Свет
Русите гласаат дали Путин ќе биде на власт до 2036 година
Во Русија почна седумдневно гласање за уставните реформи, со кое ќе се одлучи дали Владимир Путин ќе може да биде реизбран за претседател. Гласањето се одвива и покрај загриженоста од ризик од ширење на коронавирусот, кражба на гласови и критики за реформите што доаѓаат од опозицијата, пренесува „Ројтерс“.
Опозицијата смета дека Путин е на власт долго време и дека усвојувањето низа реформи би можело да се сфати како уставен пуч. Ако се усвојат уставните измени, Путин ќе може да се кандидира за претседател уште двапати откако ќе му истече сегашниот мандат во 2024 година. Ова значи дека усвојувањето на уставните реформи ќе му овозможи на актуелниот претседател на Русија да остане на власт до 2036 година.
Во Русија, бројот на заразени со вирусот надмина 600.000, поради што оваа земја е на третото место во светот, зад САД и Бразил.
Секој ден во оваа земја се потврдуваат неколку илјади нови случаи на заболување, иако надлежните укажуваат дека епидемиолошката состојба започнала да се подобрува и дека ќе бидат преземени сите неопходни мерки за заштита при гласањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Седум бебиња загинаа во голем пожар во болница во источниот дел на Њу Делхи
Седум бебиња загинаа во голем пожар во болница во источниот дел на Њу Делхи, а пет се спасени и префрлени во друга болница, соопштија денеска локалните власти.
Сопственикот на болницата за бебиња во која избувна пожарот во саботата е во бегство, соопшти полицијата.
Како што пренесе Тајмс оф Индија, пожарот е ставен под контрола, а истрагата за причините за несреќата е во тек.
Свет
Вирусот на птичји грип е пронајден во говедско месо во САД
Вирусот на птичји грип е пронајден во говедско месо во САД, но официјални лица изјавија дека месото потекнува од една болна млечна крава и дека не било дозволено да се најде во продавниците во земјата, соопшти американското Министерство за земјоделство.
Надлежните прецизираат дека говедското месо останува погодно за консумирање.
Министерството соопшти дека вирусот бил откриен за време на тестирањето на 96 млечни крави кои биле извадени од производната линија бидејќи федералните инспектори забележале знаци на болеста при рутински прегледи на трупови во погоните за преработка на месо. Птичји грип е пронајден само кај една од овие крави.
Птичјиот грип е пронајден во стадата млечни говеда во девет држави, откриен е во млеко и предизвика уништување на милиони кокошки и мисирки. Сепак, неговото откритие во говедско месо е новост за епидемијата што започна во 2022 година.
Регион
Состојбата на словачкиот премиер Фицо се подобрува
Лекарскиот тим, што се грижи за словачкиот премиер Роберт Фицо, по минатонеделниот атентат денеска потврди дека неговата состојба е субјективно подобрена, соопшти прес-службата на словачката Влада.
Фицо се лекува во болницата „Рузвелт“ во Банска Бистрица.
Тој беше застрелан минатата среда од 71-годишниот писател Јурај Цинтула, кој веднаш беше приведен од полицијата.