Контакт

Вести

Арабија погуби 47 луѓе, меѓу нив и шиитски клерик

Објавено пред

Саудиска Арабија во саботата погуби 47 луѓе осудени за „тероризам и поттикнување на него“, меѓу кои се и шиитскиот проповедник Нимр Бакер ал-Нимр. Кој беше истакнат претставник на опозицијата на саудискиот режим, како и еден од челниците на ќелијата на Ал Каеда Фарис аз-Захрани, кои на смртна казна беа осудени во 2014 година, а осуди за егзекуциите пристигнуваат од сите страни.

dobivaj vesti na viber

Осудениците се погубени во дванаесет различни градови во саудиската монархија, се додава во соопштението на министерството за внатрешни работи. Меѓу лицата кои се погубени во саботата има сунити осудени за учество во крвавите напади од 2003 и 2004 година, за коишто одговорноста ја презема Ал Каеда, како и еден Египќанец и државјанин на Чад, пренесе саудиската државна агенција SPA.Шеикот Нимр ал-Нимр, 56-годишен, беше жесток критичар на сунитската династија Ал Сауд, и го предводеше опозициското движење формирано во 2011 година на истокот од Саудиска Арабија, каде живее најголемата шиитска заедница, која инаку е малцинство во земјата. Шиитите се жалат дека се маргинализирани во земјата којашто е позната о практикување на најконзервативниот облик на сунитскиот ислам.Шеикот ал-Нимр судот за случаи на тероризам во саудиската престолнина Ријад во октомври 2014 година го осуди за „бунт“, „непослушнсот кон монархот“ и „поседување оружје“. Иран, доминантно шиитска регионална сила која им напнати односи со Саудиска Арабија, повеќепати апелираше до Ријад да го поштеди животот на шиитскиот челник. Во саботата на критиките на Техеран, се придружија и Либан, Сирија и Ирак, каде што живеат големи шиитски заедници.Братот на ал-Нимр изјави дека семејството е шокирано, но се надева дека реакциите на веста за погубувањето на неговиот брат ќе бидат мирни.„Шеикот Нимр уживаше голем углед во заедницата и воопшто во муслиманското општество и нема сомневања дека ќе има реакции. Се надеваме дека  тие ќе бидат мирни. Реакција надвор од тие рамки не би требало да има. Доста е крвопролевања“,  изјави Мохамад ал-Нимр.Либанскиот врховен исламски шиитски совет го осуди погубувањето порачувајќи дека станува збор за „тешка грешка“. „Погубувањето на шеикот ал-Нимр е погубување на разумот, умереноста и дијалогот“, се вели во соопштението на потпретседателот на советот, шеикот Абдел Амир Калабан. Влијателниот ирански верски челник, близок на владејачките кругови, го осуди погубувањето и оцени дека ќе има последици за саудиското кралско семејство. „Не се сомневам дека таа чиста крв ќе ја извалка куќата Ал Сауд и ќе ги избрише од страниците на историјата. Злосторство со погубувањето на шеикот ал-Нимр е дел од злосторничкиот образец на ова предавничко семејство…., се очекува дека исламскиот свет ќе го осуди овој злогласен режим најсилно што е можно“, изјави ајатолахот Ахмед Хатеми, член на Советот на експертите, а ги води традиционалните петочни молитви.Погубувањето на шеикот го осуди и пратеникот во ирачкиот парламент Мохамед ал-Сајхуд, порачувајќи дека целта на овој чин е да се разгоре судир меѓу сунитите и шиитите и „да го запали регионот“.Саудиска Арабија во изминатата 2015 година егзекутирала 157 луѓе, а повеќето од нив се извршуваат со обезглавување со сабја. Така ланската стана рекордна година во извршување на смртна казна во монархијата по 1995 година, кога биле погубени 192 лица, според Amnesty International.Последните години се погубувани во просек од 79 до 90 луѓе осудени за „дела кои не се поврзани со смртни случаи, како оние поврзани со дроги“, се наведува во извештајот на споменатата меѓународната група за човекови права. Според ноемврискиот извештај на Amnesty International, околу 40 отсто од вкупниот број егзекуции во 2015 година, односно најмалку 63, вклучително врз 45 странски државјани, биле за кривични дела поврзани со трговија со наркотици. „Странските државјани, повеќето работници мигранти од земјите во развој, се особено ранливи бидејќи тие обично не го или малку го знаат арапскиот јазик и не им се дозволува соодветен превод на судењата“, се вели во извештајот и се додава дека „судењата се одржуваат во тајност и обвинетите ретко имаат пристап до одбрана“. Според организацијата чие седиште е во Лондон, често „признанијата“ се изнудуваат со тортури или измами.Претходен извештај, од август минатата година, говореше дека повеќе од 2.000 луѓе се погубени во Саудиска Арабија во периодот меѓу 1985 и 2013 година, од кои половината биле странци. Се додава, исто така, дека саудиските власти не ги поштедуваат и лицата со ментални пречки во развојот од егзекуции.Повеќето од егзекуциите се вршат на јавни простори, а во некои случаи обезглавените тела се оставаат да висат на плоштадите како „порака“, забележуваат критичарите.Ријад е под силен притисок поради најголемата стапка на извршување смртни казни во светот. Според саудискиот закон, отпадништвото од верата, вооружен грабеж, шверц со дроги, силување и убиство се дела за кои се изрекува смртна казна./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Ѓорѓиевски отпушти 500 вработени

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека се отпуштени 500 вработени од претпријатијата на Скопје затоа што се месеци,...

Македонија8 часа

Детали за кражбата на кабли во која е вмешан и полицаец: Направиле штета од 600.000 евра, а поради пожар граѓаните останале без струја

Основното јавно обвинителство Скопје објави детали за кражбата на кабли во кругот на фабриката „Железара“ во која е вмешан и...

Македонија13 часа

Исплатите од ИПАРД програмата привремено прекинати поради проверка на законитоста

Македонија преку структурите и органите за управување на средствата од ИПА/ИПАРД донесе одлука за времен прекин на исплатите на средствата...

Македонија15 часа

Пендаровски му одговори на Фрчкоски: Никогаш не сум мешетарел, тоа го прават други кои се занимаваат со кафеанско озборување

Поранешниот претседател Стево Пендаровски ја отфрли изјавата на Љубомир Фрчкоски дека мешетари во СДСМ и дека има улога во можни...

Топ16 часа

Приведена жена од Кавадарци поради напад врз своето 6-месечно бебе

Утрово, околу 6 часот, полицијата во Скопје приведе 23-годишна девојка од Кавадарци, која се сомничи дека ноќеска, околу 00:37 часот,...

Македонија16 часа

„’Вреди’ до Јаневска“: Непознавањето на албанскиот јазик не треба да води до фрустрација

Вчера, за време на јавен настап, министерката за образование, Весна Јаневска, во два или три наврати изрази незадоволство од комуникацијата...

Македонија16 часа

Половина од младите во Македонија не веруваат дека земјата некогаш ќе стане членка на ЕУ

Повеќе од 46 отсто од младите во Македонија не веруваат дека земјата ќе стане членка на Европската унија, покажува новиот...

Македонија17 часа

Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ, предупредува МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека до неколку граѓани од страна на сторители што лажно се претставуваат во име на...

Македонија19 часа

Комисијата за историски прашања е алиби за моментно многу комплицираните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија, вели Димитров

Комисијата за историски прашања со РСМ е еден вид алиби за моментно многу комплицираните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија,...

Свет21 час

Турција сака безбеден премин за 200 цивили заробени во тунелите во Газа

Турција се обидува да обезбеди сигурен премин за околу 200 цивили заробени во тунелите во Газа, откако го олесни враќањето...

Свет22 часа

Сенатот постигна договор: заврши најдолгата блокада на буџетот во историјата на САД

Американските сенатори постигнаа привремен договор со кој ќе се стави крај на буџетската парализа што блокираше некои јавни услуги рекордни...

Европа22 часа

(Видео) Зеленски: За разлика од целиот свет, јас не се плашам од Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека, за разлика од многу западни лидери, не се плаши од Доналд Трамп и ги...

Свет22 часа

(Видео) Супертајфун ги погоди Филипините: бројот на жртви расте, еден милион луѓе принудени да се евакуираат

Супертајфунот Фунг-вонг ги погоди Филипините вчера, при што загинаа две лица, а еден милион луѓе беа принудени да се евакуираат...

Европа22 часа

(Видео) Нов напад врз Крим: погоден важен руски складиштен објект за нафта

Украинските војници во неделата нападнаа руско складиште за нафта во близина на селото Гвардејское на окупираниот украински полуостров Крим, објави...

Европа23 часа

(Видео) Судир на возови во Словачка, десетици повредени

Два воза се судрија ноќеска во Словачка откако едниот се удрил во задниот дел на другиот, при што се повредени...

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски: За два дена од Скопје се исчисти над четири и пол илјади тони отпад, скопјани имаат човек на кој може да се потпрат

Над четири и пол илјади тони отпад или четири до пет пати повеќе од секој вообичаен викенд што се собирало...

Топ1 ден

Пијан возач од Турција направи хаос во Аеродром

Полицијата објави фотографија од сообраќајката што се случила синоќа на улицата Матеја Матевски во Аеродром, кога возач на „БМВ 5“...

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски со предупредување до граѓаните, ќе се казнува секој што ќе фрла отпад

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека акцијата за чистење „72 часа“ се одвива одлично, со цел градот да...

Македонија2 дена

Таткото на едно од девојчињата загинати со „Пулс“ објави видео од нејзиното последно излегување од дома

Александар Наунов, таткото на трагично загинатата Надица, една од 63-те жртви во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сподели видео...

Македонија2 дена

Јаневска: Следната година нема „прогледување низ прсти“ ако директорите не нарачаат учебници на време

Директорите на училиштата треба многу сериозно да си ја сфатат работата дека се должни да ги почитуваат законите и да...