Македонија
Милевски: Ресенчани ќе добијат модерен пазар за подобар пласман на земјоделските производи
Ресен ќе добие модерен регионален пазар кој ќе ја подобри економијата во градот и ќе се зголеми конкуретноста. Mинистерот за локална самоуправа, Горан Милевски, и заменик-министерот Дејан Павлески, заедно со Радмила Шекеринска, заменик-претседател на Владата и министерка за одбрана, градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски, и директорот на центарот за развој на Пелагониски Плански Регион, Гого Видимче, денеска извршија увид на финалните активности на проектот „Реконструкција и модернизација на регионален пазар во Ресен“, во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој, а чини 3.6 милиони денари.
„Од особено значење е подобрување на конкурентноста на Пелагонискиот Регион. Токму затоа, Министерството за локална самоуправа за овој проект издвои три и пол милиони денари. Ние, како држава посветена на земјоделието, со ова докажуваме дека преку вложување и реконструкција на постоечкиот пазар создаваме современа и функционална локација за пласман на земјоделски производи, за целиот регион“, изјави министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.
Инвестицијата опфати реконструкција и проширување на покривот на делот со тезгите за продажба на овошје и зеленчук со челична конструкција, декоративно санирање на бетонски тезги, како и изведба на индустриски под.
„За многу малку време, со многу труд и многу работа успеаја од корен да го променат стариот пазар во Ресен и повторно да им дадат шанса на ресенчани да пазарат таму каде што пазареле генерации, да пазарат блиску до местото, блиску до својот дом, меѓутоа и да им овозможи на сите оние коишто работат од земјоделието и живеат од земјоделието, на достоинствен начин, во здрава работна средина да ги продаваат своите продукти”, вели Радмила Шекеринска, заменик-претседател на Владата и министерка за одбрана.
Со тоа ќе се придонесе кон зголемување на трговијата, а воедно и производството на земјоделски производи, на регионално и национално ниво.
„Среќен сум што конечно добиваме модерно и функционално место кое во исто време ќе го користат и продавачите и купувачите. Горд сум на секој нов проект, на секое дело со коешто ќе се подобри животот на моите сожители, а ние не застануваме тука, со исто темпо заедно со Владата, продолжуваме да работиме за конечно Ресен да го добие сјајот каков што заслужува од секогаш да го има“, изјави градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски.
Исто така, овој проект е од голема економска важност особено за жителите од населените места од различни општини кои гравитираат околу Ресен, бидејќи продажбата на производите на овој пазар за нив претставува единствен извор на приходи.
„Тука нема да застанеме, продолжуваме и понатаму преку Пелагонискиот Регион за општина Ресен во тек е постапка за набавка за метларка, што значи дека сме посветени во заложбите за подобрување на животната средина вo регионот и сакам уште еднаш да потенцирам дека пазарот тука не е само за бенефит на граѓаните на општина Ресен, туку и за сите други општини кои гравитираат околу оваа општина, бидејќи со пазарот ќе се зголеми конкурентноста на самиот Преспански Регион“, додаде директорот на центарот за развој на Пелагониски Плански Регион, Гого Видимче.
Модернизацијата на регионалниот пазар во Ресен има регионално значење затоа што истиот претставува комплекс каде што се одвива економска активност – размена на земјоделски производи, текстил, трговија на мало, ситна стока помеѓу субјекти од сите општини во Пелагонискиот Регион и од соседниот југозападен регион, како и туристите кои доаѓаат во посета на регионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“
Поголема минимална плата? Нема да има. Нема пари ниту за минимална плата, ниту за земјоделците, ниту за пензионерите, велат од СДСМ.
„Очигледно сите ќе мора да се навикнеме дека поголеми плати нема да има.
Ни доаѓаат „економски работници“. Според договорот кој го објавија британски медиуми треба да им се обезбедат плати, сместување, пензии. Ако нема работа мора да им се плати, што значи нема да има ниту за плати ниту за пензии. Така вели договорот.
Не, тоа не се мигранти. Економски работници. Затоа и Законот за странци го сменија.
Може да ги нарекуваме економски работници додека Мицкоски не им даде пасоши, а потоа ќе станат рамноправни граѓани на Македонија.
Што да се прави, договор си е договорот“.
Како што нагласуваат од СДСМ, засега во буџетот недостига само една милијарда евра.
„Само ВМРО-ДПННЕ не се грижи. Има пари до крајот на мандатот за уште криминални тендери“.
Македонија
Сиљановска-Давкова ја прими албанската министерка Спиропали: Заедничката европска перспектива да стане реалност
Регионот како целина треба да се интегрира во Европската Унија без натамошно одложување, заклучија на денешната средба претседателката Гордана-Сиљановска Давкова и министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали, која престојува во официјална посета.
Сиљановска-Давкова го поздрави напредокот на Албанија во пристапниот процес, укажувајќи дека во актуелниот геополитички контекст, напредокот на секоја земја има позитивен ефект врз регионалната евроинтеграциска динамика.
Претседателката потсети дека, по 20 години кандидатски статус, македонскиот пристапен процес станува исцрпувачки маратон, со постојано одложување на целта.
Таа потенцираше дека Копенхагенските критериуми мора да бидат единствените услови за членство и дека билатерализацијата создава опасен преседан, овозможувајќи блокирање на европскиот пат и на други земји кандидатки.
Албанската министерка искажа силна поддршка за македонските евроинтеграции и уверување дека земјите од Западниот Балкан споделуваат идентични цели и вредности и треба заеднички да чекорат кон европското семејство.
Обете се согласија дека регионалната соработка е клучна за стабилноста, добрососедските односи и
инфраструктурното поврзување, а особено за реформски процеси неопходни за членството во ЕУ.
Во трилатералниот меморандум потпишан меѓу нас, Бугарија и Албанија, препознаваме јасно дефинирана временска рамка и динамика за реализирање на активностите врзани за Коридорот 8.
Воспоставувањето на систем со едно застанување „One Stop Shop“ на сите гранични премини меѓу двете земји, сметаат дека ќе придонесе за брза заедничка контрола и јакнење на меѓусебната соработка.
Соговорничките укажаа на потребата од засилена економска соработка и се заложија за продолжување на одличната соработка во НАТО.
Почитувањето на правата на малцинските заедници е додадена вредност за пријателските македонско-албански односи.
Македонија
МЗШВ: Исплатени се 335.963.096 денари кон 1.211 сточари
Денеска е извршена исплата на средства во вкупен износ од 335.963.096 денари кон 1.211 сточари, согласно Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
„Во однос на корисниците на кои не им се исплатени средства по основ на субвенции за 2023 година, информираме дека е потребно истите да се обратат до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, со цел да се изврши детална проверка и разгледување на секој поединечен случај. Грижата за земјоделците продолжува“, велат од таму.

