Македонија
Ден Дончев: Снимките објавени на „Јутјуб“ се извадени од контекст
Поранешниот директор на Фондот за здравство, Ден Дончев, го демантира контекстот на објавените аудио и видеоснимки на „Јутјуб“ на кои наводно прима поткуп. Тој вели дека снимките се нецелосни и дека се извадени од контекст.
„Одлучно и во целост го демантирам контекстот на објавените аудио и видеоснимки со мене. Ги отфрлам сите инсинуации и манипулации кои се со цел да бидам политички деградиран.
Заради објективно информирање на јавноста, би сакал да го опишам контекстот на разговорите во снимките. Забележливо е дека снимките се нецелосни и се вадени од контекст со цел во јавноста да се постигне одреден наратив“, вели Дончев.
За случајот „Дијамед“, вели дека имал многу средби и разговори, некогаш официјални, некогаш консултативни, а некогаш неформални.
„Целта секогаш беше да се најде најдобриот и најсоодветен начин да се заштитат интересите на државата, но притоа ни во еден миг да не се загрозат услугите на пациентите на кои им е потребна дијализа. Токму во двете снимки се разговара за можните стратешки правци за дејноста дијализа по продажбата на ‘Дијамед Македонија’. Мојот став секогаш бил дека институциите на државата се единствени задолжени органи кои ќе го проследат овој случај“, вели Дончев.
За второобјавената аудиоснимка и третообјавената видеоснимка, вели дека се од приватен карактер и не се поврзани со извршување на мојата јавна функција.
„Како што веќе беше објавено во некои медиуми, станува збор за приватни деловни односи помеѓу мој долгогодишен пријател, кој е малцински сопственик во една македонска сателитска компанија, и компанија од Србија како мнозински сопственик“, појаснуваа Дончев.
Тој додава дека објавената видеоснимка е од поодамна и станува збор за снимка од приватен карактер. Секако, вели Дончев, останува понатаму државните институции да си ја вршат својата работа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСM: ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата во Македонија, сакаат да ја замолчат опозцијата по секоја цена
ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата во Македонија со усвојување на предавничка Резолуција во Собранието, велат од СДСМ.
„Ја загрозуваат слободата на говорот и мислењето, сакаат да ја замолчат опозцијата по секоја цена, само да не се зборува за договорот мигранти за пари.
Целта е на опозицијата да ѝ биде забрането да зборува на темата мигранти, под зкана на кривични пријави, кои судовите по итна постапка би ги прифаќале. Затоа и забрзано работат на воспоставување целосна контрола врз судството и обвинителството.
Секој што ја зборува вистината за мигрантите е таргет, да му се заканат со кривична, со затвор, и на тој начин да замолчат каква било дебата за тоа што се случува надвор од очите на јавноста.
Во меѓувреме ќе пласираат лаги и ќе фабрикуваат разни лажни вести, за опозицијата, за новиот тим на СДСМ, се за и сешто“.
Затоа, според оваа партија, во предавничката Резолуција, како што наведуваат, внеле и измислици дека СДСМ подготвувала мигранти, што е целосна лага.
„Кога се носат предавнички резолуции против опозицијата тоа е автократија, вовед во диктатура, режим 2.0.
СДСМ нема да дозволи гушење на демократијата, заедно со граѓаните ќе ја одбраниме Македонија, ќе ја одбраниме демократијата.
Ќе поднесеме претставка до Уставниот суд за уривање на уставниот поредок и основните слободи за да избегаат од националните предавства.
Ќе се обратиме до сите релевантни меѓународни институции. Помош ќе побарме и од институциите на ЕУ, од сестринските партии во Европа“.
Со сите демократски алатки и механизми кои ни стојат на располагање, додаваат од СДСМ, ќе се бориме за Македонија, за слободата и демократијата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла
Времето денеска, променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до -1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 6 степени.
До понеделник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд.
Македонија
Без струја делови од скопски Аеродром, Сопиште, и Сарај
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска ( Четврок ) без електрична енергија ќе останат:
– од 08:00 – 09:00 часот, корисниците од бул.Јане Сандански бр.70 (Општина Аеродром )
– од 08:45 – 14:00 часот, дел од село Кондово, потрошувачите околу пругата и околу градинката. (општина Сарај)
– од 09:00 – 11:00 часот, корисниците од ул.14 Сопиште (Општина Сопиште )
– од 10:00 – 13:00 часот, корисниците пат за село Долно Лисиче после “Ливрам“ (Општина Аеродром).

