Македонија
Димитров и Каевски: 16 милиони за спортски ваучер и стаж за спортистите
Во Општина Кисела Вода, Никола Димитров, носителот на кандидатската листа за пратеници во ИЕ1 на коалицијата „Можеме“, заедно со кандидатите за пратеници Дарко Каевски и Горан Мисовски како и градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски се сретнаа со спортски работници од Кисела Вода.
„Нема поголем амбасадор од спортот. Спортска нација е и здрава нација. Оттука, инвестиции во спортот се истовремено и инвестиции во здравјето“, рече Димитров на почетокот на средбата.
Вложувањата во спортот, додаде тој, продолжуваат и понатаму.
„Спортскиот ваучер, како дополнителен извор за финансирање на спортот кој значително го подигнува нивото за развој на квалитет и ја зголемува финансиската моќ на спортските клубови во моментов изнесува 10 милиони евра, кои веќе се распределени кон спортските федерации, спортските клубови и индивидуалните спортисти, преку системот спортски ваучер за 2020 година. До крајот на 2024 година овој фонд ќе се зголеми и истиот ќе изнесува 16 милиони евра. На овој начин клубовите и федерациите можат да обезбедат сигурен партнер во финансирањето на нивните програми“, рече Димитров.
Каевски кажа дека во програмата на коалицијата „Можеме“ се предвидува и признавање на стажот на спортските работници, со што, како што рече, тие ќе бидат обезбедени и по завршување на нивната спортска кариера.
На средбата се зборуваше за капиталните инвестиции во спортската инфраструктура кои што се реализирани во последните три години, меѓу кои реконструкции на повеќе од 20 спортски објекти низ земјава, изградба на 14 затворени пливачки базени од кои 6 веќе се градат како и изградба на 10 кошаркарски игралишта во 10 општини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Скопје – Штип
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е нормализиран, информира АМСМ.
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип утрово беше во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без струја делови од Центар и Аеродром
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски (општина Аеродром)“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Сообраќајот на патот Скопје – Штип е во целосен прекин поради запалено товарно возило
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

