Македонија
(Видео) Ѓоргиевски: Кузмановска ги нема прикажано во анкетен лист приходите на нејзиниот сопруг од Енерџи винд
„Наместо живот за граѓаните, Зоран Заев во овие три години си донесе пари и луксуз за себе и најблиските соработници, а на граѓаните им донесе беда. Цветанка Иванова не единствената пратеничка на Заев кон која бил дарежлив со доделување привилегии и тендери на семејните фирми. Семејната фирма за производство на електрична енергија на пратеничката Катерина Кузмановска исто така милионски се офајдила од Заев. Во октомври 2017, 4 месеци по доаѓањето на власт на Заев, Митко Кузмановски, сопругот на Катерина Кузмановска влегува како сопственик на фирмата Енерџи Винд од Струмица, фирма основана од неколку бугарски фирми на нивната домашна адреса, кои по влезот на Кузмановски излегуваат од сопственичката структура на Енерџи винд“, изјави Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, по преземање на фирмата од Митко Кузмановски истата почнува да работи со “полна пареа”. Во 2017 година Енерџи винд остварува вкупен приход од 367.693.367 ден или над 6 милиони евра. Тоа е за 8 пати повеќе од приходите на фирмата пред да биде во сопственост на Кузмановски. Остварената добивка за таа година изнесува 3.701.694 денари.
„Во 2018 година, кога Кузмановска треба да гласа промена на името, семејната фирма уште повеќе се засилува и остварува уште поголем вкупен приход од 760.642.559 ден или над 12 милиони евра.
Во овие 2 години (2017 и 2018 год) кога СДСМ е централна власт, сопругот на пратеничката Катерина Кузмановска остварува огромни приходи. Овие приходи таа ги нема пријавено во анкетниот лист за имотната состојба за избраните и именуваните функционери.
На 19.10.2018 година само навидум настанува промена на седиштето и сопственичката структура на Енерџи винд. Митко Кузмановски излегува од сопствеништвото, а како сопственик во фирмата влегува БГМК Инженеринг од Струмица чиј управител е Христо Јануцев. Тоа што боде очи е дека БГМК Инженеринг е основана со седиште на домашната адреса на Катерина и Митко Кузмановски. Освен тоа, еден од основачите на БГМК е и самиот Митко Кузмановски со уште една фирма Земјоделие север ДОО од Плевен, Бугарија.На 29.10.2018 година од сопственик во БГМК излегува Митко Кузмановски. На 05.11.2018 година фирмата Енерџи винд ја превзема фирмата БГМК која е загубар и во 2018 година, оставрува приход од 12 ден и пријавува загуба од 22.418 ден. Ова е уште еден пример како Заев ја ограбува државата и им носи „живот“ на неговите најблиски соработници“, изјави тој.
Ѓоргиевски прашува дали излегувањето на Митко Кузмановски е само фрлање прав во очи за да се прикрие сопствеништвото во случај кога и новата фирма е адресирана на домашната адреса на пратеничката на Заев?
„Дали огромното зголемување на вкупниот приход на Енерџи винд во 2017 и 2018 година, се должи на политичкиот ангажман на пратеничката Катерина Кузмановска и доаѓањето на СДСМ на власт?
Зошто основачкиот влог при преземање на фирмите и остварените приходи на Митко Кузмановски не се прикажани во анкетниот лист на за имотна состојба на Катерина Кузмановска пратеничка во собранието на Република Македонија? Како фирма загубар со остварени 12 ден. Приход во 2018 година, купува успешна фирма која за истиот период остварила вкупен приход од 12 милиони евра? Зоран Заев изминативе години докажа само дека може повеќе да краде, да рекетира и да се богати. Мора да ставиме крај на овој грабеж. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Хуманост на дело, за само шест часа собрани 3,1 милиони денари за лекувањето на малата Ана
Кампањата за лекување на осумгодишната Ана Јованчева официјално е затворена, откако за само шест часа беа собрани 3,1 милиони денари, објави доктор Ненад Лазаров.
Станува збор за една од најбрзите и најмасовни хуманитарни акции во последниот период, со што целосно се обезбедени средствата потребни за хируршката интервенција и лекувањето во странство. Со ова, како што посочи Лазаров, семејството на Ана е барем финансиски растоварено во најтешкиот период од нивниот живот.
Ана има дијагностициран редок и исклучително агресивен тумор на синусите – Tu Foss pterygopalatina Sinus sphenodalis lat dex et orbitae lat dex, со зафатена орбита. Дијагнозата е потврдена во Хрватска, каде што се бара специјализиран хирург за изведување на сложената и деликатна операција.
Болеста е сериозна и со висок ризик, а времето беше клучен фактор, поради што кампањата беше означена како најитна досега. Масовниот одѕив на граѓаните за неколку часа покажа силна солидарност и сплотеност кога е во прашање животот на дете.
„Секоја среќа ти посакуваме, Ана. Цела држава стана за тебе“, порача Лазаров, додавајќи дека поддршката за девојчето и нејзините родители ќе продолжи и во наредниот период.
Македонија
Љубов или вино: што навистина славиме на 14 февруари?
Секој 14 февруари, истата ситуација – некои го препознаваат само Свети Трифун, додека други го сметаат Свети Валентин, или Денот на вљубените, за поинтересен. За други, единственото нешто што е важно е да се забавуваат на тој ден.
Најмногу профитираат трговците и угостителите, на кои не им требаше многу за да ја спојат романтиката со добро вино и да најдат начин да заработат добри пари на тој празник. Сепак, повеќето луѓе всушност знаат малку за светците кои ја предизвикале целата расправија, како и за тоа како дошло до тоа Денот на вљубените и Фестивалот на виното да „паѓаат“ на ист ден.На тој 14 февруари, има двајца светци – едниот кој има многу долга традиција и е почитуван со векови, а другиот, понов кој, преку медиумите, стана глобален феномен надвор од христијанските земји.
Може ли Свети Трифун да се заљуби, а Свети Валентин да се опие?
Прво, зборуваме за два сосема различни светци кои ги почитуваат и православната и католичката црква. Свети Трифун, како светец-заштитник на лозарите и винарите, не може да биде замена за Свети Валентин, ниту обратно. Католичката црква го слави Свети Трифун, но на 10 ноември. Од друга страна, православната црква на Свети Валентин се сеќава на 12 август. Сепак, никој тогаш дури и не помислува на Денот на вљубените, бидејќи Денот на вљубените на 14 февруари стана глобален феномен.Свети Трифун живеел во 3 век од н.е. во Мала Азија. Легендата вели дека имал чудотворен дар за лекување и дека успеал да ја излечи ќерката на римскиот император Гордиј „од зол дух“. Тој ги делел богатите кралски подароци на сиромашните и живеел како скромен чувар на гуски до крајот на својот живот. За време на големиот прогон, тој одбил да се откаже од Христос, поради што бил убиен во 250 година од н.е. на овој ден. Свети Валентин живеел некаде околу тоа време. Тој го посветил својот живот на тајно женење на војници, на кои им било забрането да основаат семејство, со нивните избрани жени. Поради оваа помош на заљубените парови, Валентин бил обезглавен во 269 година.
И што да се слави денес?
Благодарение на Холивуд и добриот маркетинг, Денот на вљубените стана глобален феномен, а подарувањето бомбони, срца и други посебни подароци на саканата личност на крајот се прошири и во Србија. Сепак, има и такви кои сè уште го „препознаваат“ само Свети Трифун како празник. На која било група да припаѓате, имаме совет за вас – Прегрнете некого што го сакате… Отворете шише добро вино… И уживајте во животот.
Македонија
Изменет сообраќаен режим поради Задушница
Поради верскиот празник Задушница денеска од 6:00 часот ќе биде воведен посебен режим на сообраќај во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Од Единицата за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје информираат дека сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока, односно кружно. Сите возила ќе се упатуваат по улица „Бутелска”, лево по улица „Александар Урдаревски”, лево по улица „Боца Иванова” и десно до влезот на гробиштата Бутел. За излез, возилата ќе се движат десно по улица „Боца Иванова”, до кружниот тек на улица „Бутелска”, па лево по улица „Бутелска” и десно по улица „Кемал Сејфула”.
Посебен режим на сообраќај ќе биде воведен и во близина на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.

