Македонија
Царовска: На 15 јули гласајте за СДСМ за да продолжиме да вложуваме во децата, кои се највредното богатство на државата
Носителката на листа на пратеници од ИЕ1, Мила Царовска, вчеравечер на маалска средба со граѓаните од општина Карпош истакна дека децата се највредно богатство на државата и најголемиот потенцијал за иднината на државата, затоа владата предводена од СДСМ изминатиот период вложуваше во искоренување на детската сиромаштија и со социјалната реформа економски ги јакнеше семејствата.
„Дозволете ни да продолжиме да вложуваме во децата. На 15 јули излезете и гласајте за иднината на нашите деца. Заедно можеме многу повеќе и многу подобро. СДСМ е партија што се грижи за децата од ранливите семејства кои беа заборавени во општеството. Тоа е погрешно. Затоа што тие имаат еднаков потенцијал да ја водат понатаму нашата држава, да вложат во нашата држава, ако ние доволно вложиме во нив. Затоа што не знаеме во секое дете каков талент се крие”, рече Царовска.
Царовска истакна дека е зголемен опфатот на деца коишто користат образовен и детски додаток, за да ги направиме подеднакви шансите за старт и успех на секое дете.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди
Променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, кога на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Од среда ветерот ќе го промени правецот во северен.

