Црна хроника
Тешко повреден пешак во Тетово
Дваесет и тригодишен возач удрил во пешак на булеварот Илинденска во Тетово.
Според информациите на МВР, вчера во 15:40 часот било пријавено дека автомобил „фоклсваген голф“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Б.А.(23) од Тетово, удрил во пешакот Џ.И.(35) од село Слатино.
Во незгодата Џ.И. се здобила со тешки телесни повреди по што била пренесена во Клиничката болница Тетово за укажување лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Mлад скопјанец натепан во автобус во Карпош од две двојно постари лица
Синоќа во градски автобус на подрачјето на Карпош, Н.Ј.(23) од Скопје бил физички нападнат од Ј.И.(58) и 50 – годишната Л.И., двајцата од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Топ
Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат
Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит Пазар, нејзините малолетни деца биле физички нападнати од двајца малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Топ
Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница
Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово.
Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во Ургентниот центар.
Засега е познато дека зад нападот стои едно лице, но од МВР без детали што претходело и дали двајцата се познавале.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.