Спорт
Севилја со трето реми во низа, интересни 2:2 во Вилјареал (видео)

Вилјареал и Севилја одиграа интересно 2:2 реми на „Керамика“, иако на двата клуба им се потребни победи во борбата за европски пласман.
„Жолтата подморница“ прва дојде во водство преку Пако Алкасер уште во 18. минута од мечот, но Севилја успеа да израмни преку Серхио Ескудеро во 39. минута. Во последните секунди од првото полувреме, капитенот Санти Казорла имаше убава асистенција (седма оваа сезона) до Пау Франсиско Торес за ново водство на домаќините, пред во 63. минута Ел Хадади да донесе поен за Севилја.
По третото реми во низа, Севилја останува на третото место на табелата со 53 поени, само еден пред Атлетико Мадрид (кои имаат натпревар помалку), додека Вилјареал се шести со 48 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Рафаел Надал ја доби титулата маркиз

Шпанскиот крал Фелипе VI денеска му ја додели титулата маркиз на легендарниот тенисер Рафаел Надал како признание за неговиот придонес кон нацијата поради неговите неверојатни спортски резултати.
Надал отсега ќе ја носи титулата Маркиз од Левант де Мајорка, островот каде што е роден и живее, а тоа е наследна титула.
За време на својата богата кариера, Надал освои 22 грен слем титули, од кои неверојатни 14 беа на Ролан Гарос, и без сомнение е најдобриот играч во историјата на земјена подлога.
Покрај Надал, кралот ги почести и поп-рок пејачката Луз Касал и параолимписката пливачка Тереза Пералес.
„Тие се гордост на Шпанија и постојана референтна точка на вредности што треба да го инспирираат нашето општество“, објави шпанската кралска куќа.
Спорт
Мбапе е хоспитализиран!

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе е хоспитализиран поради акутен гастроентеритис и е задржан на понатамошни тестови.
Во превод, Мбапе има стомачен грип, а оваа информација официјално ја објави неговиот клуб, Реал Мадрид.
„Нашиот играч Килијан Мбапе има акутен гастроентеритис и е хоспитализиран на дополнително тестирање и лекување“, се вели во соопштението.
Parte médico de Mbappé.
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) June 19, 2025
Реал и Мбапе моментално се во Соединетите Американски Држави, каде што ремизираа со Ал-Хилал во првото коло од Светското клупско првенство на ФИФА.
Мбапе не беше дел од тој натпревар поради повреда, или поточно болест, а сега е откриено точно за што се работи.
Следниот натпревар на Реал е во недела навечер против Пачука, но големото прашање е дали Французинот ќе биде подготвен за тој дуел.
Спорт
Дмитровиќ се сели во Еспањол

Поранешниот српски репрезентативец Марко Дмитровиќ (33) кариерата ќе ја продолжи во Еспањол. Искусниот голман во Еспањол пристигна од Леганес, со кого не успеа да избори опстанок во Примера.
Поранешниот српски репрезентативец доаѓа во Еспањол како замена за Џоан Гарсија, кој неодамна се пресели во Барселона во трансфер вреден 25 милиони евра.
Дмитровиќ треба да биде првата опција на голот на Еспањол следната сезона.
Инаку, откако испадна од Примера со Леганес, Дмитровиќ се поврзуваше со Црвена звезда, но реши да остане во Шпанија бидејќи со уште една година престој во оваа држава ќе ги исполни условите за добивање државјанство.