Македонија
Манчевски: „Една точка за услуги“ во Охрид ќе обезбеди информации за електронските услуги
Министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски денеска беше во посета на Охрид, каде изврши увид во почетокот на градежните активности за салата „Една точка за услуги“, сместена во зградата на општина Охрид.
„Овој простор за многу кратко време ќе добие целосно нов изглед и ќе претставува место каде граѓаните ќе можат да добијат информации за сите електронски услуги, достапни на порталот uslugi.gov.mk. Граѓаните кои ќе имаат проблем сами од својот дом да се регистрираат на порталот тука ќе можат да го направат тоа. Дополнително, со помош на Каталогот на услуги, вработените тука ќе можат да ги дадат информациите потребни за добивање на секоја од 761 услуга објавена на порталот. На порталот во моментот се достапни 136 електронски услуги, а овој број постојано ќе се зголемува. Во завршна фаза се активностите за дигитализација на уписот на дете во градинка, упис во училиште, како и дигитализација на дел од услугите кои ги нуди МВР“, рече Манчевски.
Министерот истакна дека причината зошто оваа сала во Охрид ќе биде сместена во општинската зграда, е за да биде поблиску до граѓаните и да им биде подостапна.
„Сакам да се заблагодарам и на градоначалникот кој ја увиде релевантноста на овој проект и ни отстапи простории. На овој начин ја менуваме културата во начинот на којшто работи јавната администрација. Тука нема да има шалтери и редови за чекање. Идејното решение е завршено, фирмата изведувач е избрана останува само да се спроведат сите планирани градежни зафати“, рече Манчевски.
Воедно, министерот потенцираше дека концептот на Една точка за услуги веќе успешно функционира во Скопје, во понеделник почнува со работа и во Тетово, а започнат е и процесот во Куманово. Идејата е постоечките интернет клубови да се претворат во место кое ќе служи како сервисна и регистрациона точка на граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

