Регион
Пленковиќ одбива да оди во самоизолација и по позитивниот тест на Горан Иванишевиќ

Откако Горан Иванишевиќ објави дека е позитивен за коронавирус, целосно е срушена структурата на која хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ ја изгради позицијата дека не мора да се изолира себеси. Шефот на владата тврдеше дека е негативен на тестот, но Иванишевиќ дури на третото тестирање откри дека има Ковид-19, пишува хрватски „Индекс“.
Пленковиќ е тестиран три пати од појавувањето на Ковид-19 – еднаш по турнирот во Задар. Иванишевиќ, како што објави, го стори тоа трипати во последните десет дена: првите двапати тој беше негативен.
Шефот на хрватската извршна власт беше во близок контакт со тенисерот Новак Ѓоковиќ, исто така заразен со Ковид-19. Тие се допираа со тупаници, а Пленковиќ го допре по рамо.
Критериумите за испраќање во двонеделна самоизолација во Република Хрватска се многу строги, доволно е да се врати некој од Босна и Херцеговина, Србија, Македонија или Косово и да му биде одредена двонеделен карантин. Пленковиќ сè уште го отфрла.
Тој се повикува на резултатите од тестот и на краткото време поминато во друштво на заболените. Но како што може да се види и од случајот на Иванишевиќ, тестот не мора веднаш да го открие присуството на вирусот во човечкото тело. Но, премиерот води предизборна кампања и двонеделно седење во затворен простор е последното нешто што му треба сега кога патува низ земјата и споделува ветувања. Дури и денес во Копривница беше јасно – тој нема да биде изолиран.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.