување на нови свлечишта“, информира ЦУК.
Исто така, на територијата на Општина Штип евидентирани се одрони на камења на патниот правец Делчево – Истибања каде што екипи на ЈП Македонија пат редовно интервенираат и нема застои во сообраќајот.
Одроните на патот кон с.Моштица во Општина Македонска Каменица, од страна на екипи на ЈП Камена река е извршено чистење на одронот и сообраќајот на тој патен правец се одвива редовно.
Македонија
Битиќи: На крај на годината во буџетската каса фалат една милијарда евра
На денешната седница за пратенички прашања, пратеникот од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Фатмир Битиќи, предупреди дека фискалните показатели објавени на 25 ноември откриваат сериозен јаз во приходната реализација на Буџетот.
Наместо планираната динамика, рече тој, државата досега наплатила близу 299 милијарди денари, што е само 82,32% од годишниот план, оставајќи дупка од над 64 милијарди денари или 1,04 милијарди евра, средства кои треба да се обезбедат до 31 декември годинава.
Во прашањето уaптено до заменик министерот за финансии, Николче Јанкуловски , пратеникот Битиќи праша по кои ставки, во кои износи и од кои извори ќе се обезбедат приближно 64,07 милијарди денари (околу 1,04 милијарди евра) за целосна приходна реализација до 31.12.2025 година, дали со дополнително задолжување и на кои финансиски пазари, дали со вонредни и еднократни приходи и дали може јавно да се гарантира дека заради „буџетско затворање“ на годината нема да се доцни со поврат на ДДВ, нема да се создаваат нови доспеани, а неплатени обврски кон фирмите и нема дополнително да се кратат капиталните расходи.
„Евидентно е дека приходната страна на Буџетот не ја следи сопствената проекција и од ден во ден, како се приближува крајот на годината, расте ризикот или потребата од ново задолжување, одложување на финансиски обврски кон стопанството и граѓаните, селективни доцнења на поврат на ДДВ. Заклучно со 31.10.2025 даночните приходи и придонесите се реализирани со 78,61% од планираното (од 250,922 милијарди денари), што значи дека во последните два месеци од годината треба да се „надомести“ повеќе од една петтина од целата годишна наплата, амбиција која историски ретко е остварлива без вонредни мерки. Подсекторскиот пресек е уште поалармантен. Оваа приходна конфигурација на Буџетот зборува за тоа дека е производ на преценета наплата, потценети ризици и затворен процес на планирање кој ја оддалечува фискалната политика од развојните цели“, образложи Битиќи.

