Црна хроника
Душко Илиевски ослободен од обвиниението
Во вторникот Душко Илиевски во Битола познат како Дуле млекарот кој во 2010-та беше товарен за недозволено одгледување марихуана во совствената нива, изјави дека бил ослободен од обвиението, јавува ТВ Тера.
„Двапати добив ослободителна пресуда, значи МВР нема никакви докази приложено на суд за да бидам обвинет. Нема никакви докази. Сево ова беше само заради Сведмилк“, рече Душко Илиевски
Додаде дека со анализи се потврдувало дали се работи за марихуана или не.
„Станува збор за див коноп кој расте во Драгорот и во околните ниви. Во последното вешатчење беа истражен судија и јавен обвинител на лице место и видоа дека е ова див коноп“, рече Илиевски
Притоа Илиевски, се задржи и на млечната криза и случајот Сведмилк. Тој вели дела немало млеко во Пелагонија и сточниот фонд бил уништен во 85 отсто. И самиот старт на Сведмилк, според Душко, бил нереален зашто литар мелко наместо 25 денари за литар реална цена, Сведмилк го исплаќала 31 денар.Од таму Илиевски имал побарувања од 30 илјади евра.
Илиевски најави дека ќе бара отштета поради притворот од 12 дена.
Во 2010 година Душко Илиевскио, неговиот брат и татко беа осомничени дека во нивната нива надвор од Битола одгледувале марихуана, и минаа десетина дена во битолскиот истражен затвор.Цело време додека траеше процесот Душко тврдеше дедека е невин./крајтвт/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Прегазена 56-годишна скопјанка: ја удрило „порше“
Вчера околу 20:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Лука Геров“ со ул.„Андон Кецкаров“ во Скопје, патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ќ.К.(52) од Скопје, удрило во 56-годишната Ц.Ц. од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.Ц., констатирани во приватна болница во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Измамил граѓанин за над 370. 000 денари: кумановец се претставил како вработен во туристичка агенција
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.Б.(33) од Куманово.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „измама“.
Пријавениот, се претставил како вработен во туристичка агенција во Куманово и со намера да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда едно лице за резервација за летување за две семејства во Р.Турција, во износ од 373. 890 денари.
Црна хроника
Претрес во Кичево, пронајдена дрога, уапсено едно лице
Вчера во 13:50 часот во Кичево, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево го лишија од слобода У.З.(45) од Кичево.
При претрес во неговиот дом и неговото возило „хјундаи“, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се марихуана, бела прашкаста материја и предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

