Македонија
Николовски: Во следниот мандат владата на СДСМ ќе ја зголеми просечната плата на 34.000 денари

Го слушам мојот противник овде во третата изборна единица, најавува дека рудници ќе отворале на Истокот. Буквално не знаат што зборуваат. Владата не отвора рудници, туку дава концесии. Ние, заедно со вас граѓаните се боревме да ги спречиме ваквите штетни политики на ВМРО-ДПМНЕ и ќе го заштитиме Осоговието, ќе го заштитиме Истокот, вакви рудници на смртта нема да има, ќе има здрава и одржлива животна средина, порача Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ и носител во третата изборна единица на синоќешната трибина со граѓаните од Свети Николе.
Тој рече дека СДСМ се обврзува дека минималната плата од сегашните 14.500 ќе порасне на 20.000, а просечната плата ќе порасне на 34.000 денари.
„Ќе растат платите во сите сектори, во здравството, во армијата, во образованието. Кон пензионерите имаме голема почит, ќе растат и пензиите. Во следниот мандат 21 процент ќе биде зголемувањето на најниските пензии. Домаќински работиме и затоа има пари за сè. Затоа ги решивме и стечајците, затоа ги зголемивме грантовите за младите земјоделци од 10 на 20 илјади евра“, рече Николовски и додаде дека со правилно работење земјата успеала да стане лидер во искористеност на ИПАРД-фондовите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата изнесува околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претпладне сончево, попладне наместа нестабилно со локален дожд и грмежи

Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Времето во наредните денови
Од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање.
Македонија
Карпош, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 08:00 до 16:00 часот, дел од корисниците во Стопански Двор. (Општина Ѓорче Петров);
· Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.24 с.Сопиште КАЈ ИЦЕ МАК (Општина Сопиште);
· Oд 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Ванчо Мицков,во Долно Нерези (Општина Карпош) ;
· Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Женевска (Општина Карпош).