Забава
Бред Пит во интервју се навраќа на својата прва голема улога

Бред Пит им е благодарен на Ридли Скот и Џина Дејвис за тоа што го одбрале него за улогата на шармантниот автостопер во „Телма и Луис“, но признава дека не му се допаѓа неговиот висок глас во филмот.
„Немав што да покажам за себе, освен мојата претходна работа, и тие ми дадоа шанса“, рече 56-годишниот актер во интервју за списанието „Сан“ објавено во саботата. Иако е благодарен за улогата со која практично се проби во Холивуд, Пит призна дека не му се допаѓа бојата на неговиот глас.
„Свесен сум за тоа колку е висок мојот глас во филмот. Веројатно сум бил многу стегнат“, се пошегува оскаровецот.
Пит исто така верува дека продуцентите на филмот од 1991 година морале да брзаат да најдат актер за улогата на автостопер поради планот на продукцијата.
„Тие веќе почнаа да го снимаат филмот, и една недела потоа веќе бев на сет, работев“.
А на последната аудиција за „Телма и Луиз“, Бред налетал на пет други актери, од кои едниот бил Џорџ Клуни.
Бред вели дека Џина Дејвис, една од двете главни протагонистки во мегахитот, го извлекла од клупата на која седеле кандидатите.
„Еј русокос…здраво“, директно му се обратила Џина кога ги видела шесттемина.
Џина Дејвис и Сузан Сарандон беа главните ѕвезди во овој филм на Ридли Скот. Пит глуми момче што тие попат го собираат, па завршува во кревет со Џина Дејвис и на крајот и ги ограбува. Токму таа улога беше пресвртница за холивудскиот шармер. Филмот се снимаше во 1990 година, а премиерно почна да се прикажува во киносалите во пролетта 1991 година.
Во долгото интервју за списанието „Сан“, Пит се осврна и на неговото доаѓање во Холивуд и почетоците на неговата филмска кариера. Призна дека го прекинал школувањето и се преселил во Холивуд со речиси празна банкарска сметка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Три летни модни комбинации на Ана Ивановиќ

Ана Ивановиќ е модна инспирација со години, дури и за време на нејзините тениски денови, нејзината вродена елеганција и убавина отсекогаш биле тема на многубројни глобални медиуми.
Познатата српска тенисерка Ана Ивановиќ отсекогаш важела за една од најубавите спортистки. Откога реши да се пензионира и да го остави рекетот настрана, многу повеќе се посвети на модата и убавината, што го покажуваат нејзините објави на „Инстаграм“.
Убавата Србинка неодамна е во центарот на вниманието поради наводниот развод, но сепак сè уште не коментирала на темата, па затоа сè е уште на ниво на претпоставки.
Со оглед на тоа што веќе неколку месеци е поактивна од вообичаено, таа потсети многумина дека не треба многу за совршен стил, доволни се едноставноста и умереноста.
Ана отсекогаш покажувала природна убавина, а нејзините објави се секогаш без никаков филтер.
Подолу ви ги донесуваме нејзините три идеи за одличен летен изглед.
Цветни мотиви
View this post on Instagram
Провокативно, но одмерено
View this post on Instagram
Цвеќиња, но и прорези на фустанот
View this post on Instagram
Забава
(Фото) Холивудскиот убавец не престанува да шокира: „Бред, дефинитивно, има криза на средните години“

Новиот изглед на Бред Пит стана жешка тема на социјалните мрежи, а се чини дека на фановите баш и не им се допаѓа она што го носи познатиот актер.
Познатиот холивудски заводник Бред Пит целосно го промени својот стил на облекување откако почна да ужива во љубовта со 29 години помладата Инес де Рамон.
Тој е во среќна врска од 2022 година и одамна не ја крие оваа убавица, а неодамна вечераа заедно со неговиот голем пријател Бредли Купер и неговата 20 години помлада девојка, Џиџи Хадид.
И потоа Бред привлече внимание со својата облека толку многу што многумина коментираа дека Инес изгледа како божица, а тој како кловн во таков костум.
„Криза на средните години“, напиша некој и можеби тоа е вистина.
За најновото појавување на Инес и Бред, обожавателите повторно беа во шок кога се појави актерот. Тој избра широки фармерки, плишено син сако и кошула со вертикални пруги, сето тоа надополнето со необични чевли со квадратен врв.
Од друга страна, убавата Инес носеше преубава туника во комбинација со ѕвонче панталони, сè украсено со реси, и популарна чанта од „Фенди“.
„Изгледа како да ги потрошил сите пари на неа, па немал за себе“, „Изгледа како божица“, „Бред, дефинитивно, има криза на средните години“, беа некои од коментарите.
Забава
Секогаш проверувајте го кремот за сончање пред да го купите: треба да побарате еден симбол

Секогаш проверувајте го кремот за сончање пред да го купите за подобро да се заштитите од штетните зраци што може да доведат до рак.
Изгореници, сончаница и дехидрација се само дел од ризиците од прекумерна изложеност на сонце без соодветна заштита. Престојот во сенка и пиењето многу вода може да помогне, но кремот за сончање со фактор за заштита од сонце, или СПФ, е сè уште најдобрата заштита, пишува „Мирор“.
Носењето СПФ е важно за заштита на вашата кожа од штетните УВ-зраци. Изложеноста на УВ-зраци без соодветна заштита од сонце може да доведе до изгореници од сонце, осип од топлина, предвремено стареење на кожата и хиперпигментација.
Во некои случаи, изложеноста на УВ-зраци го зголемува ризикот од развој на рак на кожата.
Кога купувате крем за сончање, секогаш треба да купите таков што го има симболот УВА или УВБ. Во кругот треба да има ѕвездички, а бројот на ѕвездички ќе ви го каже нивото на заштита.
Кремовите за сончање се оценуваат од една до пет ѕвездички врз основа на нивото на заштита што го нудат, при што пет, се разбира, се највисока заштита.
Што е СПФ?
СПФ е кратенка за степен на заштита од штетни зраци што предизвикуваат изгореници од сонце. Тој конкретно ја мери ефикасноста на производот во намалувањето на изгорениците од сонце на вашата кожа.
Што се УВА-зраци?
УВА-зраците се штетни и имаат способност да навлезат длабоко во дермисот, слојот на кожата што се наоѓа подлабоко во телото. Овие зраци се постојано присутни во текот на денот и, иако не се веднаш видливи, нивното влијание е значајно – може да продрат низ облаци, па дури и низ стакло.
Познато е дека УВА-зраците продираат подлабоко во кожата од УВБ-зраците, што доведува до долготрајни оштетувања, како што се разни форми на рак на кожата. Тие исто така може значително да придонесат за процесот на стареење, со тоа што предизвикуваат брчки и сончеви дамки.
Што се УВБ-зраци?
УВБ-зраците главно се апсорбираат од епидермисот и горните слоеви на дермисот на кожата. Овие зраци се одговорни за изгореници од сонце и црвенило на кожата. Иако не продираат толку длабоко како УВА-зраците, тие се еднакво штетни. УВБ-зраците значително придонесуваат за развој на рак на кожата, вклучувајќи меланом, а исто така го забрзуваат стареењето на кожата.
Важно е да се напомене дека перципираното ниво на заштита што го обезбедува еден производ може да биде погрешно. На пример, крем за сончање со низок СПФ може да има повеќе ѕвездички што укажуваат на високо ниво на УВА-заштита.
Сепак, ова не е толку точно како кремовите за сончање што имаат наведени и УВА и УВБ-фактори за заштита.