Спорт
Нани ги покажа совршените „стомачни“ (фото)

Португалскиот фудбалер, Луис Нани кој е актуелен фудбалер на Орландо Сити во МЛС на 33 години изгледа потполно импресивно.
Ако една фотографија покажува повеќе од 1.000 зборови, тогаш фотографијата која Нани ја објави на Инстаграм говори доволно:
Многумина од колегите – фудбалери може да му позавидат затоа што во текот на паузата поради пандемијата на коронавирусот успеал строго да ја контролира храната што ја внесува.
Не треба да се заборави дека Португалецот секогаш водел сметка за својата физичка подготвеност, и кога настапуваше за Спортинг Лисабон и кога беше дел од една силна генерација на Манчестер Јунајтед.
Орландо и Нани се враќаат во акција на 9 јули кога МЛС лигата продолжува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Нотингем избегна пораз во Лондон, остана во трката за место во ЛШ

Фудбалерите на Кристал Палас и Нотингем Форест одиграа нерешено 1:1 во последниот натпревар од 35. коло од Премиер лигата.
Натпреварот заврши без победник, а конечниот резултат беше 1:1.
Кристал Палас поведе во 60. минута кога Езе постигна гол, а Форест израмни само четири минути подоцна преку Муриљо.
Форест со овој бод останаа во трката за пласман во Лигата на шампионите, на пестото место имаат 61 бод, два помалку од Њукасл и Челси и три од Манчестер сити.
Кристал Палас се 12. на табелата со 45 бода.
Спорт
(Видео) Милан со пресврт победи во Џенова

Фудбалерите на Милан со „блиц криг“ славеа победа (2:1) на „Луиџи Ферарис“ во Џенова, во последниот натпревар од 35.коло во Серија А.
„Росонерите“ губеа до 76. минута, кога на сцена стапи Рафаел Леао, брилијантно реагираше по додавањето на Сантијаго Хименез, упати прецизен удар и го совлада голманот на Џенова.
Само минута подоцна, Милан поведе со автогол, а трагичниот беше Мортен Френдруп, кој реагираше несмасно во шеснаесетникот и ја испрати топката во сопствената мрежа.
Џенова поведе по еден час игра кога Витиња, по центаршутот на Арон Мартин, ја смести топката во долниот лев агол од голот на Мајк Мењон.
По овој триумф, Милан е на деветтото место со 57 бода, што е шест помалку од четвртото место кое носи пласман во Лигата на шампионите, каде што моментално е Јувентус.
Џенова е на 13.место со 39 бода, и го решија најважното прашање за опстанокот во Серија А.
Во следната рунда, Милан ќе има тешка задача против Болоња, додека Џенова ќе гостува кај Наполи.
Спорт
Синтонг Жао е првиот Кинез светски шампион во снукер

Спектакл во „Крусибл“, снукер играчот од Кина, Синтонг Жао стана светски шампион. Во финалето, во Шефилд, го победи славниот Марк Вилијамс со 18:12.
Тој стана првиот Кинез во историјата на снукерот што ја освои титулата светски шампион.
Жао брзо изгради водство од шест фрејма и го заврши натпреварот без поголеми проблеми, а Вилијамс не можеше да ги надомести грешките од првите два дена.
Во првата сесија, Кинезот беше беспрекорен и поведе со 7:1, Вилијамс потоа намали на 9:5, и тоа е најблиску до што успеа да се доближи.
Вилијамс ги елиминираше Џон Хигинс и Џад Трамп на патот до финалето…
Жао доби 20-месечна суспензија пред две години поради скандал со наместени натпревари, иако немаше докази дека е виновен.
Тој мораше да ги помине квалификациите како аматер бидејќи му беше дозволено повторно да се натпреварува дури во јануари оваа година, па затоа беше избришан од светската листа.
Тој стана првиот во историјата што стигна до финалето преку квалификациите, а со тоа и првиот во историјата што го освои светското првенство како квалификант.
Жао е 22 години помлад од Вилијамс, која се бореше за четвртата титула, а Велшанецот стана најстариот финалист на Светското првенство, но не и најстариот светски шампион.