Македонија
Стојаноска од Брвеница: На 15-ти јули ќе се казни двапати аболицираниот политичар кој го пцуе својот народ
Носителот на изборна единица 6, Дафина Стојаноска заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја посетија општината Брвеница, при што остварија средба и со мештаните. Стојаноска посочи дека на овие избори ќе се одлучи кој и како ќе ни се води државата. Таа кажа дека е време Заев да си оди од власта и дека е време за обнова на Македонија.
„За мене е огромна чест и одговорност да бидам носител на листа во која што се запишани луѓе кои си ја сакаат и чуваат Македонија. Луѓе кои се подготвени да се борат за правда и нејзин напредок, за честа и достоинството на сите нас, за заедничка корист за сите, а за ничија штета“, истакна Стојаноска.
Таа додаде дека изминативе три години македонскиот народ бил многу оштетен, ограбен, понижен, осиромашен, излаган и навредуван
„Заев си го исклучи воздухот кој што си го дишеше, ги искина жиците на клавирот и гитарата, а заборави на она што некогаш го вети. Ги предаде своите таткови и чичковци, и се прашувам што сега му објаснува на својот сопствен син за Македонија од која направи црна дупка“, посочи Стојаноска.
Таа рече дека ова доволно зборува за Зоран Заев и затоа на 15-ти јули од македонскиот народ ќе заврши како политички Пинокио.
„СДСМ во политичката понуда нема ништо ново, ги злоупотребија и ваучерите од Ковид пакетите, на граѓаните делат по 3-4.000 денар, а власта меѓу себе дели милиони. Јас верувам дека мојот народ на овие избори ќе го направи вистинскиот избор. Дека ќе им сврти грб на лажливите политичари кои правдата ја испорачуваат во торби полни со пари, кои викаа на цел глас низ Македонија дека нема правда и нема мир, а цела Македонија ја направија една огромна неправда за само три години. Наместо правдата на дело, Заев ги извади криминалците од затвор и истовремено ни ги креираше политиките на „Рекет 1“, „Рекет 2“, аферите „Кеш“, „Дрон“, „Леонардо“, „Боро Малборо“, „Марихуана“ итн.“, нагласи Стојаноска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина:
· од 06:00 – 10:00 часот, корисниците од ул. Пајак и ул. Наум Наумовски Борче. (Општина Центар)
· од 08:00 – 12:00 часот, дел од корисниците од ул.Пејо Јаворов (општина Кисела Вода)
· од 09:00-11:00 часот корисниците од улиците со бр. 406 и бр, 408 во с. Марино. (Општина Илинден)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улица со бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улиците Индира Ганди, Брсјачка Буна, Овчеполска, Пелагонија, Демирхисарска, Сландол, Хаџи Јован Шишков,Злетовска, Тиквешка и ул.Нов Живот. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Претежно облачно, попладне и кон крајот на денот повремен дожд
Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно, попладне и кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер што ќе услови до недела релативно високи температури. Од недела попладне ќе започне да дува северен ветер и температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
Магла на неколку патни правци, слаб снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од снег на Попова Шапка без задржување на коловоз. Намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 100 метри, Стража до 80 метри и кај Крушево до 30 метри, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

