Македонија
Нови 120 заболени и четворица починати oд Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 64, Куманово – 4, Дебар – 4, Штип – 2, Прилеп – 2, Тетово – 14, Струга – 5, Битола – 3, Охрид – 7, Гостивар – 2, Македонски Брод – 1, Свети Николе – 2, Кичево – 5, Ресен – 5.
Во ГОБ „8 Септември“ починати се 4 лица од Скопје на возраст од 51, 56, 58 и 67 години.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени пациенти од: Скопје – 17, Куманово – 92, Штип – 2, Прилеп – 1, Тетово – 4, Велес – 1, Кичево – 1, Ресен – 5.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.454, бројката на оздравени пациенти е 2.598, на починати е 306, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3550. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 3134, активни 2049
• Куманово 760, активни 211
• Дебар 96, активни 44
• Штип 347, активни 160
• Прилеп 263, активни 37
• Тетово 714, активни 394
• Струга 225, активни 140
• Велес 186, активни 40
• Битола 54, активни 20
• Охрид 174, активни 150
• Кавадарци 18, активни 12
• Гостивар 122, активни 66
• Гевгелија 10, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 15, активни 10
• Крива Паланка 15, активни 9
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 6, активни 3
• Кочани 69, активни 22
• Пробиштип 19, активни 11
• Демир Хисар 2, активни 1
• Македонски Брод 5, активни 3
• Пехчево 6, активни 3
• Берово 2, активни 0
• Валандово 6, активни 2
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 4, активни 1
• Свети Николе 30, активни 26
• Кичево 35, активни 29
• Ресен 108, активни 94
• Неготино 21, активни 10 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 954 теста се преку: ИЈЗ –232, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –109, Биотек –130, МАНУ -110, Жан Митрев (Филип Втори) -203, Судска медицина-17, Систина со PCR-метода -109, ЦЈЗ Битола-43, лаборатории од странство-1.
Досега во земјата се направени вкупно 61.727 тестирања на Ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 91 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 24 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, две деца позитивни и пет со симптоми на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8 нови, вкупно хоспитализирани се 131 пациенти. На респираторна машина се 10 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 38, а во болницата во Штип се хоспитализирани 35 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 85 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 454
• Аеродром – 166
• Бутел – 173
• Гази Баба – 185
• Центар – 152
• Карпош – 170
• Сарај – 163
• Кисела Вода – 119
• Ѓорче Петров – 118
• Студеничани – 111
• Шуто Оризари – 87
• Арачиново – 52
• Илинден – 33
• Петровец – 19
• Чучер Сандево – 21
• Сопиште – 13
• Зелениково-4
• Странец – 2
• Нераспределен- 7
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Предложен притвор за таткото што тепаше играчи на фудбалскиот натпревар во Штип

Основното јавно обвинителство Штип денеска поведе итна постапка против едно лице за кривично дело – Насилство.
Осомничениот извршил грубо насилство на 24 август на стадионот „Бело Брдо“ во Штип, за време на фудбалски натпревар меѓу младинските екипи на фудбалските клубови „Брегалница“ и „Шкупи“.
Со дејствијата тој ја загрозил сигурноста на две деца родени 2010 година, играчи за тимот на „Беласица“, нанесувајќи им телесни повреди. Освен тоа, кај оштетените, останатата присутна публика и во јавноста предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.
Настанот се случил во 89-тата минута од натпреварот, која судијата поради прекршок (фаул) доделил втор жолт картон со што го исклучил од игра синот на осомничениот, кој играл за „Шкупи“.
Незадоволен од одлуката, најпрво синот се однесувал неспортски и со тупаници и со удар со нога се обидел да се пресмета со еден од фудбалерите на „Брегалница“. Тогаш на теренот влегол таткото и со тупаници и клоци започнал да ги удира двете деца, нанесувајќи им телесни повреди – повеќе набиеници и скршеница на нос без дислокација. На игралиштето влегле и други лица од публиката, кои спречиле натамошна ескалација на настанот.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Штип поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот, имајќи го предвид видот и сериозноста на кривичното дело против јавниот ред, опасноста од бегство на осомничениот и можноста за повторување на делото.
Македонија
Седум пожари денеска во Македонија, три изгаснати

На територијата на Македонија имаше вкупно седум пожари на отворен простор, од кои два се активни, два се под контрола и изгаснати се три пожари, информира Центарот за управување со кризи.
Активни се еден пожар во Општина Долнени, во село Долгаец каде гори мешана шума и еден пожар на влезот на Крушево каде гори депонија.
Под контрола е пожарот во Јасен, и еден пожар на планината Кожуф каде гори висока шума.
Изгаснати се пожари во Општина Штип: с. Судик (стрниште); Општина Дебар: с. Елевци (ниска вегетација) и во Општина Куманово: нас. Гоце Делчев (ниска вегетација).
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ почнува со кампања за собирање предлози од граѓаните

Од среда, 27 август, ВМРО-ДПМНЕ ќе почне седумдневна теренска кампања за собирање на идеи и предлози за проекти од граѓаните, кои ќе бидат опфатени во програмите на кандидатите за градоначалници.
Од 27 август до 3 септември во временски период од 17 до 21 часот, во сите општини низ државата, на плоштадите или прометните локации во истите ќе бидат поставени штандови дел од акцијата „Предложи! Вистинската идеја за вашата општина!“ каде граѓаните на посебен формулар за оваа акција ќе можат да напишаат своја идеја која сакаат да ја видат реализирана како проект од идните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ.
Во истиот временски интервал ќе бидат отворени и сите штабови низ државата каде членовите на партијата и граѓаните исто така ќе може да ја дадат својата идеја или предлог за проект.
Истовремено во истиот период граѓаните ќе можат да ги достават своите идеи и предлози за проекти по електронски пат, на адресата: [email protected]. Каде ќе бидат разгледани исто како и предлозите и идеите од штандовите и штабовите од тимот експерти кои ќе ги пишуваат програмите.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека очекуваат масовен одзив на граѓаните, се со цел што е можно подетални и содржајни програми со проекти кои извираат директно од нив и нивните потреби.