Контакт

Забава

Таткото на Лејди Гага откри што му подарила ќерката за Денот на таткото

Објавено пред

Таткото на Лејди Гага, Џо Џерманота, откри дека за Денот на таткото (кој се слави на 21 јуни во САД), од неговата позната ќерка не добил некој подарок на кој би му завидувале , но тоа не му пречело.

dobivaj vesti na viber

„Мојата ќерка Стефани – ака Лејди Гага – ми испрати кутија орео“, рече 64-годишникот низ смеа за време на интервјуто за „Фокс бизнис“. Тој додаде дека неговата втора ќерка Натали е во Њујорк и дека го води на долго возење велосипед.

Џерманота живее во Њу Џерси, и му рече на водителот Даген Мекдауел дека добро се одморил, но и дека повеќе се фокусирал на повторно отворање на дел од неговиот ресторан Џон Траторија, сместен во њујоршкиот кварт Апер Вест Сајд.

View this post on Instagram

So insanely proud.

A post shared by Joe Germanotta (@joegermanotta) on

Њујорк влезе во втората фаза на пандемијата во понеделникот, што значи дека рестораните, од кои голем дел се целосно затворени со месеци, можат да се отворат доколку имаат тераси. Џерманота откри дека прво морал да го затвори својот ресторан (кој ја наведува Гага како инвеститор)две недели, што го искористил за чистење на просторот.

Откако доби заем од државата, Џерманота беше во можност да отплати дел од своите вработени. „Некои од нив се со мене осум, девет години, па морав да се грижам за нив“.

Пред да го добие заемот, Џерманота рече дека им платил на вработените од сопствен џеб. Но, во март, тој се најде на удар на критики откако отвори страница „Go Fund Me“ за неговите вработени. Со оглед на финансискиот статус на неговата постара ќерка – Гага има околу 275 милиони американски долари – критичарите сметаат дека ваквиот потег е непотребен. Џерманота наскоро ја затвори страницата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Фото) САД, Кариби, Доха…поранешната претседателка на Хрватска објави дека ужива да патува

Објавено пред

Од

Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ објави галерија од фотографии од патувања што ја одбележаа нејзината последна година на Фејсбук.

dobivaj vesti na viber

„Патувањата отсекогаш биле важен дел од мојот живот“, напиша таа, додавајќи дека патува толку често што се шегува со пријателите дека со постојано купување нови куфери, „плаќа кирија“.

Како еден од нејзините последни професионални ангажмани минатата година, таа го издвои лансирањето на Euronews Travel Channel во Доха, кое го опиша како „соодветен начин да се заклучи годината што, во многу погледи, беше обележана со движење“.

Таа, исто така, се осврна на своите лични околности, наведувајќи дека изминатата година била тешка за неа на лично ниво. „Минатата година беше напорна за мене на лично ниво“, напиша таа, истакнувајќи дека патувањето ѝ помогнало да ја врати рамнотежата.

Таа изјави дека многу патувала поради работа, но и дека свесно одвојувала време исклучиво за себе. „Патував многу поради работа, но исто така одвојував моменти за себе – моменти за дишење, размислување и собирање сила“, напиша таа.

Таа се потсети на бројните дестинации што ги посетила, вклучувајќи ги САД, карипските острови Ангила и Сент Мартин, Мароко (Маракеш, Рабат, Казабланка и Тангер), како и Доха, Ријад и други места.

Во објавата, таа изјави дека нејзините патувања ја научиле на понизност, истакнувајќи дека ниедна земја, култура или лидер нема „монопол врз вистината, мудроста или отпорноста“ и дека тоа ја научило на важноста на отворениот ум. Таа, исто така, ја нагласи важноста на почитта и довербата во меѓучовечките односи и дипломатијата.

„Почитувањето не е опционално. Заедно со довербата, тоа е највредната валута во човечките односи. Луѓето веднаш чувствуваат дали сте навистина тука за нив или само минливи. Титулите значат многу помалку од автентичноста“, напиша таа.

На крајот од објавата, таа ја истакна љубезноста како важна вредност, заклучувајќи: „Во свет кој често наградува гласност и конфликт, љубезноста гради доверба, лојалност и трајни мостови. На крајот, малкумина се сеќаваат на вашите политики, но сите се сеќаваат како сте ги натерале да се чувствуваат.“

фото/епа

Прикажи повеќе...

Забава

(Фото) Никој не ја погледна Џенифер Лопез во очи: за сè е виновно нејзиното „немирно“ деколте

Објавено пред

Додека церемонијата на доделувањето на Златните глобуси траеше, сите погледи беа насочени кон „афтер-забавата“ каде што се очекуваа бројни ѕвезди, вклучувајќи ја и Џенифер Лопез.

dobivaj vesti na viber

Едно е сигурно, никој не ја погледна Џеј Ло во очи покрај деколтето што го покажа. Латино дивата носеше тесен фустан со светки покриен со реси, кој совршено ја следеше линијата на нејзиното тело, така што пејачката едвај можеше да дише.

Таа, секако, ги истакна градите и единственото нешто што го додаде беше ефектен ѓердан кој беше „светкав“ како и фустанот. Ако некој го погледнеше лицето на Џеј Ло, можеше да види силна вечерна шминка и насмевка што таа не ја симна во текот на целата вечер.

Познато е дека Џенифер Лопез ги обожава високите потпетици, а ако имаат платформа – тогаш тоа е совршен спој! Овој пат, изборот падна на кремасти сандали со платформа кои едвај се гледаа од фустанот.

Уште едно во низата совршени изданија на познатата латино дива. И дали некогаш ќе престане да нè воодушевува со својот изглед?

Прикажи повеќе...

Забава

Природно убави, неодоливи и тешко се забораваат: Најубавите жени се родени во овие знаци

Објавено пред

Прашањето кои се најубавите жени според хороскопот не е обид објективно да се измери убавината, туку игра со стереотипите што ги поврзуваме со знаците.

dobivaj vesti na viber

Ова не е само за цртите на лицето или телото, туку и за енергијата, ставот, начинот на кој некој влегува во соба и остава впечаток.

Хороскопот доаѓа како рамка за опишување на различни видови привлечност – тивката, доминантната, мистериозната или онаа што ја забележувате пред да кажат нешто. Затоа одредени хороскопски знаци постојано се враќаат како „омилени“, иако секој астролог ќе каже дека асцендентот, Венера и целата натална карта често се поважни од самото Сонце.

Вага
Жените родени под знакот на Вага честопати имаат репутација дека се природно убави. Не станува збор само за физичките карактеристики, туку за вкусот, пропорциите и впечатокот за хармонија. Вагата знае како да се облекува, како да се движи и како да се претстави без да изгледа впечатливо. Нејзината привлечност е рафинирана и елегантна, а многу луѓе едноставно ја сакаат – ретко кој ќе каже дека Вагата им е непривлечна, дури и ако не се нивниот личен тип.

Лав
Лавовите не се обидуваат да бидат најпривлечни, но многу често токму така испаѓа. Нивната убавина доаѓа од самодоверба, смиреност и чувство на познавање на сопствената вредност. Тие имаат енергија на главен лик: насмевка што ја исполнува просторијата, коса што ја паметите и став што не бара дозвола. Кај Лавот, често е помалку важно како изгледа, а поважно како се однесува – и токму тоа ја прави толку привлечна.

Шкорпија
Шкорпијата ретко се појавува како класична убавица, но речиси секогаш како – неодолива. Нејзината привлечност лежи во нејзиниот поглед, нејзината тишина, нејзината мистерија и чувството дека зад сè има длабочина. Тоа е убавина што не се открива веднаш, туку станува посилна со текот на времето. Скорпиите се синоним за интензитет, а тој интензитет е невозможно за многумина да го игнорираат.

Бик
Жените Бик често имаат помека убавина: топли црти на лицето, пријатен глас и смирувачко присуство. Нивната привлечност не е агресивна, туку физичка и сензуална, речиси опиплива. Бикот знае како да ужива во своето тело и работите што го истакнуваат, а оваа поврзаност со себе изгледа многу заводлива. Тоа е видот на убавина што е поврзан со допир, блискост и чувство на сигурност.

Овен
Овните можеби не секогаш имаат совршени пропорции, но имаат искра. Нивната привлечност доаѓа од енергија, директност и храброст. Жените Овни честопати изгледаат спортски, живи и малку бунтовни, со поглед што вели дека не се плашат од ништо. Тоа е убавината на акцијата, брзината и ставот – и за многумина токму оваа нефилтрирана енергија е најпривлечна.

Водолија
Водолиите често се оние за кои луѓето велат дека се згодни, но не можат сосема да објаснат зошто. Нивната привлечност лежи во различноста: во необични црти на лицето, неочекуван стил или дистанца што изгледа интригантно. Не е убавина што им се допаѓа на сите, но кога некому му се допаѓа – тешко е да се заборави. Водолијата има таа „кул“ енергија што ја паметите.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет35 минути

Денешниот состанок во Вашингтон ја одлучува судбината на Гренланд

Денес во Белата куќа се одржува состанок кој би можел да ја одреди иднината на Арктикот, но и на самиот...

Свет60 минути

Сестрата на Ким Јонг Ун: Надежите на Јужна Кореја за подобри односи со Северот се само илузија

Ким Јо Јонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, изјави дека надежта на Јужна Кореја за подобрени односи е...

Свет1 час

Трамп: Сакам да победам во Иран, обожавам да победувам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе „преземе многу силни мерки“ ако иранските власти почнат да ги бесат...

Македонија1 час

Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува

Во Клубот на пратениците денеска треба да се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со...

Свет9 часа

(Видео) Премиерот на Гренланд: Ако треба да избереме помеѓу САД и Данска, ја бираме Данска

Премиерот на Гренланд изјави дека доколку неговиот народ мора да избере „тука и сега“, ќе ја избере Данска пред САД....

Европа10 часа

Поранешни вработени го обвинија Хулио Иглесијас за сексуална злоупотреба, откриени детали

Шпанскиот пејач Хулио Иглесијас е обвинет за сексуален напад од страна на две поранешни вработени, кои тврдат дека биле подложени...

Македонија13 часа

(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави...

Европа13 часа

Зеленски се обиде да го назначи поранешниот премиер за министер за енергетика, парламентот го одби

Украинските пратеници го отфрлија назначувањето на министерот за одбрана во заминување Денис Шмихал за министер за енергетика, што е ретка...

Свет14 часа

Бројот на жртви варира во голема мера: „Иран Интернешнл“ тврди дека најмалку 12.000 луѓе се убиени во протестите

Се појавуваат извештаи за илјадници жртви во немирите во Иран, што би претставувало најголем број смртни случаи во протестите од...

Свет14 часа

Каја Калас: Историјата е полна со примери за паѓање на режими, но прашањето е што следува потоа

Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изјави дека е неизвесно што ќе се...

Македонија14 часа

Времето утре – сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 10 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен...

Македонија16 часа

Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права

Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд...

Македонија18 часа

Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари

Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата...

Македонија19 часа

Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина

Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина. Според...

Македонија19 часа

МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика

Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба....

Македонија19 часа

Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став...

Македонија20 часа

Техничката влада мора да остане, велат од СДСМ

Техничката влада мора да остане. Таа е единствена шанса, единствен обид за некакви минимални услови за фер избори, велат од...

Македонија23 часа

Со паричка во погача, голем број семејства вечерва ќе ја дочекаат Старата Нова година

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер се дочекува православната нова година, кај народот позната уште како...

Топ1 ден

Во Кавадарци се води истрага за два случаи на сексуално насилство врз деца

Кавадаречкото Обвинителство  споведува истрага за два одвоени случаи во кои има сомненија за силување на дете кое не наполнило 15...

Свет1 ден

Словачките лидери едногласни: Крај на воената помош за Украина

Највисоките словачки функционери – претседателот Петер Пелегрини, премиерот Роберт Фицо и претседателот на парламентот Рихард Раши – потврдија единство околу...