Спорт
Поарие го доби Хукер во најдобриот УФЦ меч во 2020 (видео)

Дастин Поарие успеа делумно да ја врати својата репутација, откако во еден од најдобрите УФЦ дуели во 2020 го совлада Ден Хукер во УФЦ на ЕСПН 12 во Лас Вегас, во меч кој дел од коментаторите уште сега го сместуваат во најдобрите во историјата.
Поарие (18-5) е поранешен преоден шампион во лесна категорија, кој последен пат изеде ќотек од Хабиб Нурмагомедов во септември, додека Хукер (10-5) го сметаа за еден од најталентираните млади фајтери во оваа категорија и двајцата приредија 25-минутна крвава и интересна борба. На крајот судиите одлучија дека Поарие победил со 48:47, 48:47 и 48:46 за шеста победа во последните седум меча.
Двајцата започна фуриозно со удари со нозете и Хукер беше подобар поради повеќето упатени удари, пред втората рунда да биде една од најинтересните и најхаотичните во историјата на УФЦ, кога и двајцата не се штедеа и не мислеа многу на одбраната. Иако се сметаше дека Поарие заостанува по првите две рунди, тој почна да доминира, посебно во боречките зафати и очигледно имаше повеќе сила да го заврши мечот.
„Верував во мојот тим и мојата умешност. Мислам дека можев да одам уште неколку рунди ако тоа беше потребно“, вели Поарие.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Непознат маж се обиде да направи хаос на „Џиро д’Италија“

Непознат маж, според италијанските медиуми, станува збор за 67-годишник, кој со помош на жена се обидел на радикален начин да предизвика прекин на трката Џиро д’Италија.
Велосипедистите возеа од Губи до Сиена во петокот, тоа беше деветтата етапа, но неколку дена претходно, во шестата, споменатиот инцидент се случи на рутата од Потенца до Неапол.
Тука се укажала можноста постариот човек да го спроведе својот луд план, за среќа, и за чудо, сите поминаа без последици.
Целата ситуација беше многу драматична.
Имено, во моментот кога „натрапникот“ со поддршка од жена се обидел да развлече јаже со кое очигледно имал намера да ги собори велосипедистите, покрај него минувале Енцо Палени (Групама-ФДЈ) и Тако ван дер Хорн (Интермах-Ванти), кои за среќа го избегнале најлошото.
Влечењето јаже не беше синхронизирано и нападот не успеа. Сепак, тоа не беше крајот на „перформансот“ на напаѓачот, тој остана на улицата, во меѓувреме извади палестински шал, и како камиказа почна да ја преминува улицата во моментот кога поминуваше пелотонот велосипедисти.
Овој навистина опасен чин беше форма на протест против учеството на израелската компанија „Премиер Тек“ во трката.
Спорт
(Видео) Евертон со победа се збогува со „Гудисон“

Фудбалерите на Евертон го победија Саутемптон (2:0) и се збогуваа со „Гудисон Парк“, каде што во иднина ќе игра само женскиот дел од клубот.
„Карамелите“ играа на овој стадион 133 години, одиграа вкупно 2.327 натпревари, а од следната сезона ќе настапуваат на новиот, со капацитет од 53.000 седишта, кој ќе го носи името на компанијата „Хил Дикинсон“.
Двоен стрелец за домашниот тим во натпреварот со „Светците“ беше Илиман Ндијаје, кој прво постигна гол во шестата минута, а потоа и во втората минута од судиското продолжение во првото полувреме.
Саутемптон можеше да постигне почесен гол до крајот од натпреварот, но Џордан Пикфорд ги спречи обидите на Рос Стјуарт и Камерон Арчер.
Оваа средба немаше позначаен резултат, Евертон е сè уште на 13-то место со 45 бода, едно коло пред крајот, додека Саутемптон одамна испадна од лигата и собра само 12 бода.
Евертон ќе ја затвори сезоната со гостувањето кај Њукасл, додека Саутемптон ќе го пречека Арсенал.
Спорт
Флик против Виљареал ќе излезе со историска стартна постава

Барселона денес го пречекува Виљареал на својот стадион во рамките на 37-то, претпоследно коло од Ла Лига. Натпреварот нем никаква жаност за Каталонците бидејќи тие веќе ја обезбедија титулата, додека Виљареал со триумф, во пресрет на последната рунда ќе си обезбеди место во Лигата на шампионите.
Тренерот Ханси Флик потврди дека ќе има ротација во тимот и ја најави можноста за почетен состав кој би можел да влезе во клупската историја.
Каталонскиот гигант ја обезбеди титулата на две кола до крајот, со победа од 2:0 над градскиот ривал Еспањол. Откако, во петокот го прослави освојувањето на шампионската титула, како и трофеите во Купот на кралот и Суперкупот на Шпанија, Флик на прес-конференција објави промени во тимот.
Тој откри дека размислува да го започне тимот исклучиво со играчи кои произлегле од Ла Масија, познатата младинска академија на Барселона.
„Разговаравме за потенцијалниот состав со сите 11 играчи од Ла Масија. Постои шанса да го направам тоа, но сè уште не сум донел конечна одлука“, рече германскиот стратег.
Доколку оваа ротација навистина се случи, Барселона прв пат во клупската историја, во официјален натпревар, по започнале со сите единаесет играчи во стартниот состав кои се продукти на Ла Масија.