Македонија
(Видео) Шахпаска: Обезбедивме праведна држава, време е за правна држава
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија изминативе три години покажа дека сите градови и населени места во државата се важни. Покажа и што значи вистинска грижа за сите граѓани подеднакво, а особено за најранливите категории на граѓани, преку носење на вистински и исправни политики и мерки, изјави Јагода Шахпаска од СДСМ, носителка во ИЕ 3 која беше во посета на Градско.
„За неполни три години, ја зголемивме социјалната помош за 300 отсто и неколкукратно го зголемивме опфатот на корисници, воведовме детски и образовен додаток за поефикасна борба против детската сиромаштија. Ја зголемивме минималната плата од 9.000 на 14.500 денари, со тенденција во следниот мандат да достигне 20.000 денари. Го решивме статусот на 12.000 стечајни работници. Денес тие добиваат по 8.000 денари месечно до нивно пензионирање“, рече таа.
И во време на светска пандемија предизвикана од корона вирусот, додаде Шахпаска, обезбедуваме институционална и солидарна помош за сите погодени од кризата.
„Направивме пресврт и јасна разлика. Од општество под режим во кое ВМРО-ДПМНЕ газеше врз достоинството на луѓето, станавме социјално општество во кое се води грижа за секој поединец и сите уживаат еднакви права. Драги мои сограѓани, после сите промени кои ги направивме изминативе години, време е за ред, правда и дисциплина. Нема веќе одложување, време е да изградиме праведна држава со прочистување на правосудството од корумпираните судии и обвинители“, рече Шахпаска.
Таа истакна дека не смее повеќе да има судии кои застаруваат предмети. Во спротивно, рече Шахпаска, ќе бидат разрешени по автоматизам.
Најви дека започнува детална проверка на имотната состојба на сите судии и обвинители и темелна ревизија на 5% од сите судски пресуди во последните 5 години, по случаен избор.
„Време е за ред и дисциплина во сите институции. Воведуваме законска обврска за јавна објава на сите службени трошоци на сите функционери во извршната, локалната и судската власт, а за оние раководители кај кои е утврдено нечесно работење ќе следуваат санкции. Администрацијата мора да им служи на граѓаните и затоа, дополнително ја професионализираме и ја намалуваме за 20%. Системот на патни трошоци покажа можност за злоупотреби и сериозно ја намали довербата на граѓаните во своите претставници. Затоа, ги укинуваме патните трошоци за пратениците во Собранието“, рече Шахпаска.
Додека СДСМ нуди грижа за сите, додаде таа, ВМРО-ДПМНЕ нуди погазување на достоинството на граѓаните.
„Додека СДСМ нуди професионални институции во служба на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ нуди партизирана администрација во служба на лични и партиски интереси. Затоа, на 15 јули граѓаните ќе изберат да живеат во праведна држава,ќе изберат неселективна правда, наместо ново Сваровски судство“, изјави Шахпаска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Меџити-Спиропали: во фокусот актуелните случувања
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити ја пречека Елиса Спиропали, министерка за Европа и надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета во Скопје.
Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, при што беа разгледани актуелните регионални случувања, улогата на албанската дипломатија во зајакнувањето на сеалбанските врски, како и значењето на продлабочувањето на меѓуинституционалната соработка во функција на заедничките интереси на двете држави.
Спиропали и Меџити положија цвеќиња пред споменикот на националниот херој Ѓерѓ Кастриоти Скендербег, во знак на почит кон визијата на овој историски водач за европската ориентација на Албанците, соопштија од кабинетот на Меџити. По тој повод, беше повторно нагласено дека иднината на Албанците е во Европската Унија, како заедница на демократски вредности и успешен модел на институционална, културна и политичка интеграција на сите народи.
„Присуството во Чаир дополнително испрати јасна порака на политичка блискост, институционална поддршка и директно внимание на државата Албанија кон Албанците во Северна Македонија.
Оваа средба го потврди заедничкиот интерес за зајакнување на соработката и институционалната координација, со фокус на развојот, интеграцијата и зачувувањето на вредностите што нè поврзуваат како држави и како народ“.
Македонија
Ѓорѓиевски: Подаривме радост на 100 дечиња од згрижувачките семејства од Скопје и од организационите единици при ЈУ Детски дом „11 Октомври“
Вечерва, срцето на градот чукаше најсилно токму таму каде што се најчистите насмевки.
Со организација на кино-проекцијата на филмот „Биби и Боби“, им подаривме радост на 100 дечиња од згрижувачките семејства од Скопје и од организационите единици при ЈУ Детски дом „11 Октомври“, истакна скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, откако беше организирана посебна вечер наменета за децата од згрижувачките семејства и од ЈУ Детски дом „11 Октомври“.
„Сала исполнета со смеа, возбуда и детска искреност, моменти што нè потсетуваат колку малку е потребно за голема среќа, а колку многу значи вниманието.
По завршувањето на филмот, поделивме новогодишни пакетчиња за сите дечиња.
Како градоначалник, но пред сè како човек, останувам цврсто посветен на создавање можности, поддршка и сигурност за најмладите, особено за децата кои се дел од системот на социјална заштита.
Нивната радост е нашата најголема обврска.
Секое дете заслужува внимание, љубов и убави празнични денови“.
Македонија
Намалена видливост поради појава на магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 70 метри има на патниот правец Дебар – Струга, од 100 – 150 метри на патниот правец Куманово – Крива Паланка и од 50 – 100 метри на патниот правец Велес – Катланово.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Фото: депозитфотос

