Македонија
Филипче ќе бара разрешување на Зибери, откако тој најави отворање на границите зa иселениците да гласаат
Министерот за здравство, Венко Филипче, најави можна смена на директорот на Центарот за јавно здравје – Скопје, Арбен Зибери, кој на „Фејсбук“ објави дека како член на Комисијата за заразни болести дал придонес за отворање на границите со цел граѓаните да дојдат и да гласаат за Албанец да биде избран за премиер.
Филипче повикот на Зибери го нарече евтина и лоша предизборна реторика.
„Директорот Зибери не е член на Комисијата за заразни болести. Ова сметам дека е некаква предизборна реторика, евтина и лоша. И со оваа изјава, директорот нема да добие ништо. Целиот овој изминат период Комисијата работи врз основа на медицински индикатори, на медицината како наука, на епидемиологијата. Сметам дека ваква изјава не доликува на доктор, посебно на еден човек кој раководи една таква институција. Јас уште денеска ќе се консултирам со правниците и доколку во овој период може, директорот денес ќе биде сменет“, рече Филипче.
Зибери, пак, на социјалните мрежи објави повик за иселениците, на кои им порача дека можат да дојдат дома без тестови и изолација, благодарение на неговиот придонес, како и придонесот на ДУИ. На крајот од објавата, Зибери напиша: „Зошто да не, дојдете дома за Албанец премиер“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

