Забава
Поранешниот шеф на Формула 1 стана татко по четврти пат

Милијадерот Берни Еклстоун стана татко по четврти пат, неколку месеци пред неговиот 90-ти роденден. 89-годишниот бизнис-магнат и сопругата Фабијана Флоси (44) го дочекаа нивното прво дете заедно, објавија таблоидите додавајќи дека бебето е машко и дека таа се породила релативно брзо, за 25 минути.
Берни ја потврди веста за Blick, и рече: „Имаме син по име Ас. Јас сум многу горд“.
Името асоцира на првак или прво машко, коментираат таблоидите. Поранешниот шеф на Формула 1 има три ќерки – Дебора (65), Тамара (35), и Петра (31) од претходните врски, а доаѓањето на неговиот прв син доаѓа само неколку месеци пред неговиот 90-ти роденден на 28 октомври.
Берни и Фабијана, кои се венчаа во 2012 година, моментално се во изолација во нивниот дом во Сао Паоло, Бразил, поради пандемијата на коронавирус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Дуа Липа блесна во проѕирен мрежест фустан, носеше и впечатлив накит

29-годишната Дуа Липа се погрижи да биде во центарот на вниманието на 50-тото доделување на наградите „Чаплин“ во Њујорк во понеделник вечерта. Таа се појави на црвениот тепих во црна проѕирна облека и преголема златна огрлица.
За пригодата, пејачката избра мрежест црн фустан со мрежест дезен и длабок изрез во предниот дел, кој се протегаше од деколтето до стомакот. Ова е модел од најновата колекција ready-to-wear на модната куќа Schiaparelli за сезоната есен/зима 2025/2026.
Таа дополнително ја нагласи својата фигура со високи црни потпетици, а целиот изглед го комплетираше со голема златна огрлица. Со оваа преголема огрлица, Дуа Липа го најави враќањето на трендот на впечатлив накит, кој беше многу популарен кон крајот на 2000-тите.
Ѓерданите со големи детали се вратија во мода во последните месеци, а изборот на Дуа Липа потврдува дека овој тренд се враќа. Модните писти оваа година сè повеќе потсетуваат на ерата од крајот на 2000-тите, кога слоевитите и монистрастите ѓердани беа неопходен дел од секој стил.
Забава
(Фото) Кејт Мидлтон има нова фризура, токму онаа која што жените ја обожаваат

Принцезата од Велс Кејт Мидлтон се појави на тридневна посета на шкотскиот остров Мал во поинакво руво и воодушеви со промената. Станува збор за нова фризура која совршено ѝ стои, а се забележува на прв поглед.
Кејт беше во посета на островот со својот сопруг, принцот Вилијам, и беше во одлично расположение.
Иако претходно беше бринета со темно кафеава коса, очигледно е дека одлучила да додаде посветли прамени на косата. Иако новата фризура не е агресивна – напротив, е многу суптилна, на дневна светлина е јасно дека Кејт сега малку се наклонува кон русокосите.
Многумина се прашуваа дали ова е во согласност со правилата на кралското семејство, а достапните информации велат дека боењето на косата не е официјално забрането, но дека изгледот треба да биде соодветен, бидејќи дури и најмалата промена може да се смета за отстапување од стандардот.
Забава
Четири хороскопски знаци ќе имаат најголема среќа во мај

Мај е месец кој носи многу нови почетоци и свежи можности на секој чекор. Додека потоплите денови носат оптимизам, ѕвездите подготвуваат и особено поволен период за некои хороскопски знаци.
Подолу, откриваме кои хороскопски знаци ќе имаат најголема среќа во текот на мај – во бизнисот, љубовта и личниот живот.
Бик
За Бикот, мај ќе биде вистински период на личен процут. На работа ќе им се отворат нови можности за напредување, додека во приватниот живот ќе доживеат хармонични односи и чувство на длабоко задоволство.
Финансиските добивки и посебното признание нема да недостасуваат, а многу Бикови ќе се чувствуваат постабилно и посигурно од кога било.
Близнаци
Влегувајќи во втората половина од месецот, Близнаците ќе почувствуваат наплив на енергија и инспирација. Нивната комуникација ќе биде исклучително силна, што ќе им помогне да склучат нови пријателства, деловни познанства и потенцијални љубовни врски.
Мај ќе им донесе и неколку среќни случајности – како што се изненадувачки понуди, неочекувани патувања или наоѓање решенија за стари проблеми. Чувството на леснотија и весел дух ќе бидат нивниот најголем сојузник.
Рак
Раковите ќе доживеат позитивни промени на емоционално ниво во мај. Нивната интуиција ќе биде особено изразена, овозможувајќи им да донесат правилни одлуки во вистинско време.
Во љубовта ги очекуваат моменти на топлина и разбирање, а семејните односи дополнително ќе се зајакнат. На финансиски план, можни се помали, но значајни победи, кои ќе им го разубават секојдневниот живот и ќе им дадат поттик за идните планови.
Вага
За Вагите, мај носи долгоочекувана рамнотежа помеѓу работата и личниот живот. Нивните напори во изминатите месеци конечно ќе бидат препознаени, а многу Ваги ќе уживаат во заслужени награди и признанија.
Љубовните врски ќе цветаат, а слободните би можеле да сретнат личност која ќе внесе свежина и возбуда во нивните животи. Што и да започне Вагата во мај, ќе има добра основа за долгорочен успех.