Спорт
Вардар во „супер-групата“ А со ПСЖ, Кјелце, Порто, Сегед и Флензбург!
Попладнево ЕХФ ја одреди ждрепката за следната сезона во ЕХФ Лигата на шампиони, и уште актуелниот европски шампион Вардар, доби група со стари познаници.
Обновените „црвено-црни“ беа во првиот шешир и се најдоа во групата А со Пари Сен-Жермен, Кјелце, Порто, Пик Сегед, Мешков Брест
Од следната сезона, европското елитно натпреварување ќе биде во сменет формат, со само 16 тимови поделени во две групи со осум. Првопласираните два тима влегуваат директно во четврт-финалето, додека од третото до шестото место ќе играат во осминафиналето.

ГРУПА А
Вардар
Пари Сен-Жермен
Кјелце
Порто
Пик Сегед
Мешков Брест
Елверум
Флензбург
ГРУПА Б
Барселона
Веспрем
Кил
Алборг
Нант
Мотор Запорожје
ППД Загреб
Целје
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Халанд го реши Борнмут
Манчестер сити во дербито го победи Борнмут со 3:1 и се искачи на второто место на табелата. „Граѓаните“ имаат шест бода помалку од Арсенал, зад нив со по 18 поени се Ливерпул и Борнмут.
„Граѓаните“ изгледаа одлично на теренот, играа онака како што сака Пеп Гвардиола и стигнаа до заслужена победа и второ место.
Халанд ја отвори серијата во 17-та минута, а осум минути подцна Донарума ги честеше гостите. По неговата грешка Адамес изедначи. Халанд со својот втор гол во 33-та минута им ја врати предноста на „граѓаните“.
Норвежанецот продолжи да ги тероризира противничките одбрани оваа сезона, веќе постигна 26 гола на 16 натпревари во сите натпреварувања, од кои 13 гола во Премиер лигата.
Точка на мечот, со деби голот за Сити, стави О’Рајли во 60-та минута.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Лече ја продолжи агонијата на Фиорентина
Фудбалерите на Фиорентина се во криза во каква што не биле, во поновата историја на клубот. По 10 кола, Фиорентина нема победа во Серија А, со само четири бода се наоѓа на претпоследноот место на табелата.
Попладнево на „Артемио Франки“, Фиорентина загуби од Лече (0:1). По овој пораз на време, прашање е само кога тренерот Сетфано Пиоли ќе добие отказ.
Стрелец на единствениот гол за гостите од југот беше Албанецот Медон Бериша во 23-та минута.
Фиорентина, ако е тоа утеха за сите во клубот, а тешко дека е така, не е единствената без победа оваа сезона: Пиза, Верона и Џенова се исто така во таа група.
Пиза одигра возбудливи 2:2 попладнево и покрај тоа што водеше со 2:0 со головите на Стефано Море (неговите први голови во Серија А).
Биковите, сепак, израмнија до полувремето преку Џовани Симеоне и Че Адамс.
Спорт
Синер го освои Париз и се врати на првото место
За прв пат во својата кариера, италијанскиот тенисер Јаник Синер славеше на Мастерсот во Париз.
Во големото финале, Синер беше подобар од Феликс Оже-Алијасим со 6:4, 7:6 (4).
Со овој триумф, Синер се врати на првото место на АТП листата и од понеделник ќе има предност од 250 поени пред Карлос Алкараз пред Финалниот Мастерс во Торино, кој започнува на 9 ноември.
Италијанецот го започна мечот фуриозно, со експресен брејк во првиот гем. Овој брејк одреди во кој правец ќе се движи сетот.
Имаше Синер шанси за брејк во петтиот и седмиот гем, од вториот сет, но Канаѓанецот успеа да се одбрани.
Синер не му дозволи ниту една шанса за брејк на 10-от тенисер во светот.
Во тај-брејкот, еден мини брејк беше доволен, Синер го направи во шестиот поен.
Јаник поведе против Феликс и во меѓусебните средби, по третиот последователен триумф сега е 3-2.
Foto/ EPA

