Свет
Келнер на „Старбакс“ одби да послужи гостинка која не носела маска и доби награда од 100.000 долари

Келнерот Ленин Гутјерез, вработен во „Старбакс“ во Сан Диего-Калифорнија, кој одбил да послужи гостинка, бидејќи не носела заштитна маска на лицето, по објавата на видеоснимка од настанот на „Фејсбук“, добил награда од речиси 100.000 долари.
Гутјерез (24) бил на смена кога во локалот влегла Амбер Лин Џилис, без маска и нарачала кафе, пренесе Ен-би-си.
Момчето културно ја прашало дали има маска за лице и пред да успее да и` го покаже документот од кафулето со правила за задолжително носење маска, гостинката вербално го нападнала, а потоа и снимила видео и го објавила на „Фејсбук“.
Но, дошло до пресврт што таа не го очекувала. Како што пренесува американската телевиизја, корисниците на „Фејсбук“ ја нападнале поради непочитување на мерката за безбедност и загрозување на здравјето на вработените во „Старбакс“, а наскоро е покрената и кампања за собирање пари под името „ГоФундми страница за келнерот Ленин Гутјерез“, на која е поставено видеото, а корисниците се замолени да донираат пари за младиот келнер.
До денеска се собрани речиси 100.000 долари, со напомена дека сите пари одат за Гутјерез, кој сега може да размислува за остварување на животниот сон за професионална танчерска кариера и отворање школа за танцување.
Незадоволната Џилис видеото го поставила на „Фејсбук“ на 22 јуни. Новинари на Ен-би-си, во разговор со неа дознале дека многу корисници на социјалните мрежи, во меѓувреме и` се заканувале со смрт. Таа изразила сомневање во маските за заштита од вирусот, нарекувајќи ги маските „глупави како и луѓето кои ги носат“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Велика Британија испраќа „Tајфуни“ во Полска

Велика Британија ќе распореди ловци „Еурофајтер Тајфун“ за патролирање на полскиот воздушен простор, откако Варшава ја обвини Русија за масовни кршења на границите со беспилотни летала, објави во понеделникot британскиот премиер Кир Стармер.
Во наредните денови, овие авиони ќе им се придружат на француските „Рафали“, германските „Еурофајтер“ и данските Ф-16, како дел од операцијата на НАТО „Источен стражар“, објави британската влада. Патролите ќе полетаат од базата Конингсби во источниот дел на Англија, поддржани од танкерот „Војаџер“ за полнење гориво во воздух, а нивната задача е да ги следат наводните закани од воздухопловството од Русија, вклучително и беспилотните летала.
„Овие авиони не се само демонстрација на сила, туку и клучен фактор во одвраќањето на агресијата, обезбедувањето на воздушниот простор на НАТО и заштитата на националната безбедност, како и безбедноста на сојузниците“, рече Стармер, обвинувајќи ја Русија за неодговорно однесување на источното крило на Алијансата.
Чешката Република веќе испрати три хеликоптери во Полска, додека Шпанија, Италија и Шведска ветија дополнителна поддршка. Полската војска тврди дека најмалку 19 руски беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор на 9 септември, но Москва го негира ова. Според Ројтерс, полски воен извор вели дека беспилотните летала се користат за совладување на украинската воздушна одбрана.
Рускиот претставник во ОН, Василиј Небензја, минатата недела во Советот за безбедност ги оцени овие обвинувања како неосновани.
Во вторник, Русија и Белорусија ќе ја завршат заедничката воена вежба „Запад 2025“, во која учествуваат околу 13.000 војници. Москва и Минск ги отфрлаат западните тврдења дека ова е проба за инвазија, оценувајќи ги како хистерија.
Минатиот месец, Полска ги започна своите маневри „Железен бранител 25“, во кои учествуваат околу 30.000 војници, вклучувајќи ги и силите на другите членки на НАТО.
Фото: принтскрин
Свет
Рубио: Трамп е единствениот лидер кој може да разговара со Русија, Украина и Европа

Американскиот претседател Доналд Трамп би можел да се сретне со украинскиот лидер Володимир Зеленски следната недела во Њујорк, објави американскиот државен секретар Марко Рубио.
Според американските медиуми, Рубио нагласил дека Трамп е „единствениот лидер во светот“ кој има капацитет да разговара со Украина и Европа, како и со Русија. Тој додаде дека американскиот претседател ќе продолжи со своите напори за наоѓање решение за украинскиот конфликт.
Во исто време, дипломатските контакти меѓу Москва и Вашингтон продолжуваат на различни нивоа.
Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков претходно изјави дека двете страни ќе се обидат да организираат уште еден состанок до крајот на есента за да разговараат за отворените и спорни прашања во билатералните односи.
Фото: принтскрин
Свет
Израелскиот министер за одбрана: „Газа гори, нема да попуштиме додека мисијата не биде завршена“

Израелската војска ги засили нападите врз Газа во текот на ноќта, изјави министерот за одбрана Израел Кац, додавајќи дека целта на нападот била да се обезбеди ослободување на заложниците и пораз на палестинската милитантна група Хамас, пренесуваат светските медиуми.
Американскиот новински портал „Аксиос“ ги цитираше израелските претставници кои изјавија дека операцијата го означила почетокот на копнена офанзива во најголемиот град во Појасот Газа.
Израелските воени авиони извршија речиси континуирани напади врз Газа во текот на ноќта, придружени со артилериски оган, објави палестинската новинска агенција WAFA.
Палестинските медиуми објавија дека тенковите подоцна влегле во градот, каде што се верува дека се уште стотици илјади луѓе. Израелската војска не го потврди ова.
Американскиот државен секретар Марко Рубио предупреди дека Хамас има само неколку дена да се согласи на договор за прекин на огнот, бидејќи Израел започна особено тешки напади врз градот Газа.
„Израелците започнаа операции таму. Затоа веруваме дека имаме многу краток временски рок за да постигнеме договор со палестинската исламистичка група“, им рече тој на новинарите.
По посетата на Израел, по која следеше патување во Катар, Рубио рече дека веројатно му остануваат само „неколку дена, можеби неколку недели“.
Фото: принтскрин