Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Срамно е со 150 заболени и 10-тина починати дневно приоритет на Заев и Филипче да биде снимање ПР-спотови

Во јуни имаше заболени колку сите месеци претходно. Заев и Филипче наместо да покажат грижа за здравството, тераат митинзи и снимаат спотови, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
„Македонија речиси цел месец бележи троцифрени бројки на заболени. Црниот биланс во последното деноноќие е 120 новозаразени и 4 починати лица. Само во јуни има заболени колку месеците претходно. Македонија е рекордер во регионот по заразени и починати лица на еден милион жители. Тоа сепак не го спречува Филипче да глуми во спотовите и митинзите на Заев.
Ова е на дело неспособноста и неодговорноста на власта на Заев и Филипче.
Да беше криминал, корупција или рекет власта на Заев би била организирана максимално, но не и кога треба да се заштити здравјето и животот на граѓаните.
Цела јавност виде како се организирани кога треба да договараат со контроверзниот бизнисмен Дака, за што самиот тврди дека исплатил 300 илјади евра. Гледаме како се пазарела правдата за 4, 6, 8 милиони евра, а патем има сведоштво дека сите изрекетирани пари завршувале кај Зоран и Вице Заеви. Цела јавност виде како директорот на Фондот за здравство, вториот човек во здравството во Македонија, ноншалантно става снопчиња пари во својата торба, додека во Македонија луѓе умираат од банални болести или недостиг на финансиски средства за операции.
Ова е бедата на владеењето на СДСМ и Заев, која граѓаните ја почувствуваа на својот грб.
СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на свивањето ‘рбет. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!“ се наведува во партиското соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
(Видео) Филипче од Аеродром: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во економски колапс

Со катастрофални економски политики, Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во целосен економски колапс, истакна Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, што се одржа во скопската општина Аеродром.
„Економските политики се катастрофални, просечната плата три месеци се намалува, за повеќе од половина се намалени странските инвестиции, паѓа индустриското производство, се намалува бројот на вработени“, рече Филипче.
Тој предупреди дека сериозно е влошена состојбата со ликвидноста на илјадници компании кои се доведени во криза и доцнат со исплата на плати.
„Околу 12.000 фирми доцнат со исплата на платите. Повеќе илјади фирми чекаат поврат на ДДВ, а во наше време тоа се исплаќаше во истиот ден и час кога требаше да се случи. Сериозно е нарушена ликвидноста на компаниите, стопанството, поради тоа што државата и општините не ги вршат навреме исплатите.“
Во обраќањето, Филипче нагласи дека власта ги изневери сите граѓани, вклучително и пензионерите.
„Денеска на виделина излезе уште една лага, а тоа е за пензионерите – само 1.000 денари зголемување. Над 97% од вкупниот број на пензионери кои сега земаат само 1.000 денари, требаше по нашата методологија да земат 2.000 денари“, рече Филипче.
На граѓанската трибина тој порача дека не постои ниту една област во која ВМРО-ДПМНЕ може да се пофали со резултати.
„Ваква ненародна Влада, мислам дека држава, нема една сфера во која што е добро. Нема еден проект, една работа за која може да се пофалат“, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Овој хаос, како што кажа Филипче е резултат на нефункционалната и незаинтересирана Влада на ВМРО ДПМНЕ.
„Тоа е само доказ за една незаинтересираност и некапацитетност на оваа Влада која нема намера да направи и да имплементира ниту една политика во интерес на граѓаните и државата.“ рече Претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Соопштенија
(Видео) Трајановски: Целосно ќе го запреме урбанистичкиот терор и бетонизацијата во Аеродром

Кандидатот за градоначалник на општина Аеродром, д-р Александар Трајановски, на денешната трибина ги презентираше своите планови за целосна трансформација на општината, од чиста и зелена средина, дигитализирано образование до воведување локален сервис за парамедицинска помош.
„Заслужуваме чиста и зелена општина во која достоинствено ќе живееме!“, порача Трајановски, најавувајќи реформа на комуналните служби со зголемување на плати, нова опрема и редовно миење улици. „Аеродром мора темелно да се исчисти. Нема човек кој не се согласува со ова.“
Трајановски потенцира дека „вечерва ставаме крај на едно крајно недомаќинско и неодговорно управување со Општина Аеродром“. Тој истакна дека ќе стави крај на „жолтите и неискосени тревници, ѓубрето на секој чекор и отровниот воздух што не труе и нас и нашите деца”. Појаснувајќи дека Аеродром не смее да стане уште една скопска депонија, тој повика граѓаните да се борат за својот дом. „Аеродром е нашиот дом, и повторно ќе биде наша скопска гордост“
Трајановски најави изградба на две нови градинки во Мичурин и Ново Лисиче и проширување на постојните, со цел да се реши проблемот со листите за чекање.
„Нема да дозволиме нови висококатници во најгусто населените делови. Целосно ќе го запреме урбанистичкиот терор и бетонизацијата“, порача Трајановски, додавајќи дека наместо тоа, општината ќе добие повеќе зеленило, игралишта и СМАРТ осветлување.
Во сообраќајот најави воведување „зона 30“ на сервисните улици, нови паркиралишта и катни гаражи. Во образованието најави дигитализација и укинување собирање средства од родителите за основни потреби.
Во здравството најголем новитет е воведување локален сервис за парамедицинска помош, што според него е потребно заради долгите чекања на брзата помош.
Посебен акцент стави на младите, формирање Фонд за млади и изградба на културен центар со кино, театар и изложбен простор.
Покрај тоа, најави изградба на нова општинска зграда за поефикасно да им се служи на граѓаните, како и подобрување на инфраструктурните врски со соседните општини.
„Мојот МЗТ, нашата аеродромска гордост, мора повторно да победува преку враќање на младинската школа и трајно решавање на проблемот со финансирањето “, рече Трајановски, повикувајќи ги граѓаните на 19 октомври да го заокружат бројот 5.
Соопштенија
Мицкоски: Димче и Левица обработуваат за новиот стопан Али, затоа имаат кандидати во Струга и Тетово, а не и во Велес и Штип

На денешниот народен митинг во Виница претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски посочи дека на отворена сцена се гледа една непринципиелна помеѓу Левица и ДУИ којашто е многу опасна.
Мицкоски посочи дека во минатото ги видовме активистите и членовите на оваа политичка партија Левица како дел од така наречената Шарена револуција кога уништуваа, фарбаа, палеа државен имот, кога уриваа држава.
„На отворена сцена гледаме како има една непринципиелна коалиција која мораме да ја изнесеме на чистина. Тоа е коалиција којашто ја направија ДУИ и политичката партија Левица, тоа е коалицијата која ја направија Али Ахмети и Димче Апасиев. Оваа коалиција е многу опасна. Зошто? Затоа што во минатото ги видовме активистите и членовите на оваа политичка партија Левица како дел од така наречената Шарена или обоена револуција кога уништуваа, бојадисуваа, палеа државен имот, кога уриваа држава. Ги видовме понатаму како добиваат скапо платени хонорари од СЈО, последно време сведоци сме како влечат партиски пари за личните удопства и луксузи коишто ги имаат“, рече Мицкоски.
Мицкоски се наврати и на кажувањата на Зоран Заев од минатото како на собраниската говорница му се обраќа на Димче Апасиев и му вели, пред едни избори, нели јас и ти се договоривме јас да ти обезбедам ресурси, јас да ти обезбедам средства за да добиеш некој глас повеќе, за да добиеш некое удопство повеќе, а потоа после изборите да бидеме заедно во коалиција и да ја спасувале, како што тој кажа, Македонија од ВМРО-ДПМНЕ и од Христијан, на што Апасиев ја наведна главата и си замина од собраниската сала.
„Денес ги гледаме истите овие од Левица со нов стопан. Но, овој стопан е од Зајас, се вика Али Ахмети, па ќе видите како низ Македонија во општини каде што, апсолутно, немаат ниту теоретски шанси да освојат градоначалник, тие кандидираат кандидати за градоначалници, како Тетово, како Гостивар и Струга“.
Мицкоски порача, „ако се чувствуваат толку силни и веруваат во себе, зошто не кандидираа кандидат за градоначалник во родниот град на Димче, во Велес или пак во родниот град на вториот по важност во Левица, Крмов во Штип“.
„Одговорот е многу едноставен. Тие се таму прокси улога на потребите на ДУИ и имаат за цел да ги акумулираат анти ДУИ, анти Али гласовите, со цел да му удоволат на нивниот нов стопан Али Ахмети и ДУИ“, посочи Мицкоски.
Затоа, повика Мицкоски, на 19 октомври македонските граѓани имаат историска можност да излезат масовно низ цела Македонија да го заокружат бројот 9 и да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за вистинскиот избор, за твојот човек, твоето место, за твојата иднина.