Топ
Над 100 килограми марихуана пронајдени во чамец во Охридското Езеро
Во чамец на брегот на Охридското Езеро,во близина на месноста викана Рампа кај Струга полицијата пронашла седум торбици со марихуана со тежина од над 100 килограми.
Како што информираат од МВР, од страна на увидна екипа бил извршен увид на локацијата, а по собирање на доказниот материјал во координација и по насоки на струшкото обвинителство ќе биде поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.
Акцијата ја воделе полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, странци и реадмисија, во координација со струшкото Основно јавно обвинителство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Еден починат и еден тешко повреден во несреќа во лифт во Штип
Едно лице почина, а друго се бори за живот во Клиничката болница- Штип од повреди добиени во несреќа, што според првичните информации се случила во лифт во угостителски објект во Штип.
Повеќе детали околу несреќата засега нема, но од СВР Штип велат дека во тек е увид од страна на полицијата, јавен обвинител од ОЈО Штип, а на терен се и државни инспектори.
Според првичните информации починатото лице и неговиот колега извршувале работна задача во моментот на несреќата.
Топ
Бебе почина во болница во Охрид
Вчера во СВР Охрид, пријавено е дека во 8.10 часот во Општа болница во Охрид починало деветмесечно бебе.
Бебето претходно во Службата за итна медицинска помош било донесено во неконтактибилна состојба. Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвиниел телото е дадено на обдукција, информираат од СВР Охрид.
Пред неколку дена, на 14 мај 2024 година, почина седуммесечно бебе од Вевчани во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ по извршен хируршки зафат.
Бебето било донесено во болница од неговата мајка. Според пријавеното, било примено во болницата со хематом на главата и по констатирано мозочно крварење веднаш била извршена операција.
Според изјавата мајка, повредите бебето ги добило откако паднало од импровизиран кревет во семејниот дом во Вевчани.
Македонија
Вработена во МВР наплатувала по 15.000 евра за лажно посредување за социјален стан
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишна вработена како аналитичар во СВР Скопје која е осомничена за продолжено кривично дело измама според член 247 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Од април 2023, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, осомничената довела во заблуда три лица, на кои лажно им се претставила како началник во полициска станица Гази Баба и член на Комисија за доделување социјални станови.
На трите оштетени невработени лица им ветувала дека ќе им посредува да добијат социјални станови во Лисиче по цена пониска од реалната, наведувајќи ги да и исплатат по 12.000 евра за стан и 3.000 евра за посредување и изготвување документација.
Парите и ги давале во повеќе наврати, а при последната исплата на 12.500 евра, во близина на полициската станица, била затекната веднаш по предавањето на парите.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки на претпазливост – забрана за напуштање живеалиште, обврска повремено да се јавува кај службено лице во судот и одземање на патната исправа.